При пансионот се додаде готвач, перачка и слуга. Крсте одвај го дочека ова.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ракија, од пагури, мажите пиеја и пред и по вечера.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Шеќерот да се додаде на крај, за подобро да се впие и да не загори.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Кон ова треба да се додаде и телеграма од 5 декември од Министерството за надворешни работи на Велика Британија до Бари, во која, во однос на формирањето на „грчко-македонската бригада“293 ќе биде истакнато дека “ако овие луѓе се грчки државјани акцијата на партизаните во формирањето на бригадата е дури уште помалку за простување“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Инфертилни емоции кои пукаат како меур од сапуница.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сѐ е со рок на траење и покрај адитивите што вештачки се додаваат, без вкус и мирис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Со оглед на фактот дека во претходната тродимензионална ера владеело светото тројство во кое спаѓаат отецот, синот и светиот дух, сега се додава четвртиот елемент, а тоа е мајката.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
12. ЌЕ НАПРАВИ ТОЈ ДВЕ ВРЕТЕНА ОД ТРИ БУКИ - страшното е штом се додаде: И ТИЕ КРИВИ ЌЕ СЕ, зашто тоташ ќе се појават две жалосни куки што ни јаже не ќе издржат човек да се беси...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ако во поглед на одделни прашања за кои се одлучува се поделат гласовите на повеќе различни мислења, така што ниту едно од нив нема мнозинство, прашањата ќе се разделат и гласањето ќе се повторува сè додека не се постигне мнозинство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако во поглед на висината на паричниот износ или количеството [ствари] се поделат гласовите на повеќе од две мислења, повторно ќе се разгледаат причините за секое мислење, па ако и по тоа не може да се постигне мнозинство, гласовите дадени за најголемиот паричен износ или количество ќе им се додадат на гласовите дадени за најблискиот помал паричен износ или количество, додека не се постигне мнозинство (чл. 123, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)