Се замислуваше во своето откриено време коешто ќе им го пренесе на другите за да се проверат многу легенди, митови, темни кажувања.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На тоа ме вика долгот, повелбата на немилосрдната судбина… (Се замислува) А, татко ми? А жена ми?
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Водејќи ја мазгата, се замислувам високо, на некоја точка од пепелавото небо, и ја гледам малата копачка дружина долу: двајца мрдаат во црвеникавата дупка, еден горе подава раце напред и ги враќа назад, маската како црн гуштер тегли споро донекаде, застанува и се враќа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бојан долго не заспа. Веќе ја доживуваше во мислите претстојната средба со своите родители, веќе се замислуваше повторно во родителскиот дом, во училиштето, меѓу другарите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се занесува нешто Воскресија Мукаетова, се замислува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
За чест кој ми прави душа си давам. (се замислува и после се чука по главата).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
БОЖО: Ако веќе се замислуваш како писател, научи да пишуваш.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ајде, сам. Сам, сам, сам. Хифи, хифи, хифи. Борис, Борис. (Не успева. Пауза.) Што се замислува и тој Буда.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А веројатно сум се замислувал и како крал.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сум се замислувал како голем јунак, џин кој ја убива седмоглавата ламја и ја спасува кутрата кралска ќерка... Сешто!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Тоа издржуваше сѐ што се замислуваше, сѐ што се претпоставуваше во егзилската душа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јас се замислувам за децата и почнуваат да ми се поткреваат јаболкцата на образите. Да ми светат очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)