се (зам.) - закрепи (гл.)

Нема за што да се фатиш, да се закрепиш. Мислиш сѐ е без потпора, без задршка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На дваесеттиот километар мораа да направат кратка починка, бидејќи луѓето беа прегладнети уште во затворот, та требаше да им се даде барем по парче леб колку-толку да се закрепат за да можат да го издржат долгиот пат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Митрејце, дај мори да се напиеме од ракијата, да се закрепиме малку.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Немаш раце да се закрепиш, да го ублажиш паѓањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)