Се надлетуваме со орелот И му велам, И си велам: Крвта на твоите нокти Е одглас на стадо јагниња Што се белее во ноќта И се вселува под кожата на векот.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Во куќата крај реката се вселивме во првата година по Втората светска војна, во времето на ослободувањето од фашизмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според нејзиното скришно верување, клучевите требаше да го поврзат семејството со старите куќи, но и со небото, верувајќи во божјиот благослов во новата земја во која се вселувавме.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Топла е летната ноќ но во нив се вселува бавно трпката трска на осамата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Пополека му се вселуваше очаеност, слабост ги зафаќаше зглобовите и целата снага.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И настојчивиот ритам на ова ноќно светулкање се вселуваше во душата на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но, сега веќе тоа со секој ден носеше сѐ помалку бол. Или тоа болта стрпливо му се вселуваше в душа, станувајќи од неа дел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ми даруваш за секој прст по еден студент прстен, големите зими во нас така се вселуваат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не прави ништо друго
освен што се вселува полигамично,
соблазнително, на повеќе места одеднаш,
во недоглед
палимпсест е, сеќавање
по блуд и по жедба, чудење и изневера.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се оддалечуваме ли од ограничениот дом, дефиниран со географските граници, или се вселуваме внатре?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)