Лектира
кнезу Репнине
пукната калино во мозокот
црвено во копнежот се всадуваш
прибираш сѐ што е светло
безграничен
меѓу корици
мирисаш на бебе
те канам
чај да се напиеме
зимата да ја згаснеме
небаре жед
ти седумдесет и шестата
јас тебе
да те видам
меѓу луѓето немаштија
во мене исто така
- има што да видиш
дождот се самоубива кога врне
за да постои мора да врне
зли абери како метафори ме следат
ѝ се ближи крајот на неизвесноста
репнине
литературо!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)