се (зам.) - заокружи (гл.)

Понатаму тече еден вид растеж во стремежот на постоењето, а тоа е достигнување до петтата димензија, со која ќе се заокружи денешниот вид на постоење на материјата, како форма.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој процес имал започнато многу порано и веќе долго се одвивал, но не се заокружил до дваесеттиот век.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И ноќеска ќе стоиме потпрени на прозорецот, резимирајќи го поминатиот ден: Станавме се измивме јадевме ѓеврек штракавме по тастатура некој ни се јави правевме ручек прошетавме на сонце гледавме вести читавме остана уште камионот, за сѐ да се заокружи.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
За да се заокружи оваа слика, за да се дефинира, нешто е неопходно.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)