се (зам.) - закове (гл.)

Се исправи и во мигот кога почна да се крсти, сите опули, занемени и скаменети се заковаа во него.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заповедта прочитана пред собраните селани гласела: да се заковаат вратите и да се соѕидаат прозорците на сите четириесет и три воденици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Али-бег или некој друг ја продолжувал играта на злото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само погледот ѝ се закова во војводата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Прашањето потона во очите, се закова на усните и пак настана молк.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Аритон Јаковлески малку како да позастана, како да не разбра, некако неодредено погледот му залута по салата, а потоа се закова на оној ѕид каде што висеше домскиот часовник.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)