се (зам.) - втурнува (гл.)

Понекогаш, ја заклучуваше во најмената соба над кафеаната „Боеми“ и ја оставаше да го чека, кога, околу полноќ, ќе се втурнеше смрдејќи на алкохол и цигари, хистерично се обвиваше околу него, го љубеше очајнички, збивташе како повреден пес.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во ликот на мојот англиски Мефисто, Ј., можеби прижелкуван намерник од подсвеста, е онаа со која на велосипеди се втурнуваме во тајните дискотеки, на граматички исправните професорски parties, во црквените прифатилишта.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Мамо, мамичке, колку многу те сакам, само да знаеш, - ми излетува одненадеж голема нежност и се втурнувам во неа, да ја гушкам и да ја бакнувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
21. КУКАВИЦАТА КУКА ОТИ СВОЕ ГНЕЗДО НЕМА - а човекот, да не биде тратен, залче леб апне и се втурнува во полето дрва и кал да зема па такво гнездо, кукавичино, да направи запне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се втурнуваш заедно со луѓето во продавниците, во дуќаните, морничаво бавно минува времето во огрмните хали на стоковните куќи, додека чекаш во „опашка“, за ова или за она.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
(Пауза. Тишина. Клаус ја отвора вратата. Стево се втурнува внатре. Го турка Клаус до ѕидот.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)