се (зам.) - вцрвени (гл.)

Тој се вцрвени како јаболко,се збуни, но немаше што да прави.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Да, да, како не го знаеш, изгледа јас не го изговарам како што треба, - се вцрвени Ѓорѓија, - се вика Клод Дебиси.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нешка уште повеќе се вцрвени, та дури и ушите како пламен ѝ се сторија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Авторот се исплаши дека видливо му се вцрвенуваат образите од посраменост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)