се (зам.) - досади (гл.)

Нестанокот на храна по селата ги загрижи бимбашиите, а и им се досади цела зима по пустите мариовски села, та предложија сите четворица да ги прибере Бахтијар во Битола, бидејќи и така немаа никаква работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кој би бил тој толку будала зимно време да брка комитлак?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сигурно му се досадило да чмае повеќе в крчма без честало.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)