Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)