И најпосле тој сосема се долепи до студената коруба на стеблото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се привлече уште повеќе и клекна. Зајачето се долепи до коренот на глогот. Ушите му се слепија до грбот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Арсо молчеше. Човекот се долепи до него и со леснина, како одамна да бил негов сосема близок пријател, го продолжуваше разговорот, како случајно прекинат: - Добро беше, но ... дуќанот ни беше на плоштадот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сосема се долепи до Арса и со своите благо примижани очи го бараше неговиот поглед како да сакаше одобрување за своето каење и извинување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)