Модерните примитивци како да се обидуваат да докажат дека стварноста постои, дури и ако не е медиски посредувана.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако некому може да му попречи дословноста на постапките на театарската дружина на Атхеѕ (нема никакво фингирање, дури и клистирањето или употребата на вибратор со две глави се изведуваат автентично), не треба да се заборават поттиците и причините што Атхеѕ го наведуваат да создава таков вид уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А, како и секогаш на Балканот, сѐ беше неизвесно и во ова проклето време, во овој мачен половина век обележан со падот на две моќни империи, со две светски војни, пред да можат да се заборават балканските.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Организацијата за протестот се заборави, стана една мешаница.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Водата, изворите и речиштата горе под планината се заборавија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ширата и мамалигата, и печената пастрма и попатните земјоделски изложби, брзо се забораваат кога на влашката рамнина ќе се појават петролејските кули, чиниш безброј како една шума.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Загледан во книгата, Пискулиев полека се заборави, и престапувајќи од нога на нога, што му чинеше добро на колената здрвени од стоење, по некое време тој изби во првиот ред на групата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Тоа е сѐ, - му вели таа и ја стиснува силно неговата рака и уште повеќе се припива до неговото рамо, така што тој пак се заборава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сето тоа е само смислена игра за создавање конфузија на умот за да се заборави најбитното. Квалитетот на сопствениот живот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Само два месеца во прегратките на љубениот човек минаа како две празнични утра, како чуден сон, кој никогаш не се заборава.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само ако се заборави и писне посилно со трубата - тогаш тешко нему. Сите негодуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ти и твојот Бојан, Дуковци, шумарот и твоите селани ни подаривте едно такво лето што не се заборава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Невестата чека кафе. - Прости. Се заборавив.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не сакав да ѝ објаснувам дека на овој свет сѐ има врска со сѐ; се задоволив само (не треба да се заборави тука и фактот дека јас сепак, ѝ се додворував, и дека цената на тоа додворување беше и извесно интелектуално претерување, како и извесна желба да ѝ оставам впечаток на што понеклиширан и поучен човек) со тоа што ѝ кажав дека јас верувам во реинкарнација, и дека за мене границите меѓу културите и расите паѓаат во вода токму поради простиот факт на реинкарнацијата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Всушност, тоа беше атак на концептот според кој на црнечката историја би требало да ѝ се прости и да се заборави.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Секоја фаза да биде настан, приказна за себе, со ништо да не се брза, да не се претера, да не се заборави.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Притоа треба да не се заборава оти вестготските, остготските, хунските полчишта се состоеја не само од Остготи, Вестготи, Хуни, Словени, но дека во нив господствуваше едната народност, а имаше примеси и од другите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа и се заборави скоро, без туѓо пријатно потсетување за него.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И без неа, и со неа, тој не можеше да сфати дека љубовта, всушност, живее така, во ретките мигови на откровение што не треба да се забораваат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Високо над нив, под самите мешини на облаците, се лизгало нешто непознато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Несреќниците не побарале прошка од никого. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи, во земја на вечни сенки и на дивина, да се молат поснички и да гнијат. Им се заборавиле имињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Според преданието, преданијата се секогаш вистина на селанската мака, на спиење ги исекле болните и ги однеле на планина за да ги закопаат под еден крст, веднаш на тоа место да пробие света извор- вода чии капки лекувале очебол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се прикажувало и се заборавало, Лесново било предалеку и можел да се заборави и патот на Проказниковата дружина зашто записите на некој поп или калуѓер Доситеј, по раскажувањето на оној Лозан Перуника, завршиле со поаѓањето од Лесново на дваесетте двоколки, секоја натоварена со по два воденички камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколцина слушнале рапав шум и со грч во душите погледнале во видовитиот: чудовиштето можело да биде такво какво што тој им го опишал, покриено со крлушки и змучки од кои се цедат студени капки, расне, бабри во широчина, од крај свет виси над нив и им станува проклетство што не ќе се заборави ни под надгробна плоча.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Туку јас се расприкажав. Таму горе, заради подбивањата, јас повеќе молчам, а Вие се покажавте така љубезен да ме ислушате и... јас се заборавив.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Измолче, едвај; она меѓу нив мораше да остане такво требаше само време за да се заборави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ајде, Цезар... Кога животот на еден кловн ќе се заборави, неговата смрт, ако е необична, може долго да се памети.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Само пијаните војници, околу Илија, не можат да се одделат. Се заборавија луѓето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Туку, сега и тој не знае што да прави со Бугарите што се заборавија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По неколку дни, речиси скоро се заборавија законите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Треба да се заборави национализмот!
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Не можеше да се заборави неговата вечна лекција за комплексноста на идентитетот, посебно на балканскиот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Еден ден се боревме и почувствував дека се заборавил во жарот на борењето, ја зеде машата, а јас избегав зад еден плет, тој удри во плетот, дотрча мајка ми и му свика: Што стори бре, Тасе! а тој – Остави Ристено, ќе си го утепав детето, цел ден немам тутун и таков сум.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А ако е потребно да се преуреди сеќавањето, или да се преиначат пишаните документи, тогаш е неопходно и да се заборави дека тоа било направено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овојпат Винстон потскокна и се заборави. „Ти овде“! извика тој.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Другарот Огилви, кој никогаш не постоел во стварноста, сега постоеше во минатото и кога еднаш фактот за фалсификатот ќе се заборави, тој ќе постои исто толку автентично и врз основа на исти докази како и Шарлемањ, или Јулие Цезар.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Свесно да се кажуваат лаги и истовремено искрено да се верува во нив, да се заборава секој факт што станал непожелен, а потоа, кога ќе биде повторно потребен да се извлече од заборавот за онолку време за колку што е потребно, да се одрекува постоењето на објективната стварност и за сето време да се води сметка за стварноста што се одрекува - сето тоа е неопходно потребно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се виткаше орото ечеа свирките. Се заборавија маките, си тргна животот по својот тек.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
— Е, добарден, де, или доброутро. Јас се заплаши да не ме закрпе кучката, та се заборави и доброутро да реча.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сум се смеел ли некогаш? Секако. Сѐ не смее да се заборави.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога ќе се замислел Силјан штркот понекогаш вака тики ќе се заборавел кај што стоел.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Боцкате со револт на малите
и неистребливите
полни мравја киселина
зелен јад, јад-бог
за да ги бележите јасно
патиштата кои треба да се заборават.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ја подзаврте и рече: Само злото никогаш не се заборава!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Гробовите се нашето вечно живеалиште“, велеше попот: „тоа е нашето село најголемо; колку пет села во него има; сите оние што од памтивека живееле во селово - тука лежат; и ние тука ќе лежиме; гробовите, браќа мои, се вистински споменици, историја: кажуваат кој бил, кој се родил и кој живеел и умрел; која и каква фамилија била и како живеела: богато или сиромашки; која двоела од устата да направи надгробна плоча, да остави белег, знак, зад себе; тие што не мислеле на тоа, оставиле само керамитка, искршено фенерче или стар цреп да ја заштити свеќата од ветер; некои гробови воопшто не се знаат каде се, кај лежат низ трњето, кај треба да се однесе задушница и каде да им се отпее молитва; на некои гробови им се распаднал крстот, им се избришало името; мртвите, драги мои, ако не се бараат и ако не се спомнуваат - се забораваат“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нешто што можеме веднаш да го повториме, доколку твојот сопруг се заборави на работа. 2000.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Потсетување секојдневно е за тоа кој е кој, да не се заборави, безброј пати и без број.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Не се заборава тоа. (На Соња.) Овој мрсниов носи си го дома.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А јас по телефон им реков: другари, за стрелање секогаш има време, мислејќи дека случајот ќе се заборави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Зарем може да се заборави примерот на сеалбанскиот јунак во албанската историја Скендербеј, кој ќе биде победник во три војни објавени на Отоманската империја, по неговото враќање во старата христијанска вера, преобратен уште во детството, подоцна регрутиран во јаничарски војска.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пелагија исто така им благодареше со топли зборови, ветувајќи им дека нема да се заборават, дека секој ден ќе наминува кај зградата Сите ние имаме иста судбина, зар не?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Враќајќи се кон куќичката Пелагија се обидуваше да разјасни зошто дојде Чана, дали да покаже дека е лута што не е повикана на армасот на Деспина, или едноставно да ја потсети на оној дамнешен црн ден што никогаш не се заборава, или навистина сакаше да се распраша како ќе ги носат децата до на школо?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Може да се заборавиш и да згрешиш, сѐ може да направиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Ами, сега, јас се заборавив.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)