На усниве, во мислата, врз душава се втиснати буквите на твојот неизречен збор и велам - добро е.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Гледаш се руши ѕидот, во твојата душа се втиснува радосно чувство дека ќе се исполнат желбите.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Над Уј, од каде започнуваат и благите планински превои на Ардените, се втиснало уште едно градче, едно од најпознатите места во Белгија - Сартр, во кое се родил и долги години живеел нобеловецот Пир, свештеник, награден за хуманитарност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Страв и восхит
Претпоставка:
Македонскиот крал
премногу го сакал светот
и премногу можел
и премногу претчувствувал
немал време, хронично немал
но сепак доволно
за да ги поремети
дозите предвидени за рамнотежа
на Просторот, и самиот
без смисла за умереност
- хармонијата е нешто друго, сосема
само предозирана волја, отровен концентрат
само неповторлив порив, рев по далечното
- туѓината како вечно искушение!
само силна страст по странствување
per se, дури и во јазикот
само вродена дарба
да и’ се тутне на смртта
грациозно, пагански
под здолништето
додека Оваа си игра
божем случајно
криенка-миженка
митска мижитатара
само сензибилитет за походи
општа хиперсензибилност
- просто да се спростре
врз далечниот Исток
ко полна месечина на полноќ
- просто да го освои светот
како туѓа жена
со чувство на нелагодност
а забраната стимулира
срна истрчува на пусија
во заседа, балканско дувло
империјална глутница
избришани, заташкани траги
имагинарно писмо
толку голема моќ
што се втиснала во потсвеста
за век-и-веков
жиг на восхит и страв
од повторување
од повторување
на судбината...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Чекорам по нечии стапки што се втиснале по маказарските патеки и врват низ времето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Одиме од едниот до другиот крај, ги слушаме бродските сирени, грачењето на галебите и полека надоаѓаат, небаре како бранови допловуваат и пред очите ни се втиснуваат спомените.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Имаме значи предочување на персонажа што персонифицира профил од балканската почва, во која се втиснати бројни тајни на страдањето: „...во тие бујни, побелени коси се криеја големите архиви на балканската историја на нашето семејство во егзил” – бележи авторот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Прашината подигната од развлечениот чекор не успева да ги покрие трагите што како лишај се втиснати во селската калдрма.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)