Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)