Извадоци од текстовите на Мирољуб Вучковиќ; Милан Прибишиќ и Марина Мартиќ Момент, 14, април-јуни 1989 The last of England, 1987 200 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Arman Schwiters okno.mk | Margina #11-12 [1994] 201 Ц ентарот Жорж Помпиду (Georges Pompidou) ќе ја претстави првата француска ретроспектива посветена на делото на Курт Швитерс (1887- 1948).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Општествениот ред се гуши, нацизмот во облик на поп-свет го заменува тој ред, и се ослободува енергија која Џарман можеби ја критикува, но која едновремено и го заробува”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На Џарман му беа потребни неколку недели да го прифати фактот за присуството на вирусот во сопственото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Мермер црвен, сиви дамки, празни души, лист вртат на друга страна, домот на правдата се гуши, неправда додека дели.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Очите ми се две влажни модринки на лицето, твоите ириси модри сливи; Палиш темјан, нане и босилек, и без мирисот што куди знам- ти си ми злиот дух; Сонував како ми се откорнаа трепките и се створија врски како долго кораво влакно, јамка на вратот; Се гушев Маја, таму во сонот ми;
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Малку се гушам од телевизиските сцени во кои претседателот на државата на вдовиците и мајките на загинатите војници свечено им врачува ордени.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да ја откине и да ја исплука кашлицата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во денешниот капитализам постои модерно унифицирање преку костумирани плави одела и машносуење со кое се гуши индивидуалноста.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Од време навреме скокаа во место цепејки го небото со вресок својствен само на нив, болно плачеа коњски, а пискотот нивни се прочу низ коријата, одекнуваше од околните ридови и повторно се гушеше некаде длабоко во нивните коњски срца.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Стануваше ноќе, се гушеше, мафташе со главата, не можеше да дишеш.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Пак се гушеше… Ја викнав сестрата која ти даде некое апче.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Она 'ржење сега беше доста далечку, но веднаш тука, зад штицата од вратата, некој збивташе, некој се гушеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Воспаление е, се разбира... ја засмевам. Се гуши. Ја успокојувам мајката.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)