се (зам.) - вреже (гл.)

Се врежува ортомата, натиснува штицата...пече стапалото, пукнува фултак, спржува пета, крвави рана...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во нејзиниот спомен се врежа тој миг, ама никогаш не го проколна ниту денот ниту луѓето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа адреса ѝ се врежала длабоко во паметта - ѝ се чинеше дека и ноќе би можела да познае дали писмото е од Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По брчката која му се врежа, не можеше да ги насети зборовите кои следуваа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имињата на нејзините деца што ги прочитала во весникот и кои останале сираци длабоко ѝ се врежале во срцето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа слика длабоко се врежа во мене затоа што често, многу често го допирав увото до устинката на школката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Влегувавме во воените подморници, го посетивме меморијалниот центар Аризона каде се врежани имињата на илјадници американски војници кои загинале во нападот на Перл Харбор од Јапонците во декемри 1941 година.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еќрем–беј Влора, ќе се вреже во мајкиното сеќавање како прекрасен човек надарен со незапирлива добрина, љубов, но и смисла за хумор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Засекогаш на Мајка ѝ се врежале во сеќавањето носталгичните погледи на овие жени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Малата Ервехе занесено слушала. Многу вистини засекогаш ќе ѝ се врежат во младата душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)