Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Заборавил кутриот Панделиј како се кове сабја и како се замавнува на туѓа глава, научил да молзе кози и да го згуснува млекото во сирење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Или приближно да претпостави.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Воздивнувам, со полни гради посилно се замавнува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со нив, доколку се замавне мајсторски, тиквите полесно пукаат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)