се (зам.) - забележува (гл.)

Работата кај бегот не му е тешка, та никакви дамки ни драскотници не се забележуваа ни по лицето, ни по рацете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исто така, овој историски поглед покажува дека речиси во сите времиња се забележува силно работење на народниот дух врз културно-историска основа, резултат на која се јавува образувањето на силна македонска држава од царот Самуил и богата народна литература.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во едно зелено катче од Изложбата, заокружено од сите страни со дрвја, се забележува една импровизирана негарска населба, слична на тие во Централна Африка: наоколу густа прашума, испресечена со реки, а на една чистинка и населба: сламени колиби со бамбусови дрвја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако сѐ се одвива во безредие, сообраќајните несреќи ретко се забележуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
XXIII Во далечините се забележуваат контурите на Драч, отворената врата помеѓу Балканот и Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Абел сметал дека појавата на антитетичка двојна смисла се забележувала на „најстарите корени“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Им се забележува на моите романи - игра на работ на балконот, кибритчиња покрај шише со бензин, набиен револвер на ноќната масичка - интелектуална потрага водена од самиот роман, нешто слично на непрекинат коментар за дејстието или, мошне често, дејствие поради коментар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Чекај, си велам, да се вратам до мојата смртна постела на која сум умрен и да погледнам дали на мршата ми се забележува дека сум свршил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го обележив кругот со шилестото на казмата. При првото обележување, линијата заради тврдоста на земјата одвај се забележуваше, моравме да поминеме уште еднаш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше голема возбуда, но промената беше таква што одвај се забележуваше и ние продолживме со нагаѓањата: ќе смени сосема брзо, не ќе смени, ќе сврти на песочна, не ќе сврти.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ми кажуваат, меѓу селаните се забележува сѐ поголем бес и дрско однесување со ќаите и агите. Вистина ли е тој милет толку пис?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
При кревањето на завесата собата е во темно, само преку прозорците се забележува дека е забелено небото и настапува зора.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За да се забележува, божем повеќе нѐ има на око.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти порано во колку се враќаше навечер од надвор? Во девет часот, нели?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но импресијата и експресијата кај нашава поетеса не стојат во некаков јалов, одн. „школски”, коректен, корелативен момент од кој се забележува некаква „гола акрибија” или евентуален обид да се испроба вештината на „стилските вежби” во зададен поетички формат кој би бил самодоволен или „самозадоволен” од апсолвираната лектира...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Одвај се забележува дека дише.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Обично со часови така стоеја со летната глава, како некое младо, тенко цвеќе на кое лошиот ветар му го скршил стебленцето, па се свиснало, вене. (Но можеби тоа доаѓаше и од гладот) Особено тоа се забележуваше кај девојченцата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
По ништо не се забележува дека ова е љубовна песна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Организирањето и бришењето на подружницата се забележува во регистарската влошка во којашто е запишано трговското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со движење што не се забележуваше, улицата налегна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)