Татко го замислувал својот пријател како во првиот повоен пролетерски универзитет можел да предава за универзалноста на индивидуализмот кога тој овде се задушуваше на секој чекор од насилната колективизација на селаните до задушување на индивидуалната иницијатива на приватните занаетчии!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во грлото ми се вгнезди загушлива тиња со страотна реа. Почнав да го губам здивот, да се задушувам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Луѓето жестоко се туркаа и се задушуваа меѓу работ на тротоарот (каде што во стегнат шпалир чекореа војниците) и ѕидовите од куќите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Паркот, пак, ко секоја шума ноќе, се задушува од темница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нашите почнале да се задушуваат од чадот и тогаш решиле да излезат, ама не и да се предадат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не, туку страв во главата на Дипигус, вкрстени слики од предубедувања и стрипови, или едноставно рефлекс врежан со мастило како еден енграм- тетоваж?!) Дипигус се задушува и ја исплукува рибината глава, по што и Пајо Ентропија и Даркер и останатите девет лошотии на масата почнуваат да се кикотат и да ги плукаат несварените залаци.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Воздух немам веќе, се задушувам!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И ги полнат устите со месо, со ориз, со леб и губат здив, речиси се задушуваат, па мораат да џвакаат со отворени усти.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но ерупцијата продолжила уште посилно, и покрај лавата и пепелот, исфрлал и смртоносен јагленороден диоксид од кој започнале луѓето да се задушуваат и трујат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)