Пак и да се допушти оти востанието тогаш ќе биде и посилно од сега и ќе ја принуди Европа да свика европска конференција, може ли некој да предрече оти решенијата на таа конференција ќе бидат во наша полза? – Одвај ли.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако се допушти за верна таа теорија, ќе биде јасно оти еден народ не секогаш може да устои против притисокот од туѓи соседни народи, а губи еден свој дел во корист на посилниот сосед, и друго, од неа се гледа оти народите можат да се состават од два блиски народа, слеани во едно, како последица на историска неопходност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За одредно време за мерките кои веќе се набележани, нема да се допушти ограничување на консумацијата на водата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Вештината е во тоа да се допушти и создавањето и зачувувањето на националните идентитети, а притоа да се почитува, признава и прифаќа идентитетот и на другите луѓе.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Не според стилот на епохата
туку според изливите, внатрешните
релјефи на гестот-ерес
временски ќе се сместува
меѓу XIX и XX век отприлика
почетокот на нашата взаемна
љубов:
грешките се допуштени
ако за грешка може да се смета
она кое ги надминува границите
ако воопшто од животот можеме
да го избркаме чудесното, волшебното
магиското.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Мнозинството луѓе не го почитуваат она што можат да го разберат; но она што го надминува нивното разбирање, тие го величаат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не треба премногу јасно да се изложува бидејќи не смее да се допушти да негодуваат туку треба да ги вработиме со тешкотиите на разбирањето.“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)