се (зам.) - довикува (гл.)

Зад мене шепоти Караџица. Голем, гласен кос на слива се довикува со ветерот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Пауните пикнати под сенките на смоквите во дворот, се довикуваа гласно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Каушот личеше на пештера во која се довикуваа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Црцрцрцр, се довикуваат птиците - косови, прлици, сколовранци, кукајци, пупунци и славеи. Кога ќе земе славејот да везе!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нејзиното плачење го подземаат уште неколку извеани жени, а ние само се довикуваме и ги с'скаме: Дојди, натепај ме, вели една.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А потоа наеднаш сум потонал во реката на сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и разговараше со некого (не сум сигурен маж ли беше или жена); се довикуваше со него или со неа преку планините на ноќта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Лани на Грамос, откако одлетуваа авионите, од своите карпи полетуваа орлите. Со писок или со пискливо лаење, да, тие кога пискаат чиниш лаат, се довикуваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А ние возевме ги прскавме со разводенет снег, тие шлапаа во водата и калта и викаа, се довикуваа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Луѓето, газејќи ја таа пржелика, трчаат од сите страни и викаат, се довикуваат, се туркаат и паѓаат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Меѓу луѓето и од страните трчаа партизани и партизанки и тие викаа, се довикуваа, се свртуваа, прекинуваа трчање, клекнуваа и пукаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Брзо, брзо, брзо, терај, терај, трчај, трчај брзо, не застанувај - се слушаа гласови кои беа надвикувани од луѓето од кои едни во трчаницата паѓаа, други ги прескокнуваа, ги газеа, се довикуваа и се бараа, се слушаше плач и врисок на мали деца и крикови на жени, рикање на говедата и блеење на овците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откако тетка Олга од другата страна го грабна телефонот, очигледно алармирана дека некој се јавува од странство, и покрај тоа што не стоев блиску до мајка ми, можев да го слушнам целиот разговор, од причина што и тетка Олга врескаше како да се довикуваат со братучетка ѝ од едниот до другиот крај на огромно поле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но ние сме неми, Песно, кога се довикуваат молњите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се заборавале непријателства, се раѓале пријателства, се довикувале едни со други лутите противници, се заканувале, се исмејувале, а одвреме-навреме и за гуша ќе се дофателе будали поединци а оние другине, поумните, брзале да ги раздвојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)