се (зам.) - доизрече (гл.)

Ти на стрика Анѓела му ја отпеа песната на Алилово, рече тој, веќе сфаќајќи дека греши што го спомена стрика Анѓела, но оти од виното и од лутина не можеше да се додржи, се доизрече: Ама и тебе ти се пее песната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Може некој, вели Боше - сака да рече Може некој нѐ ѕирка, но Максим Акиноски не му остава време за да се доизрече: Ништо скришно не правиме, вели и му вели на Бошета да го послуша Костадина Дамчески, да стане и да ги затвори капаците на пенџерињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)