се (зам.) - дозволи (гл.)

Во постапката за обезбедување судот може да определи само едно од средствата определени со овој или друг закон (чл. 9, ЗОП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се барало да не им се дозволат на мисиите “никакви посети на наши единици“, а ниту “формирање на посебни канали“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во национално-племенската задруга во којашто живее нашиот патријархалец (кого што денес, во екстазата на неговиот танатос, поточно можеме да го означиме како фашист) не смее да се дозволи никаков класен антагонизам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На нив може да им се дозволи интелектуална слобода, затоа што тие немаат интелект.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓу двата огранока на Партијата постои извесно количество на меѓуразмена, но само колку да се овозможи слабаците од Внатрешната партија да бидат отстранети, а амбициозните членови на Надворешната партија да се направат безопасни со тоа што ќе им се дозволи да се издигнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако му се дозволи контакт со странци, тој ќе открие дека тоа се суштества слични на него и дека повеќето од она што му е кажано за нив е лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вечерта се одржа „куќен“ состанок за да се одлучи дали да ѝ се дозволи на Рада да ја прифати новата работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во плетката постоеја две можности, едната извлекување на материјална корист и втората, по секоја цена да не се дозволи заминувањето на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како и да е, со наредба од меџилисот, се дозволи градење на нова црква „Свети Димитрија”, малку подолу од нејзиното старо место и поблизу до мостот на Вардар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сигурно тоа не смееше да се дозволи, о, колку ново, шарено, чудно изгледаше тоа неделно утро.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неговата теорија на дискурзивна демократија подразбира проширување на јавната сфера за да се овозможи поголемо учество на граѓаните во процесот на создавање на јавното мислење и волја: „Демократизираната или добро уредена јавна сфера треба да им понуди на сите, а особено на маргинализираните групи, можност да учествуваат во обликувањето на јавното мислење, да влијаат врз него и да вршат негова критика“.102
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Хабермас се залага за „неискривената комуникација“, заснована врз подготвеноста да се учествува во рационалниот критички дискурс за прашањата од јавен интерес, да се овозможи слободен и еднаков пристап за сите учесници, да се обиде да се разберат проблемите и да се дозволи да победи најдобриот аргумент, резултирајќи во прифаќање на рационален консензус.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Не е ли еден сиров, лого- и етноцентричен гест, да се пресврти ситуацијата и маргиналноста да се претвори во општо решение?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со други зборови, можеме ли да ги претвориме неговите текстови, а со нив и целата латиноамериканска литература, во изворен надоместок, ако ми се дозволи овој оксиморон?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)