Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ама се стори тоа. Што не е почнато не може ни да се доврши.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Должност на претседателот на советот, односно судијата поединец е да се грижи предметот на спорот сестрано да се претресе, но постапката пора- ди тоа да не се одолжува – така што расправата, по можност, да се доврши на едно рочиште (чл. 297, ст.1-2 од ЗПП). 4. А токму за темата недостапност на судскиот систем поради финансиски причини, во мај 2009, Асоцијацијата „Magna Carta“ и Клубот на оратори „Forum oratores“ – на Правниот факултет „Јусти- нијан Први“ при УКИМ – Скопје организираа стручна трибина на тема: Правда за сиромашните.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ако некоја од странките отуѓи предмет или право за кое тече парница, тоа не пречи да се доврши парницата меѓу истите странки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)