Од КСС, пак, објаснуваа дека во укинување на работничката книшка не гледаат ништо спорно, бидејќи сѐ ќе се евидентирало компјутерски, а работникот, секој месец, ќе добива компјутерски извештај!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Невработените лица кои можат да бидат вработени за да се уживаат поволностите од овој закон се следните категории невработени лица: а) невработените лица кои се евидентирани како невработени најмалку една година; б) невработените лица на кои им престанал работниот однос со отказ поради економски, технолошки, структурни или слични промени; в) невработените лица на кои им престанал работниот однос поради стечај; г) невработените лица – корисници на социјална парична помош и д) невработените лица со психофизички недостатоци (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, во праксата, оваа одредба беше и сѐ уште е изигрувана, првенствено од страна на приватните работодавачи, кога тие ги тераат работниците да работат и во сабота и/ли недела, а тоа не се евидентира никаде – при што користа што на овој начин ја стекнува работодавачот е отприлика работа од 24 до 32 часа месечно по работник, којшто овие „бесплатно“, а de facto под присила, му ги „поклонуваат“ на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
2. Останати промени 131 Со изменувањето и дополнувањето на овој закон од 2012 година во областа на трудот се воведе нова евиденција на корисници на јавни средства од Агенцијата за вработување на РМ, а дополнително се промени начинот на евидентирање на невработените лица кои се евидентираат според начинот на барање работа, при што сега се врши селектирање на оние невработени лица кои активно бараат работа и се регистрирани во Агенцијата за вработување на РМ, а во засебна евиденција се евидентираат пасивните баратели на работа (чл. 1 од ЗИДЗЕОТ/12).132 Исто така, кај овие новововедени евиденции беа утврдени и видовите податоци кои тие задолжително треба да ги содржат (чл. 3 и 4 од ЗИДЗЕОТ/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во овој текст не се споменати имињата на ликовните автори кои активно творат и го претставуваат потенцијалот на ликовната сцена во Македонија од едноставна причина што тоа подразбира опсежно образложување на нивното место во таа структура, а јасно е дека во текстот се евидентира отсуството на една таква структура.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)