се (зам.) - гнаси (гл.)

Но тој веднаш со мрштење, како да се гнаси, ја отфрла таа мисла, чудејќи се колку е понекогаш човек себичен и што ли не помислува дури и за своите најблиски и најмили!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Место да се гнасите, бестрамници ниедни,' вие се гордеите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А најважното беше тоа што Митра не беше турска посестрима, та Толе не се гнасеше од неа. Таа и таква Митра му се бендиса на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веќе од ништо не се гнасам, што се вели, ништо не пребирам. ,Гладна свиња не одбира помија", велеше дедо. 18.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се разбира, таа миризма идеше од потната кошула на Стевана, но Толе се гнасеше од него придавајќи му повеќе „турчовина".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)