Снегот се засилуваше. Се возеше бавно и тогаш си помислував, ако вака бавно се вози ќе ни требаат уште неколку дена патување до Берлин.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Иако сите брецкања Рада ги премолчуваше, тие не престануваа. Напротив, од ден во ден се засилуваа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дождот сѐ повеќе се засилува, но Богдан не станува од клупата под борот, пробивајќи се низ короната му паѓаат јадри капки на главата и плеќите, му ги пробиваат алиштата и му ја влажнат кожата ширејќи му благи трпки по телото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Да се молчи, да не се засилува огнот со железо, да не се загризува неначнат леб, да не се оди по главни друмови, да не се гледа во ноќното небо, набаре непознати, како никогаш да не се виделе, како никогаш да не се допреле: сега сме два живи камена, некогаш само ветар меѓу нив ќе се провира и пишти...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Сето тоа предизвикало нови движења и незадоволства, биле создавани нови нелегални чети, се засилувале старите чети итн.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Нивниот број бил голем во источна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Арсо стана. Возбудата кај него се засилуваше. Но, што е тоа?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Моторот се засилува, а и огнот се засилува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
XXV. ... Беа едни сосема далечни и благи, едни речиси неосетни трепети од некаков тивок топол повеј; минуваа долго и лесно низ целата негова снага, а потоа сите му се насобираа на лицето и сега му застанаа тука и почнаа да се засилуваат и да го греат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Звуците од старото радио час се засилуваа, час се губеа во просторот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ние тогаш бевме доволно мали. Секако не разбиравме многу!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Се јавува едноличен звук кој се засилува.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Северецот се засилуваше и довлечкуваше сѐ повеќе студ.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)