Јас, потпрен врз неколку букви Гледам спокојно од нив ноќта како резбари крст И како полека се вљубувам во неговиот древен јазик Единствен на светот само со идно време.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Толку силно сакам, го подарувам својот живот, своето срце, своите погледи, своите насмевки, своите усни, силно се вљубувам и вечно твоја останувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
ЛУКОВ: Што слушам? Треба ли ова да го разберам како знак дека господинот почнал да се вљубува?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Толку многу изгубивме, толку возови поминаа, годините, деновите, целиот живот што го сонувавме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога бев вљубена првпат, вторпат, којзнае којпат по ред (а се влубував на пола час, силно, страсно... и ми поминуваше!), и тогаш скокав до кај другарка ми за да ѝ се доверам дека, ете, пак сум вљубена.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)