Еве и јас, оној ден се допирам за лице, нешто влакнесто и гадно. Ќе се дамлосав.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Паѓале луѓе во афект и бесознание, кога ќе го виделе моето бричало.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Си можел да оградисаш, да се дамлосаш, дрво брестово да се сториш, да согориш, под себе да бидеш, светлина да не видиш, ко јаре да блееш, човечки да немееш.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Море, си реков, зар си ба мајката, се дамлоса над мене. Еда, што да се прави сега, обајцата загинавме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)