Така, држејќи се во каква - таква рамнотежа, како одненадеш испливан средорек по секнување на поплава, небаре гранична плута што се додржува до замислената точка без да дозволи брановите да ја одвлечкаат на едниот или спротивниот сув брег.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
ФЕЗЛИЕВ: (Сѐ уште, но одвај, се додржува на нозе од ударите на Луков.) Таму каде што е испратен.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Одвај се додржуваа на нозете што внимателно ги спуштаа на земја попреку, вкопувајќи ги колку што можат, за да не ги повлече надолнината.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)