И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
9. Се гласи ноќната шума и попусто вика да запреш ти не слушаш ни каменот го гледаш ни повејот што јакне не слушаш те мами сал ноќта и тие светлината в сон што им иде дур попусто некој те вика и чекорот твој свиден ти не слушаш Час е неречената песна ѕвездите кога ги виши во штамата на светот и притаената мрака што сака под тие светила скришни да ти го згасне летот ти не слушаш Истрел ги собори ѕвездите Самотнику дали го чу И како да го чуеш во итањето во тоа итање убаво на усните со зборот што ги раскрева урнатините на ноќта и во заборав ја истава црната стија на биднината Радост на итањето твое по ранетите лисја по премалениот шум сал муграта твоја ја знае и истрелот само ја чу
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Помеѓу сламените покриви на куќите и притаените ридишта се протегала пржелика, дива неродница со мравулници, запрена со запрложен џанкарник без цут на гранките - таквите суви почви не држат на себе ни човек ни тревка. Негде со очај се гласела ветрушка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но и дојденците и староседелците со очи си го пиеле здивот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во моето село пак гумно се гласи, на небото горе пак солнцето пече, во селото мое пак снопје се носат, пак жито се врши и потта пак тече...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Штом сеизедливиот оган ги испече добро, откако жарот се ’згаси, под дебели сенки дружината наша се собра: песната долго се гласи.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Отсекаде по нешто се гласи, се оѕвива.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ко ровји да удираат озгора се гласи, плуска над селото, ѕвечи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)