Еден ден војводата Петре Ацев му даде налог на својот четник Крсте Гермовчето Шаќира да се стави со Толета и да му предложи некакво спојување на двете чети: да се упрости работата, да не се двојат силите и цепе народот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кучето не се двоеше од него и каде одеше тој и тоа одеше по него: по полето и планината.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Десно од патот се двоеше тесен каменист селски пат, кој што водеше направо под планината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Камносаното тело небаре не сака од земјата да се двои...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Небиднина... ама душава клука... не се двои од телото снеможено...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
А растеше тоа Дуде, самонаречено Горде, како напрчен ластар што се двои од другите, а сепак останува на лозата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ми беше срам да плачам. Па и не требаше да плачам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Јадење имаше: сите носеа јадење.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Учителката организира да не се двоиме, заедно да седиме, заедно да јадеме, заедно да играме.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Одвај отиде на Еко - дефилето, нејќеше да се двои од Иван, па двајцата имаат велосипед и сакаше двајцата да учевствуваат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)