Американскиот филм, како производ на најизразна цивилизациска форма, најјасно се декларираше како бихејвиористички.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овие минималистички експерименти редуцирајќи ги сите класични филмски изразни средства, ја отвораат перцепцијата на гледачот за суптилните промени и релации, недостапни при примена на класичните изразни средства и класично структуираниот филмски јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дури тогаш станав; погледнав кон кругот и видов дека и Ина гледа со љубопитство кон нас двајцата, проценувајќи кој од нас е Јан Лудвик, лудакот без мерка; за да се декларирам, ѝ испратив еден бакнеж од устата со рака во воздухот; таа се закикоте, ми возврати на ист начин, возврати и сестра ѝ, и јас и Земанек излеговме од шаторот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во тоа време, господин судија, многу значеше да се декларираш како национален уметник. Лудвик, за жал, беше – интернационален.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Не си деклариран, разбираш? Толку ли ти е тешко да се декларираш? Па еве и Земанек...“, рече без да заврши, без да ме погледне во очи, онака свртена со грб и јас гледав како полека ја ведне главата и дека плаче; ребрата ѝ се ширеа и спуштаа како кај кораб неосвоен од туѓ морнар.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Луција дојде уште еднаш кај мене и рече: „Сѐ уште не е доцна да се декларираш“. Ѝ реков дека не сум го променил ставот за народниот дух.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Партијата на Луција реши да ги диференцира младите; бараше да се декларираат, и затоа отпочна широка акција на „анкетирање“ по сите школи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потем рече: „Слушај како се пее“ и почна одвратно да рика некаква инаку нежна, љубовна песна, почна да се удира по влакнестите гради (носеше и огромен, крупен златен синџир, околу вратот, со крст, оти тогаш беше модерно да се декларираш како Христијанин), така што сите мораа да прифатат, оти за нас тој беше власт, а кога власта пее, ти и ќе пееш и ќе играш. И ќе маршираш на љубовна песна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа уметност, која одбива да се декларира како народна, е подложена на жестоки напади: се вели дека таа уметност (меѓу која и џезот, авангардата, постмодерната) е „културолошко труење со предумисла“, дека е „доволно смешна за да биде дел од паузата на народните приредби“ (повторно мислев на Луција), па се прогласува таа за производ на болшевизмот, односно комунизмот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Извикуваа пароли во кои славеа прогресот на народниот дух, ослободувањето од дотогашните лажни вредности, викаа: „Да живее народната уметност!“, ги застрашуваа сите оние за кои сметаа дека не се декларирани.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)