Потоа се гушнавме и плачевме сѐ додека не се слушна од звучниците: - Внимание! Внимание!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Еден љубопитлив зрак се гушна со моите коси и ритамот на бледите раце ги изненади градите уморени.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Шинелот ми беше малку долг, ми се плеткаа полите меѓу нозете, ама го држев чекорот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таго на тивките бои на копнежот Зелените сенки на врбите неосетно подвижни на тихата река на реката што лази на реката успиена се гушнуваат
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Јован ја понесе со себе, за последен пат, миризбата на пресно варено млеко, која испаруваше од нејзините пори, кога се гушнаа... ја остави со осум деца, иако тоа не е машки, по патот одјава кон планините... ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)