- Земјата мириса, рекол некој Гидеон Кузмановски за себе. - Бара орачи а не колачи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По тажаленките, Мајка небаре се закопуваше во својата тишина, го допираше нејзиното вистинско дно, пренесувајќи ја во некои мистични предели на душата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
8 Чудовиштето - тоа, значи, било: по нив се влечел со упорност на гасеница мирис на изгорено месо, не мирис што се чувствува со влакненцата на ноздрите и не што се згруднува в грло, сладникав, мек и сепак подвижен залак, туку оној што се закопува во горчливиот мрак на срцето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се закопуваа без поп, зашто отец Серафим се плашеше да дојде.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Од свињите се забрануваше и сапун да се прави, се забрануваше и на кучињата да им се фрлаат, се закопуваа длабоко в земја или се спалуваа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој не може да го втаса. Бос, се закопува в кал до глуждови.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)