се (зам.) - вцрви (гл.)

Но зошто е таа толку мирна, ни да се изненади, ни да се вцрви, а уште кротко му се осмевнува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Истиот момент лицето му се вцрве и солзи му потекоа од очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И кога виде Писмородецот, крај мене застанат, дека во буквата сум гледал, се вцрви и тој (Боже, дали и нему таа буква на блудна девојка му личеше, на блудница Вавилонска што те довикува меѓу нозете свои?), светна со окото мрежесто, па зеде и со својот калем ја покри убавината соблазнителна со мастило црно, невидлива ја направи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција го прочита, се вцрви и – јас добив шлаканица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој покажа кон вратата, таа тргна, но ливчето ѝ падна без таа да забележи; класниот стана, го зеде, Луција веќе беше надвор; Фисот го прочита и се вцрви (беше ќелав, но жилав маж, со брада, и јас првпат видов дека брадата не можеше да го сокрие неговото црвенило, оти ќелата му пламна како да е лице).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И како сега помнам: еднаш, во семинаријата, додека чинев умножение на едно слово, што токму со таа буква започнуваше, и буквата наресана беше со црвена боја, како пеперутка, на почетокот од текстот, ми се стори дека буквата прета со крилјата, дека ме довикува со нозете свои блудно раширени, и јас пламнав, се вцрвив, а Писмородецот дојде и ме праша зошто не му одговарам кога ме вика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овој се вцрви, но сега имаше сили да признае.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„На таков и да му слугуваш да ти е чест”, се вцрви Тодора од брзање да одговори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не сакам ни да претпоставувам до каде сѐ се вцрвивте“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А морам да признаам дека за оваа моја неизречена помисла, од која требаше веднаш да се вцрвам, ми се чини дека беше сосема безвредно она што подоцна самиот си го префрлував, дека му припаѓам на суровиот и недоделкан дел од стварноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дедо ми малку се вцрви и ми се чинеше дека се засрами заради својата заборавеност.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Снеже се вцрви и рече дека нејзе такви нешта ѝ се здодевни, а Мишел дури сакаше да ни ги грабне „Вљубените срца“ и да ги искине.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Лицето ѝ се вцрви, ја протна раката преку железните дупки на портичето и силно го турна Томе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Врз челото имаше само три кадрици. Одеше право накај нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама кога се вцрвев, тој се пошегува: „Е, де, зошто се срамиш!?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Како си, малечок“, најпрвин мене ми подаде рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Растеш?“ Мајко мила, се вцрвев толку што ми се пристори небаре ушите ќе ми расцутат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Лицето ѝ се вцрвило од игра и сонце: „Утре ќе ви раскажам колку убаво си поминав.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Миговно го почувствува погледот на Нина, ѝ стана незгодно, се воздржа да не се вцрви и се загледа низ прозорецот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)