се (зам.) - врати (гл.)

Трајче куцкајќи се врати дома... Мајка му уште од вратата го прекори: - Кај си досега?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ана се врати во собата, и рече: „Јас не ве прашав дали сакате да се напиете нешто, или да не сте можеби гладни.” „Ни гладни, ни жедни,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Арсо нема да се врати, мајко! Го смени и станот во градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Татко се врати само да има уште една мака згора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа не би се вратила предвреме дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога се вратил од Цариград, во родната земја, пишувал повторно од лево на десно, на латиничната албанска абецеда.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога од јаболкото ќе останеа само нејадливите делови, брат ми ги ставаше усните на моето чело, за да ја провери температурата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И децата се вратија, ко немиени, а Велика уште вика; - Дали ручек да готвам, вели, или по нив да одам, како не се наодија, да се ненаодат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но околу полноќ пак се вратија полицајците и во затворен воен камион ја кренаа и протераа од целото гратче саканата и почитувана старица...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ние со Ели продолживме изоставајќи ја, а јас намерно ја зазборував Ели за да не се врати по Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Поранешната мисла му се врати: таа веројатно не е член на Полицијата на мислите, но токму шпионите аматери се најопасни од сите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мече веднаш тргна по него, надевајќи се дека сега ќе може да му каже за своето решение да се врати назад.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И кога Крсто не ѝ се вратил од војната во Мала Азија, и тогаш ѝ читале дека тој, Ставрос, славно паднал во Али Веран за величието, за славата и честа на Големата Мајка Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не познавам никого кој би можел да ми објасни по кои патишта доаѓа ноќта - забележа тој кога се врати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден ден, кога се вратив од работа, Билјана ме пречека пред дворната врата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А поголема казна ќе ти биде, ова да не ти го кажувам, та кога ќе се вратиш да ти ја предадам тебе болеста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не си каснала нешто убаво што ќе ти се врати на лицето, на кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Словенска антитеза Дали ветер се дигна над морето под небото дали птиците се вратија и топлите времиња дали јазикот се поднови и смислата или миговните богови збор зедоа и загинаа та преметите, луѓето и соништата безобѕирни просторот и горчината ги размножија и душата ми ја изнесоа на отворено како разговор во акропол да не смее да биде сама а да сака?!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Секој нека отрча да се снабди со праќка и веднаш да се врати.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Оди напред.“ „Капетане, јас ќе се вратам.“ „Што?“ „Се враќам во ракетата.“ „Смит!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со благост ме фати за мишка, можеби сакаше со допир да ми докаже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се врати назад во дневната соба и седна покрај една мала масичка што стоеше лево од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се врати по една недела и пак во плевна влезе, по месец да излезе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Само да му помине срамот, велеа, и ќе се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите денови оттогаш па натаму ги броев и ги пресметував, постојано чекајќи тој да се врати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во кусите периоди во кои едни војски доаѓаа а другите си одеа од неговиот град, се обиде да ги среди нерасчистените сметки, особено оние што се однесуваа на обврските кон Организацијата, по чија што задача токму пред војните се врати од планината во родниот Штип.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Брзо се врати дома. Мајка му пак ја немаше. Како попарен отрча в бавча.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ВО ПРЕВРЗУВАЊЕТО МИ ПОМОГНА БУГАРИНОТ
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со денови и читам преданија За змевот што летал Над планини и мориња И пак им се вратил На крвавите очи од кои се родил И останал змев за приказ.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бев ранета и се вратив во одредот со сѐ уште незаздравена рана...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мразулците на детството се стопија во сеќавањето и јас им се вратив на своите шеснаесет години. Го зедов сувото грозје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ех!... Така во молитви и во исчекување да се врати дедо и тате, кои ги испратија сургун, поминуваше времето во нашата куќа, ама не и во селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Времето притискаше. Требаше вечерта да се вратам на другиот брег од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Крсте, Стојан и Нешка не еднаш стоеја до плетот и ги гледаа пчелите како влегуваат и излегуваат; како тие што влегуваат, носат жолт товар на нозете, го подаваат на „мајсторите" на вратата и се враќаат по нов материјал за нивното зимовиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо Геро си знаел оти тој ќе му се врати да му се одмазди и така се одметнал.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но, кој од оној свет се вратил? Камо таков човек? Сѐ уште силен е Харон...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Сѐ околу мене е преправено, испревртено, вели. Кај сум, кај се вратив, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од летовањето се врати освежен, одморен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Почнаа да викаат по нас и да ни велат да се вратиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ноќва очите можат да те видат и низ овие ѕидови... ноќва тагата свила едно мало гнездо само за мене... патува до тебе се но не се враќа....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И освети ме, Боже да знам за денот кога ќе ми се вратат чедата големи од бојот и чедата мали од туѓо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Самоук уметник сум “, се врати попот во чиста кошула и со полн бардак и две земјени чаши.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се исплаши татко му и повторно се врати назад во Германија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чекаше невестата да ѝ се врати младоженецот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Првата двојка тивко разговараше: — Тој, со големата брада и долгите, надолу наведени мустаќи, тој е војводата Петре Ацев, — му објаснуваше Шаќир на Толета и го држеше под десната мишка, очигледно претпазливо, да не му текне во последниот момент да се пишмани и да се врати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој не ќе сака да се врате, ете му ги куќите, што знае уќуматот нека прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Децата ѝ исчезнаа, ни едно не ѝ се врати од последната војна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпосле успеа да го натера нејзиното сеќавање да се врати назад, сѐ до нејасното присетување дека едно време непријател беше Истазија, а не Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само што влезе во градината слушна како неговите домашни се враќаат весели како никогаш порано.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Утредента и јас ја напуштив болницата за да се вратам назад - во улицата, во куќата, во гимназијата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Сега, кога твојата сенка е умна, - му реков на Карамба-Барамба, - јас ќе морам да се вратам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се врати. - Што слушна Кире? –веднаш љубопитно го праша дедо Ѓорѓи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш ќе може да поработи малку. А потоа ќе си се врати кај Мара и сѐ ќе биде добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ние тогаш уште посилно заплакавме со Мирчета и татко се сврте, се приповрати и нѐ удри со прачката за да се вратиме дома. И ние се вративме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега можеби нема да ми верува, си помислив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сам размисли, сам одлучи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се врати во колибата, каде што во котлето веќе вриеше компирот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Немаше смелост да му излезе пред очи на мајсторот а камоли да се врати во домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Гледаш богати, прекрасна трампа на автомобил за коњ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Иако Долгиот знаеше кој ден се враќаат екскурзијантите, не го знаеше точно часот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Перса не сакаше да навлегува во проблемите на Чана, таа е задоволна што Пелагија ја прифаќа идејата и вечерава можат да приготват гурабии, алва а и некоја суканица, а свечениот ручек кога ќе се вратат од неделната утринската литургија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Од Ајдучка Чешма веќе не ја видовме. Се вратила на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога одново ми се враќа вниманието, сфаќам дека стрелката не извртила толку колку што имам чувство дека траела мојата отсутност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред да се врати, Змејко зеде една грутка снег и долго ја триеше меѓу дланките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се издува и се испавка па се врати без збор подрипнувајќи во одењето надолу како да се тркала со потскокнување.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го сврти погледот кон вратата. Го бараше Х.Х. Тој штотуку се врати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Земанек стана, отиде до автобусот, им рече на другарите да не нѐ пријавуваат како отсутни и да молчат; потем се врати и ние видовме како во нашиот автобус влезе наставничката по музичко, која не го познаваше нашиот клас добро; видовме дека ги прашува другарите дали се сите тука, и дека тие ѝ велат дека сѐ е во ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За некој момент се врати со една дежурна докторка.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„А сега, ајде да им се вратиме на прашањата „како“ и „зошто“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но токму тие звуци сега му го параа срцето при помисла дека тоа време нема веќе да се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тој моча, а јас се мислам, што да правам за потаму. Како да се вратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И одново специјален курир донесе партиска директива, која беше наредба: - Во партизанските одреди да не се примаат повеќе доброволци; да ги враќате дома, а на заробените владини војници и офицери да им ги земате униформите и по гаќи и боси да ги терате да се враќаат....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги оставивме пљачките и се вративме кај оградата што ги дели машкиот и женскиот логор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби ќе беше најсреќна што порано да се вратам, да ги споделам последните години на нејзината осама.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе се врати и пак ќе отрча, со панталоните в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговиот поглед бегаше од сѐ и се заковуваше во празното; понекогаш некое дете ќе му подадеше топка, но Рајнер не ги испружаше рацете, некое друго дете ќе му кажеше нешто, но Рајнер не одговараше, некое трето дете ќе го повлечеше за ракавот, но Рајнер не се поместуваше, не се поместуваше ниту неговиот поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си го слушаш само безгласното плачење од радост дека пак си се вратил меѓу живите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се вратат од негде, а веќе смислуваат ново патување...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Желба му е да се врати во Скопје, но нема стан. Овде работи и печали за стан.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Еве ви ја ќерка ви! – рече брат ми. – Леси се враќа дома!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Димче се налути: „Ветре, врати ми ја капата!“ - помисли, но капата не му се врати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Вудринг му се врати на стрипот нешто подоцна, со Tantalazing Stories, црно-бела серија на (еден вид) детски приказни, поделена меѓу неговите сопствени стрипови и оние на неговиот пријател Марк Мартин. (Во 106 okno.mk еден број, тие ги разменија местата и си ги цртаа карактерите еден на друг.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А, сега, од Индија ... да знаеш само колку ми е тешко да „се вратам“!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но Дедо Мраз, не забележувајќи го сето тоа продолжуваше: - Ако бев доследен на верноста, сигурно немаше да дозволам од најголема да се претвориш во најмала и да се вратиш кај куклите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ете, гледаш? Истото е и со нив. Не биди неправедна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние мораме да се разбереме! Да се вратиме на практичните проблеми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше речиси слепа, но и покрај тоа работеше извонредно. На мажот ми внимаваше како да ѝ е син.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И полицата со книги ја доведов во ред: Рембо, Бодлер, Хлебников, По... сите се вратија каде што беа пред земјотресот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му се потчинував на тоа по повела на некој неминовен ритам заложен во моето раздвижено суштество, и ако само малку ја нарушев правилноста, поради расејаност или поради каква било моментна пречка, го чувствував тоа како непростима грешка, и ми идеше да се вратам назад да си ги приберам нишките на своето одење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И Мими се врати задоволна од првиот есенски излет, но многу изморена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Внатре, чудното чувство го напушти и довербата му се врати.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А кога престана брмчењето на моторите и во котлината се врати тишината, тој се загледа во ѕвезденото небо и се почувствува уште поосамен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знам од книгите за него, дека и тој копнеел по едно парче земја во поодминатите години, императорот кој создал закони и на граѓаните им дарувал милост, сакал да се повини на копнеж стар, дури телото сѐ уште му слугува, да се врати во познат предел со песок на ритчињата, со хумус под сенките на боровите и да го чува парчето земја како што го чуваат селаните своето, ако треба со секира.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овој камен одгатнувал народи кои ја напуштале историјата, ја обликувал силата со која напуштените огништа станувале освета, им ковел мечови на воините и сам носел меч, но никогаш не се вратил понижен од војните.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ах, вие сигурно не знаете! Треба да се побегне од тоа место, далеку, далеку; да останеш на пат, да паднеш на патот, сонцето да те изгори, но да не се вратиш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Професорот се насмевна и му се врати на текстот: …
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Квечерината на дваесет и трети мај, кога се вратив од височинката каде што веќе се изведуваа работите на главниот резервоар, за кој земјата беше ископана и, на камиони, однесена, та почнуваа бетонерските работи, кога се вратив таа квечерина, пред куќата ме чекаше човек кого не го познавав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Илко се врати од село каде што беше отишол да го однесе паличникот да чека ред кај мајсторот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Продолжуваше да се самообвинува: ако ги следела пораките на својот ум веднаш ќе се вратела дома за да се дотера како што прилега.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со лаење и со квичење ќе јави и пак ќе се врати кај стопанот. В планина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка се врати во Струга. Набргу заврши и војната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Ах, Прилеп, Прилеп! Оросписки град. Пред дваесет и пет години ти собра потписи да се вратат Русите од Велес, сега со прст не мрдна да помогнеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почна да станува навистина горд на своето тело и да се надева повремено дека и неговото лице исто така се враќа кон нормалата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова му овозможи да биде примнат до есен во втори клас, но материјално не беше никако осигурен, та одвај го заврши овој клас и пак со аргатите пред Петровден се врати во родното село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сатурн помисли дека се вратила кај својот прв сопруг, нејзин школски другар од средно училиште, со кого тајно се венчала уште кога таа беше малолетна, а кого по две години поминати без љубов го напуштила за да влезе во својот втор брак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Очите на човекот без брада летаа секој час кон лицето - череп, потоа виновнички скршнуваа, за да се вратат повторно привлечени назад со неодолива сила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Детето му пречи, тој нема сила да се врати и да го набрка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еве сега, заминував од каде што сум дошол, одев во главниот град, во С., за потоа уште еднаш да се вратам, но со фермани в раце, како што се враќаат победниците.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, за брзо време старите проблеми пак се вратија и работниците почувствуваа дека нивните надежи се изјаловени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реков дека сум ја купил за сестра ми, која демек такви украси носи секогаш само на едното уво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, тоа всушност отсекогаш бил Борхесовиот омилен начин да муабети: тргнувајќи билокаде каде што ќе го поведат разгранетите и кривулести ходници на неговото величествено помнење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А потоа, по малку белина, со сосема поинаков ракопис, стоеја развлечени букви; сигурно биле запишани кога почувствувала како полека тоне во нешто што наликува на сон: „Биди цврста, како и секогаш“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дуко Вендија се врати од џандармерија и Дуковица, цела ноќ го редеше со кромид и со компири по снагата. По изудреното, по набивките
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Аха!“ — си рече. — „Значи се кандисал коа сака нека биде, само да се врата. Убаво, убаво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кучињата се вратија дури кога стадото го помина исушениот поток на кој како непроѕирна сенка умираше стара безгласна воденица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, онаа нежност без размислување, што ја чувствуваше под лесковиот џбун, додека го слушаше пеењето на дроздот, не му се врати сосем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ако сакаш да се вратам? - ми рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Оти кај зборот таму и душата излегува... И бугарските војници ги пуштија да се вратат. 164
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Препуштени сами на себе, како добиток пуштен слободно по висорамнините на Аргентина, тие му се вратија на еден начин на живеење што изгледаше како да им е вроден, како на еден вид прадедовски модел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се вратив на секое катче каде што можев да го најдам, но тој се губеше како сè што почна да се губи на земјата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги собра во една торба најпотребните работи, одрона некоја солза на вратата од убавиот, туѓ стан, во кој така убаво презими, и со злоба во срцето излета од гнездото и побегна в поле за да не се врати никогаш веќе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од срам, или од жал, не ѝ рекоа дека Јован нивни се потурчил, туку дека го зеле во војска и дека кога ќе се врати бездруго ќе ја повика неа за да ја земе за невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто катилите можат да се вратат и да изгорат некоја куќа, јали наша јали турска, па и за тоа ние да одеваме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се вратила, веднаш заминала кон гробот на својот сопруг крај Старовска џамија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се вратите пеејќи за сончев ветер Што пустоши низ оваа древна мапа На која веќе се распознаваат Изгаснатите огништа околу кои седите, Велам ќе се вратите зашто јас тоа го читам од плодовите и од летните магли, јас тоа го слушам од лебот и од солта, јас тоа го гледам во очите на жетварките, јас тоа го прераскажувам гледајќи ве како му пеете на полноќното сонце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Едно стануваше јасно и посигурно од сѐ - мама веќе никогаш нема да се врати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сега и да сакаше да се врати, навалите беа растроени, дејците позатворани, некои од нив и избиени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе зачкрташе некоја од голите гранки на дрвото, на Богдана ќе му се пристореше како да е тоа глас на птица, како да се вратила: вртеше со очите нагоре, ја бараше, сѐ дури не виде дека тоа сувата гранка чкртајќи испушта глас како на птица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Ветувам дека ова ми е последната чашка,“ рече. Се насмевнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И пак си рековме да бегаме, да се вратиме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Каде ли не носат? Кога ќе се вратиме дома?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сепак си во право, да го оставиме овој разговор за други времиња, да се вратиме на османскотурските заемки, кои се употребуваат до денешни дни за означување разни солени и слатки јадења, како и пијалаци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Господе, да не се премислија да се вратат пак по мене, си мислам, и полипнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Србин без трепие гледаше во вратата чекајќи го војникот да се врати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Без да го запрашаме, ни рече дека Мила е жива, дека ќе се врати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
КОТЕ: Каде седевме до сега, ќе причекаме додека се врати Панде.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зоки Поки беше в парк Зоки беше в парк, па кога се врати оттаму, го прашаа: - Што виде таму, Зоки?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ЛУКОВ: Чекај. Појди и речи му дека ќе дојдеме со Ивана штом тој ќе се врати.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во меѓувреме се врати и Љубе, расположен по прошетката и уште од врата викна: - Ќе се вечера нешто во оваа куќа или ќе се умира од глад?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се вратив во Скопје на почетокот од месец август.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Коа приближиле до градот од воденичарот, од еден саат скраја отрчала лиса в град и беше запалила едни пусти и ветви сараи, та беше се вратила назад и беше му рекла на царските луѓе: да се вратат назад, чунки му се запалиле конаците на Тумбурли - бега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Уште еднаш го замолив да не се сомнева дека сето ова со водоводот е оправдано и благородно, дека јас морам тоа да го сторам со негова поддршка, дека морам да се вратам со ферман в раце, така реков, со ферман.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се врати во својата полукабина без да погледне повторно во О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Учителот не се врати од планината. Сигурно му го препречил патот големиот снег. Лавината. Никој не знае­ше што се има случено на враќање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бојан се врати пред колибата. Ја држеше запалената борина, свртен со грбот кон колибата, ѕиркајќи се во темнината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Главатарот престана да скока, ги откачи клучовите од уши и отиде ко својата колиба. Се врати со молив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ненадејно, неговите мисли се вратија на Кетрин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Димче се налути: „Ветре, врати ми ја капата!“ - помисли, но капата не му се врати.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И наеднаш му текна нешто: тој изрипа од колибата надвор, а кога се врати во рацете држеше голема главица зелка, од која што ги кинеше горните лисја и ги фрлаше надвор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Судот наложи Марковски да се врати не на истото работно место на кое се наоѓаше пред неоснованиот отказ, туку „на работно место соодветно за неговата стручна подготовка“ – ССП, како и да му ги обезбеди другите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да го оттргне бегот сина си од ова влијание беше го испратил некоја и друга година во Стамбул на училиште, а тој се запиша потоа во военото училиште и со една група кадети отиде и проведе две години во Германија, та кога се врати, стана муљазим, а пред една година и јузбашија!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знам на која страна ќе тргнам и од каде ќе се вратам. Си ги знам стапките.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во мислата да се вратам повторно во Кочани на годишен одмор моментално ме предомисли другарка ми Ило.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се врати на претходното место од каде имаше најдобар видик на оснежената околина облеана со бледо-синкавата светлина на месечината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога се вративме дома татко ми остана долго да чита во ноќта. Никако да згасне жолтата ламба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неколку камиони пробрчеа и се вратија назад. - Значи, Германците се вратија, - заклучи Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ДЕПА: Не ами, никогаш не сме ја кревале додека не сме се вратиле од попратувачка.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Таа немо плаче и се враќа во својата соба...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во куќата се врати старата тишина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се врати замаен, а некој ќе му рече: Пак си дошол наврнат, ама ќе биде подобро време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако се подигне сега прашањето за националноста на Македонците, тогаш ние ќе треба да се вратиме назад за 30 и повеќе години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со два и една согласка (ама, ода), со три согласки и еден вокал (бран, крем) и повторно стихови, месечината слезе под топилница во својот полисон/корсет од нарди, детето ја гледа, ја гледа, детето упорно ја гледа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некои Бугари пишуваа долги писма и ги навредуваа Србите: како сега се вратиле од Србија и ги виделе нивните невести; со нив јаделе и пиеле, та дури и спиеле; како тие таму кркаат и беснат со Германците и со нив — Бугарите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дуријата му останала залепена за десната шепа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сигурно клинците пред зградата играа брканица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со здравје да си оди, жив и здрав да ни се врати.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Потоа со мнозинство од цирка 52 наспроти 48 посто гласови победи конзервативната струја и сѐ си се врати на старо.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Комисијата повторно да се врати и да изврши разграничување врз база на австро-унгарската генералштабна карта од 1911 година, репродуцирана од Географскиот институт на италијанската војска и да изврши обележување на неутралната зона.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа чул, бездруго го викале, и грубо тргајќи ѝ ги младите раце од своите врели дамари ѝ рекол да бега, да се врати дома.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МАРА: (го загрлува). Ај, со здравје да ми одиш, жив и здрав да ми се вратиш.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само што излезе, се врати постојаното чувство на депресија. До кога ова понижување?...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога се вратија вечерта да продолжат со пиење, веселбата беше свршена.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Влегов во мојата соба. На мојот кревет седеше Рајнер. „Се вратив,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тишината и празнината конечно се вратија. Исчезна и последната долга и ниска кола со покрив што се расклопува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но не помина многу време, Цанулица пак се врати кај Цанул; шеташе низ селото како ништо да не било; пукаше каменот под неа кога газеше; ѝ гореа очите, ѝ светкаше лицето како расцутена тутенка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нејасниот лудачки блесок на ентузијазам одново се врати на лицето на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каде и да свртиш поглед, очи ќе ти бодат урнатини што ги остави граѓанската, но и куќи на распаѓање на чии порти висат катанци, што ги обесиле сопствениците кои од патот на големата измама никогаш не се вратиле дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Истата пролет, некои деца од домот „Напредок“ од некој сличен дом, што успеале да избегаат, кога стигнаа во градот и кога чуле за нашиот дом, без премислување летнале да се вратат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите ги земаа со себе клучевите на своите куќи, во кои, беа сигурни, никогаш нема да се вратат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само што се вратија војниците бугарски и почна отсекаде да се пука, да рига оган од земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јован се врати, а по него пристара болничарка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас се вратив во ходникот, и отрчав во собата во која беше мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ја, - подрече Чакарвелика, го пристутка плеталото во скутот и не кревајќи ја главата кон нив си рече во градите: - Убаво сте смислиле, деца, ама вие дома не ќе можете да се вратите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ФЕЗЛИЕВ: Зошто невооружен? Со Младичот ќе се вратат и твоите двајца, а со нив... се надевам... и со моите куршуми? Или се лажам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дали не знаеш дека никој оттаму не се вратил, си редам, ама тивко да не ме чуе, редам, и со жешки солзи го утопувам лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Индиецот почна да го преминува потокот по површината на водата. Јапонецот се возбуди и го повика да се врати.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Си мислат ќе минат сите вртоглавици, ќе дојде колце на тркалце и пак ќе си се вратат од каде што кинисале само сега како порцулански заб, петка горе десно.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Некои велат на Дедо Мраз не му достигале играчките за подароци, па се вратил да доземе уште една тура од Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но едно утро луѓето во Козар маало ги разбуди добриот Бог. Се врати Чанга!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Бајката за птицата која си ги распорила градите и си го откорнала срцето откако нејзината љубена птица одлетала и веќе не се вратила.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така, само откога ќе сме во состојба да го сториме тоа, да се вратиме со мислите кон нашето минато, ќе можеме светот и неговите мистерии да ги гледаме на поинаков начин, на еден друг начин поразлично од вчера, прецепција која обезбедува респект најпрво кон самите себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
БОРИС: Безочноста дрска со глава ќе ја платиш, кај мајка ти дома жив не ќе се вратиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Барутот и сѐ она друго е кај тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Право рече овој прост селанец. Еве, четири пет месеци преседов во ова ѓаурско село, едно влакно од косата не загина ни на еден војник, а камо ли мене.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој ќе се врати, а јас ќе знам дека среќно си стигнал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сметајќи дека во Македонија во моментот немало услови да се организира некаква покрупна акција, Мерџановата група се вратила во Софија и се поврзала со претседателот на Врховниот комитет Б. Сарафов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се вратила во својата земја. Кај родителите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Одлетаа и мислевме дека нема да се вратат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дукле одново се зарадува, одново надежта му се врати.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Живее и никогаш не смее да се врати в град.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа се стрча долу во градинката да ги собере пердувките од врапчето и да ѝ ги покаже на сестра си кога ќе се врати од училиште.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас сакам да се вратам во Југославија, велам, а тие ми велат дека е таму многу тешко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вративме пак на споредниот пат и застанавме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можел, не смеел! Тој миг можел да се нарече самоодрекување на поет и песник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислел дека ќе се смири, ќе се допокрие и ќе му се врати со морничавење на сонот, на кошмарот од кој веќе не можел да се ослободи ни буден, со воздишка од која студена молскавица ќе го жегне преку душникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
7. Двајца монаси дојдоа до потокот. Едниот беше хинду, а другиот зен монах.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еднаш ќе исчезнам во сенките на твојата пена Ќе се вратиме во коренот на големата билка Има цутови загубени огнови на летните ноќи трагачи на добрата утока на утрото Има цутови одвај исправени над своите болести.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Зар да не веруваме дека, најпосле, доброто со добро се враќа?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рекол дека ќе заработи за голема куќа и дека ќе се врати. Но, не се вратил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Раката патува низ чад како заскитана реч е не ќе се врати за нова молитва.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Јосиф се врати кај Сандра чија радост ја исполнуваше целата просторија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога се врати, Змејко веќе ја имаше запалено печката и малиот остана маѓепсан од чудото на топлината, заборавајќи наеднаш на неговите прсти, и на сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гавазот излезе и веднаш се појави на вратата Суљо-ага. Со длабоко темане и тој го поздрави кадијата како гавазот пред малку. – Сабанаролсун, сабанаролсун, Суљо-ага, бујрум. Кога толку бргу се врати?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А немаше година откако се врати од Стамбол. Цел живот таму го помина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Потоа ми поминува. Доаѓа како бран и поминува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Ќе одиш во слободна Македонија, ми вели, ќе го родиш и ќе се вратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак ги свикал дворските старешини на советување што ќе прават сега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И во секој егзил има една тврдина со скршени врати... Тие се вратија, но не и јас... - пееше Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај тоа што Татко инсистираше да се вратат на иницијалниот проект, односно на потрагата по опасните турцизми во нивните мајчини јазици, тој, сепак, продолжи: Франц Боп, како и Фаик Коница, ги претставуваше јазиците како човечки суштества коишто можат да се следат од раѓањето, преку животот, до смртта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секојпат кога чуварите ни велеа дека времето за прошетка во паркот е завршено и треба да се вратиме во своите соби во болницата, една девојка го прегрнуваше најблиското дрво легнувајќи на земја, и долго се бореше додека не ја одвоеја, врескајќи: „Јас сум сон на ова дрво!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Твојте лисја, горо ле, сестро, Пак ќе раззеленат, Мојта младост, горо ле, сестро, Нема да се врати.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Старото чувство, дека во суштина и не е важно дали О'Брајан е пријател или непријател, му се врати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Ако се вратиме, вели Коста, дамите канат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сеќавам, исто така, дека Земанек брзо се врати, дека ги прегрнав и двајцата, дека ги бакнав во образите и им реков: „Благодарам“. Тие гледаа во мене стрештено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пријателите и роднините навиваа да се врати, и Марија стана мета на клеветничките обвинувања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но Аврам и Депа, прифаќајќи ја девојката како своја ќерка, ја задржуваа да не си оди, давајќи ѝ надеж дека Толе ќе се врати дома, ќе се прибере, ќе се вразуми.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Да се вратат по своите домови во срок од десет дена; нема да бидат земани на одговорност ни прогонувани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во камионот ми товарија триесет тешко ранети и право во Корча и веднаш се вратив назад.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На авторот ќе му бидат потребни дополнителни петнаесет години за да го оствари ова внатрешно патување, за да се врати кон тоа што жесто­ко го обележало, одржано во инстинктот на спасување­то, задржано по првите налети на заборавот: „Нека останат спомените длабоко вкопани во ме­не, дури до заборав, сѐ додека ферментирањето на животот не одлучи да ги исфрли на површина, сѐ до мигот на оваа книга...“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Е, ај, ќе се вратиме. Се враќаме пак кај пазарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- му рекла.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но не ќе се врати човекот чие одминување го најавуваше свирежот на возот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таа ми кажува по нешто, а јас мислам дека сега се вратила оттаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другарите успеале во акцијата и само што не се вратиле...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш Адам Лесновец им свртел грб и потрчал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се врати дома, постојано ја гушкаше мајка му прашувајќи ја: „Нели сум твој, мамо?“ „Мој си, синко“, му велеше таа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
КАТА: (се враќа липајќи од плачење и трча кон прозорецот, го отвора, вади шамиче и мрдајќи со него вика).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Затоа и одвреме навреме ќе се затекнев како му се обраќам преку прозорецот, како го викам по име, му дофрлувам неважни зборови само за да се јави, да проговори нешто, или барем да ми го спомене името, да му го слушнам гласот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка замолче, си се врати во својата тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се врати во колибата, провери дали има жар во огништето, го приспотна огнот, па ги зеде грнците и се спушти на изворот по вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога не ќе најде никого таму, се враќа пак во средината на собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се поврати од сите страни вревата на животот. –Чанга се врати! Да живее Чанга! Да живеат козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Реков разбирам и сега чекам таа да се врати... Разбираш?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш, со насмевки на лицата, се свртија и излегоа од тунелот, токму кога се врати учителката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Татко ми, во нервозата, му се врати на радиото. Сакаше докрај да биде со текот на настаните.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мурџо исто така видливо растревожен од далечниот глас на камбаните оти и покрај тоа што сака да продолжи со нив, онде горе, на крајот од улицава ќе се сврти Пелагија со еден молбен опул дека доста одел со нив, дека сега е време да се врати да ја варди куќата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да не го згрешив селото, вели, да не се вратив во туѓо село, во непознати луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така таа се вратила до Фред и го вперила пиштолот во него.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но за да се раскаже таа сторија требаше да се вратам неколку години наназад, во летото на 1978 година кога за првпат се сретнав со соборецот на Јасер Арафат, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, заедно со неколку палестински поети, во Струга, на бреговите на Охридското Езеро, кое го сметав и за своја конечна татковина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крмакот ќе ја убие мечката, а ловецот ќе го застрела крмакот, и така со два улова ќе се врати дома, велеше татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зашто Чанга може да избега со неколку кози и со некој прч, некаде да се скријат, па во друго време козите да се размножат и повторно да се вратат во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да ми тропнат, леле, на порта, по дворје и одаи да ми се растрчаат, да ми се распеат во бавча китна, во лозје зрело и ливада зелена, Господе златен, семоќен, та тапан да удри и зурли да писнат за свадби, за првачиња и мераците да потечат ко река, леле... Кога ќе ми се вратат, леле, кога?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе ми појде дури онаму онака и пак ќе ми се врати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дека оној човек, кој ги полева леандрите во дворот, не е татко ти туку некој негов двојник кој доаѓа да го замени додека да се врати од неговите патешествија, ако воопшто некогаш се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еднаш, кога се вратив од работа, ја најдов крај прозорецот, со скиселено лице.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
АРСО: Заклучи ја устата. И оди.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нема да му биде јасно како залутал во оваа пустелија, ќе ги собере парталите и ќе се врати назад.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сите тие години не знаев ништо за него, а тоа попладне ми ја кажа причината зошто се вратил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бојан воопшто немаше желба да се врати во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— После се вративме, вели Воскресија Мукаетова, пак дојдовме кај гробиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првиот го означуваше времето на зенитот на нејзините западни илузии, на нејзината кратка италијанска пролет, а другиот каталог, времето на источните илузии кога, со своето семејство, ја мина границата, со надежта дека, еден ден, ќе се врати во родниот Лесковик, во Солун на своето детство, во Поградец, градот на своите први рожби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Освен женската, која во оваа година - ќе се врати токму за 2.000 години назад, и по малку ќе наликува на таа на Римјанките.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Ридот ништо не родил“, повторува тврдоглаво таа, „туку сѐ што дојде и сѐ што не успеа да се врати од тој рид беше дело на оние будалине што тргнаа да го освојуваат иако не знаеја што токму ќе треба да освојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш од купатилото се врати Азра која во меѓувреме со ладна вода се испрска под мишките и меѓу нозете и гласно негодуваше за шиштењето на славината над кадата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури и ако поминеш, тогаш и од онаа страна ќе се најдеш пред конец кога ќе сакаш да се вратиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Прво, тргна кон Судот, па се врати, продолжувајќи кон дома, небаре се наоѓаше пред дилемата: должностите или семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Си велев: Прениско е ова место за да се стигне навреме да се стигне пред гламната да прегори пред виделото да нѐ напушти за да ѝ се врати земеното на земјата: вода, оган, крв.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пред да се разделиме, синко, би сакал да ти речам дека кој пат ќе го фатиш најмногу зависи од самиот тебе, што ти е на срце, што ти е скриено длабоко во твојата душа: да останеш и да ги завршиш правните студии или да се вратиш кај твоето семејство на Балканот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пуста судбина, си велеше таа кога се врати од Цариград, со сронато срце, со премалена душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оти рече Филозофот: „Јас буквите ини на карпата не можам да ги прочитам и да ги узнаам; најпрвин на хартија или пергамент треба да ги ставам, за да може топлината да им се врати каменот што им ја одземал, што им ја шмукнал, па потем, според топлината на буквите ќе им ја определам светлината, бојата нивна, и конечно, значењето нивно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да се вратиме ние на Мика. Мика е познат како талентиран виолинист, гитарист, пијанист, композитор и аранжер.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Благодарение на тоа што тој ни кажа каде да го најдеме песокот бргу свршивме работа и се вративме со него ненакиснати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По очајна молба, исфрлање кон оној што беда испраќа, секој збор изречен на него му се враќа.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ама штом ќе се вратам до врата, ќе се обѕрнам, не можам да не се обѕрнам вели, и ќе го видам пак срчето. 232
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој застана, но не се врати. Неспокојните очи на мајка му беа втренчени во неговото лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас го добришав и последното огледало, и во него видов дека Рајнер стои зад мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А времето веќе се одмакна. Фатија Петрови пости, наближи и Петровден, та и беговите побараа дозвола да се вратат по чифлизите да ја соберат сеидбата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За да ѝ се врати мора да стане полн во своето битие, да го запознае рајското доживување на полнотија кое не го запознал во детството, иако несомнено го оживеал како продуктивен уметник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден од партизаните му напомена дека е поарно да се врати в село, да не паднело сомневање на него. Се разделија кај камењарот на сувиот порој.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се откажа од светлината, од сонцето... Татко исчезна. Никогаш не се врати во родниот крај.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потоа се доближи до огледалцето, се погледна и во него направи гримаса.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
16 Откако другарка ми со која поминував многу време замина кај дечко ѝ со кој беа разделени некое време, значи се врати во Соседството, единствена занимација освен учењето ми беше сајбер дружењето на фејсбук.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога се вратил, се покрил преку глава, мавтал под јорганот со нозете и се кикотел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таму не најдовме што оставивме, но – најважно беше што се вративме живи и здрави.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ние нестрпливо го очекувавме мигот да се поведе разговор за Чанга и козите. – Чанга се врати – прифати татко ми – но проблемот со козите останува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Богословот се врати насмеан и повисок. Со своето враќање го врати и него од неговиот свет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ФРОСА: Вистина, вистина, останало од старите - адет кога излегува некој од куќи за на печалба да се стави софра. Велат за пак да си се врати на софрата — дома.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Додека нејзините соученици ги полнеа батериите, Рада отсутно одвај чекаше да се врати дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во сонот тој се беше сетил на последниот поглед на мајка си, и во неколкуте мига од будењето цел грст од мали случувања во врска со тој поглед му се вратија во сеќавањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вознемирен се врати кај Глигора. Заспа некаде кон муграта. Но брзо се разбуди.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој уште малку остана покрај девојката и потоа се врати кај момчето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Профим почесто навраќаше кај нив и тие го прибираа како свој човек, прашуваа за своето родно место, за селово, во кое сакаа повторно да се вратат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Им понудил да работат кај него како добро платени проститутки; тие одбиле; тој се заканил дека ќе ги убие, и две ноќи ги држел заклучени во неговата куќа; дошла полиција и ги ослободила, но пукнал срамот, нивните имиња и фотографии се нашле во весниците и тие веќе не се вратиле во родниот град; дури, и ден-денес не знаат дали мајка им е уште жива.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рожденката не ја дава ќерка си без пари, Крчо нејќе со пари, и така ќе си се врати на Анѓа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дејко веднаш ги допре фаровите - светнати и мазни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Никогаш да не се вратиш, да даде господ! не издржа доброто вујне, за добар пат, на третиот чекор ме благослови. Проклет да бидам, благослов.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Направи неколку чекори ваму-таму па пак се врати во библиотеката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И си кажуваме што ќе правиме дома. Кога ќе се вратиме, ако се вратиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имавме едно радио во облик на раширени крилја на паун, кое татко го донесе кога се врати од Цариград, кое како да беше дел од куќата крај реката Вардар во Скопје, дел од семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Попот докажуваше дека коските и металот не горат. уште пред тоа да избувне огнот, Антун Крстин му свртил грб на селото и се вратил од кај што дошол, негде кај што овдешните луѓе нашле ново Кукулино во кое со грч под ребрата ќе тагуваат по својата земја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби ќе се вратам малку покасно“ рече облекувајќи го мантилот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На патот за Сабоцко преноќева кај Горѓи Ѕерѕев во Пожарско и го ополномошти да побара од Мегленијата десетина — дваесет, та кога ќе се врати да ги преметне преку Кравица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колкупати сум плачела од бес кога ќе се вратам од школо и кога ќе видам дека во мое отсуство ми зел гумичка, или ми украл некоја скриена мастика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога се врати назад Пикник ја читаше „Девојката од мочуриштето“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се разбира, мораше да се потпира на нив, но можеше и да се одлепи, па да заплива во новите води на психоанализата (Фројд, Јунг); а особено го радуваше тоа што можеше да се врати на литературата (Достоевски), на драмата (Шекспир), па и на театарот, воопшто сцената, дури и на музиката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Борхесовиот одговор беше венчавањето со Марија Кодама, преку посредници, во Парагвај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По нападот на Дебар повторно ќе се осврне на оваа потреба: “штотуку се вратив од полската болница.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа го помислив и она утро, кога влезе овде во одајава и без некој нешто да го праша едноставно објави дека оној Голем Тодор, за кого ништо не се знаеше со години, се вратил; дека сега станал и ѕвездочатец.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одбра неколку убави јаболка за себе, одбра потоа некои ситни и некои што беа почнале да скапуваат, стегна под мишката и малку сено, па грижливо затворајќи ја вратата, се врати во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И сето тоа спакувано во врзопче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
ЛУКОВ: (Оди до прозорецот и гледа на улица.) По ѓаволите, што се враќа овој?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Ете, бевте во странство и се вративте... - им вели командирот на караулата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Една ноќ семејството на Дарвиш ќе се реши да се врати во родната Галилеја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Плати, му наточија, и се врати кај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се врати пет – шест години наназад и се виде себе си како води љубов со Билјана, најубавата девојка во генерацијата во школското ве- це кое мирисаше на лајна и амонијак.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
7. По четири месеци, ми пишаа пак да се вратам назад, преку граница. „Потребна си ни, ми велат, секој кадар ни е потребен.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оф јас сиромав само со умот што се богатеам, оти уште еднаш јас ќе било касмет да си одам, ами види го тоа широко море: до кај јас да се вратам уште еднаш назад, овде коски ќе окапам и друго ништо“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се омажила во дваесет и второто лето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури и по големите потреси и навидум неотповикливите промени, секогаш се обновувал истиот модел, исто како што и жироскопот секогаш се враќа во состојба на рамнотежа, без разлика колку силно ќе биде турнат на една или на друга страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, не беше во право: таа се вратила кај своите родители и таму Сатурн ја побара, решен да ја врати по секоја цена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да се вратиме сега на Rychlack, кој е репрезентационалист, но не е обожавател на когнитивната наука или на AI.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ви прераскажувам јас што толку долго бродев Што видов нова земја и ново небо што видов И пак што се вратив одново за да бродам.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Што ми требаше да молам да се врати од Албанија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За четвртата година во средно се врати и ја заврши во Македонија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Баба силно тагуваше оти синот се врати од Истанбул, се чинеше засекогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Синот се врати со цена, ама јас никогаш тој ситниш не ти го дадов“, рече широкообрзестиот свртувајќи се кон Еда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не отидов во кафето. Доцна ноќта мама се врати. Со придружба.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како ќе се врати сам?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од ова патување, според раскажувањето на нејзината ќерка Фатмире, баба се вратила изморена, разочарана, со губењето на својот сон дека нејзините синови конечно ќе заминат кон Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие про'ржаа, процвикаа и се вратија назад кон булукот, а Турчинот го поведе дедот Јована кон чешмичето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Велеше: „На враќање од Виена, мојот прапрапрадедо не го одбрал патот на Виа Игнатија, туку скршнал кон Овче Поле за да навтаса кон Едрене, па да фати кон Кападокија, а оттаму по пат што допрва ќе го открива да се врати назад во тивките пространства на Инд.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе се вратите, о, одново ќе се вратите Вие скитачи што го множите сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Задишан се врати на местото на кое требаше да го чека жената во црно, но таму не го чекаше таа, туку налутените баба и дедо придружени од полицаец.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ај, пичка ви мајчина ваша, си реков и излегов од автобусот. Излегов, и се вратив дома.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Забрзано ја испрати и се врати дома, потем, наведнат кон огледалото, долго и правилно ги триеше јадрите заби со четка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Козите сигурно го освојуваа градот. Набргу се врати детската врева, децата сега поцврсто газеа, нивните игри беа подолги, успехот во училиштето беше подобар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„А, не! Шест месеци продавам на плажа во Пореч, а другите шест сум ’Доктор Славе’ - познат травар и исцелител“, се насмеа и, додека мислев дека се шегува, се врати облечен во бел мантил, со слушалки околу вратот и апарат за притисок.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не издржа, се врати назад во кујната од каде што, на наше огромно задоволство, секој ден ни носеше нешто за јадење - зденки, мали мармалатчиња, месни нарезоци, конзерви со сардина... а тоа за нас тогаш беше...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Она што го доживуваме како тешка ситуација, несигурност - тоа не е абнормалност, туку перманентна човечка состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чудните и неразбирливи знаци оставени од „староседелците“, како што ги нарековме лудите, што пред нас биле тука сместени (едно печеснаесет, сигурно последните, другите се разбегале веднаш по војната, се вратиле во нормалниот живот), - проклет да бидам, тие знаци раѓаа страв во коските.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- За поединостите во врска со казната на Чардаклија узнав кога се вратив од службеното патување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но и кога земените од војска не се вратија, стигна абер дека останале да лежат таму на бојните полиња за слава на империјата и неговото височество султанот, Руса пак продолжи да го чека Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Замислувавме, разговарајќи за неа толку често, дека еден ден ќе ни се врати со рогови, веќе станата елен третјак како што ги викавме елените кога ќе дојдеа со полна снага и ќе имаа најмалку по три чатали на роговите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вујкото, ограбениот маж, кога си дошол на себе и кога сфатил колкав срам ќе јаде во селото ако се врати без жената и штотуку роденото, кон грабнувачите ја насочил полицијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ќе се врати од печалба домаќинот мој, и ќе остане колку во мене семето да за ’рти. И пак ќе си замине...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Венче му читаше сѐ додека не дојде време да ѝ се вратат родителите од работа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ако само ја доведете оваа доктрина во прашање, небаре опасно сте збајале и сте го повикале страшниот злодух на инверзијата, отворајќи ја така вратата низ која може да се врати викторијанската психијатрија, со сите нејзини древни предрасуди за вродената абнормалност и псхопатологија на родовата девијантност на геј-мажите. ‌Но, сѐ додека се чипчиме за претставата дека гејството може да се сведе на избор на истополов сексуален објект, дека нема никаква врска со тоа како живееме и со она што ни се допаѓа, дека нашата хомосексуалност целосно се обликува пред некако да се изложиме на геј-културата и независно од неа – и сѐ додека се држиме за тоа верување како за некаква догма – сѐ дотогаш издржливоста на геј-културата ќе си остане вечен срам, како и нерешлива аналитичка загатка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се врати в село по неколку дена, терајќи пред себе карван коњи, претоварени со сите оние работи, што можеа да се присоберат по џадињата во тој април.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја молам Оливера да се вратиме, да го побараме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме прашуваа дали ми е добро зошто сум се вратила, и безброј такви директни прашања кои бараа детално објаснение, во мигови кога човек сака да се затвори во собата и да ја чита својата омилена книга.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На небото се појави ракета. Кружеше, потоа се обрна, се врати и полека се спушти на ледината, на триесетина метри од опсидијанскиот ѕид.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе истрча да полае, и пак ќе се врати, ќе клекне пред мене и ќе ме гледа, ќе се гледаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трнот стои. Се врати со погледот преку рамо фрлен, а стариот сув трендафил пушти нови пупки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во два коша натоварени на еден коњ ја премина Баица Дрина на брдото кај Вишеград и не се врати веќе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој ден, Битола како повторно да се врати во старите добри времиња од преминот на 19тиот кон 20 век, кога беше еден од најважните градови на јужниот дел од балканот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Најпосле се врати, атентаторе. Земи. Држи ја стомнава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Штом го виде дедот Петка, отрча во комшиите, ѝ кажа на Доста и — уште не ни врзани маските — се вратија двете и Доста се најде во ќералчето на дедот Ристета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога во летото се вратив во Скопје, тој и натаму редовно одеше на променада до „Метропол“, само што наместо шапка носеше сламено жирадо, наместо сивиот громби капут – крем костум од ленено платно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И кога повторно го крена семејството на нозе, неговите синови пораснати, и можеби моќни како тој во младоста во Цариград, му понудија со малиот фиат 750, купен со заеднички средства, произведен во Југославија, според италијанска лиценца, да го одведат во Турција, тој со блага насмевка која освојуваше, само им рече: Синови мои, зар да се вратам како ритач во градот кај што можев да бидам господар!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
ЛУКОВ: Блазе си ти. По свршената работа одново ќе се вратиш на Пирин, на својот Пирин, а ние ќе останеме... овде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Застана на едно место и се разгледа наоколу, не толку со љубопитство, колку со важност, божем целиот свет знае дека се вратил и дека е тој тука, но не истиот, туку друг, богат, испеглан и чист, човек од светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Штом се вратив од чаршија ја фатив мрзата за шија цел ден по сокак дрдорела сармата скроз ја загорела Куќата цела ко кочина не можев да отпочинам филџани стојат на масата а мрзата мрсна небањата Нервозно кренав паника и сукало дебело заигра комшилук сеир гледаше назад кај татко бегаше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Оттаму се врати со полно шише нафта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Отидов до одајата на пречесен отец Јулијан Граматик, постојав пред неа неколку минути и се вратив повторно во одајата на Писмородецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога го бакна, таа му рече, „Ти се врати дома поради нешто, Даниел? Дали нешто си заборавил?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го снемало. Кога се вратил (можело да се види дека беневреците му се влажни на колениците) од отворениот гроб се кревале лилави чадишта и уште нешто - мирис на нагорена волна и на човечка тага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По неколку часовното стоење од кое ми потекоа табаните, ми настинаа бубрезите, добив цистит и дијареа, бидејќи се погоди студен ветровит ден, се вративме дома да ги дојадеме работите кои останаа од погребот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дадено на ќаата на везирот Мустафа 26 сефер 973 год.   И Сефедин доби еден арапски коњ од султановото ергеле, го кладе ферманот во џебот и за дваесетина дена се врати во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште во Баово ги продаде и двата коња на поп Мишевци и Цоцот, слезе во Сабоцко, појаде, попи и по десетина дена се врати назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Борхес направи сличен избор: соочен со хаосот во светот, тој го избра редот на библиотеката, сигурноста на одгатлив лавиринт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ги прегрна, ги избаци и тргна... Тргна и веќе не се врати...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Вози, вели со цела брзина и немој да го жалиш џипот и бензинот. Народната власт е затоа, за да дава.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше сепак добро, не мислеше многу на тоа. Уште веднаш ѝ се врати на својата бичкија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А јас, прекинувајќи го, му реков: ајде, Василе, ајде да се вратиме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
МИТРЕ: Ами, ако го вратат Анѓелета каде ќе најде пари за да се врати?!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сметката излезе точна. Уште ноќта бимбашијата полека ја прејде реката и во темницата го опколи од трите страни селцето Гудјаково во кое Толе се одмараше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
3. Распосли си го окото - мојата љубов сака да патува мојата љубов сака да залута да се врати, да нѐ спаси мојата љубов сака Во предградието на твоето око трепките си поигруваат есен, отвори, патникот кој чука е љубовта ќе влезе за да побегнеме од времето меѓу градите отсекогаш сум носела виделина окото твое отсекогаш ме барало мене - разбуди го, ноќва како на сон те сакам, погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А губитникот... на џаде, ’ко Леси кој би се вратил дома, кога би го примиле.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не издржала, станала и се вратила кај децата во Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тиа што ќе откинат и побегнат, да не можат да се вратат веќе, макар колку аскер и заптии да доведат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војската тргнала и не се вратила. Стасала до планините.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога излегуваш да купиш цигари те прашуваат: ќе се вратиш ли годинава?
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сестра ми во меѓувреме се оддаде на волшебно одгледување растенија гледаше во нив имаме ли иднина или не моите невени развија раскошно и сега ми се пред очи отворени како мугри ти најмногу ќе ги израдуваш мама и тато со твојата судбина, рече таа на мама ѝ се врати надежта и се насмеа за сите тато се разбуди од сон што не ни го раскажа и појде на извор јас не верував во ништо иако и денес се вознемирувам од помислата на неа барем ноќта да не ја испуштам денот изгледа не е доволен да се стигне на правото место реков и почувствував - имам работа со симболи од -ден-на-ден стравот е сѐ пострвен ако не се исплашам нема да запамтам што се случило стравот е време додека се думам во мракот - останало ли нешто од мене мрда под прстите надигнат и препороден.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го видовме, значи, камчето од Месечината и се вративме дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со враќањето на работа, тој исто така се стекна со право да ги побарува неисплатените 16 плати, за периодот додека беше незаконски отпуштен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но тие ништо не знаеле да ѝ кажат; ја посоветувале да се врати дома си и да чека да види на што ќе излезе сето тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чанга се врати! Ечеше неговата песна во градот, како некогаш револуционерните, победничките. Долетаа и козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Не сум ти раскажувал таква бајка.“ „Сети се,“ реков. „Ми раскажуваше.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така, наскоро дојде до капитулацијата на Италија, до настапот на сојузниците во Сицилија, сѐ почестите англо-американски бомбардирања на окупираниот европски континент, додека на Закинтос се случи примопредавање на власта од солдатеската на Мусолини, на веќе поразуваната, но и раздразнетата Хитлерова војска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со залепен фустан на нозете, јас се оддалечив, а потоа сама, по оној пат со расцутените бозје, и преку потокот што врвеше низ ситната песок, се вратив дома.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но да се вратам на големиот ни ден.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но не се вратив за тоа. Неделко Шијак е болен. Не се фаќа за нас благословот на игуменијата. Навистина не сме му мили на господа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЛУКОВ: Не. Но секако ќе треба да се вратите побргу.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Можеби светлината не ќе се врати, но излезот до белиот свет е тука некаде.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И мечката го сети тоа. Таа првин како да се ребреше од новиот истрел, што го очекуваше, онака свртена и безмалу совладана, а кога истрелот не доаѓаше, таа прво си се врати на својата дира, со крвта, што ѝ се сливаше по снегот, а така вратена, таа како да се најде повторно себеси затрчана и веднаш продолжи кон него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Свадбата стана веднаш и тие си заминаа за да не се вратат веќе никогаш во овој град.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас - како Снешко декемвриски, а ти смрзнати грутки снег, со срце врело зашто ќе се врати оној „првиот“... и пак со љубов и поглед ќе ме топиш мене. Твојата снегулка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не знаевме дека тоа им било „како си, што правиш, кај ќе одиш, кога ќе се вратиш“ . Не било тоа налутено карање или друго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето што го изнесоа Дончета Спикоски, се вратија во црквата, и крстејќи се, рекоа: - Бог да го прости! 137
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ратко, откако малку се премисли и заклучи дека би било некорисно да се распрашува, се повлече и брзо се врати со нешто илјадарки. Му ги подаде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На крајот на краиштата, токму дозволата од мајка му не само што успевала да го одложи, иако само привремено, забранувачкото женско обродување на театарската сцена туку и му дозволувала на момчето да претендира на оној вид општествен идентитет и субјективна целовитост што можел да го достигне само со имагинативна изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И Лозан Перуника се вратил од почва на гримизна топлина во зелен свет на стварност, не за да го предаде својот сој и неговиот нагон туку да го надрасне густото шепотење на крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа ги пушти и говедата. Додека тие пиеја вода и се бавеа, изненадени од снегот, преку кој и тие не се решаваа да загазат, Бојан им фрли малку сено во предниот дел од тремот, оставајќи ја вратата отворена, сами да се вратат и да влезат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога го виде се враќа без униформата, воскликна од радост: - Добре дојде дома домаќине! – му рече веднаш при првиот поглед во дворот, кога изненадена од глетката се порадува.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас не можам да заминам. Ја напуштив работата на бинзинската станица, но морав пак да се вратам.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чувството на замор му се врати и колку што повеќе возењето траеше, тој толку поизморен се чувствуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фактот дека кравата секако би се вратила кога навистина би почувствувала потреба да ѝ се потегнат вимињата воопшто не ја засегал Брунила Вексли.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веднаш ќе се вратам на тоа“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Те молиме оче и личниот свети Наум да му помогнете на кутриов Силко... умот да му се врати...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Затоа, пред да дојдеме до неа, еве, ние ќе се вратиме малку наназад, во времето кога на големиот глобус, познатиот светски патник првпат ја забележал некаква празнинка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Или ќе ми речеш дека го заборавив зајакот, и оној краешник заечки леб што ти го донесе татко ти откако се врати од еден лов на зајаци?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Чекав двеста века“, продолжи, „ги чекав да се вратат синовите на синовите од синовите.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Стивенс се возбуди. - Веројатно има мечиња штом се вратила... И утредента пак тргнаа по неа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Е, па, што не го прекинеш летувањето и што не се вратиш штом така ќе почувствуваш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Добро, велам, ќе појдам и ќе се вратам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја гледаше карпата над својата глава, погледнуваше со страв во амбисот под себе и се прашуваше: да продолжиме да се качуваме или да се вратиме здрави и живи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Триве последни заемки најчесто се употребувале за означување вид денешни плакари, вѕидани долапи, рафтови слично, а дел од нив се и во денешна употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Симптоматично е тоа што настанот мистериозно беше изоставен и од евиденција во полицијата, иако како што видовме погоре беше благовремено пријавен од страна на самата болница!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас имам премногу обврски за да можам да ги одведам, а Том нема да се врати навреме од работа.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во мојот кревет, во другата соба, око не можев да затворам од што ја пцуеше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако ме одвоите од дрвово, тоа ќе престане да ме сонува и мене ќе ме снема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во некое списание, наменето за ловџии, или во весник било, пишувало дека порано, пред што младинските работни бригади ги исушиле мртвиците и блатата, во Пелагонија, во Ларинско, Битолско и Прилепско Поле, а тоа значи и во Потковицата, живееле над 400 видови птици, но дека сега биле сосема изретчени па се предлагало, или сами властите предложиле, да се направи некако да се обноват мртвиците и блатата за да се вратат птиците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жеден е, па подгледнува вдолж авионскиот коридор, очекувајќи да се врати стјуардесата со освежувачката понуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Циљка тивко, без збор, седна до Зоја, којa пред недела дена се врати во стројот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како тогаш да се вратиле од пасење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од 1998 година се овозможи работничката на породилно отсуство да се врати на работа, „ако сака“ (!?), пред завршувањето на своето породилно отсуство (чл. 1, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога Омразата заврши, тој се врати во својата преграда, го зеде новоговорниот речник од полицата, го оттурна говорпишувачот настрана, си ги избриша очилата и се зафати за најважната работа тоа утро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го зеде снопчето и се врати во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како резултат на тоа Светозар Вукмановиќ-Темпо одлучил да го одложи патувањето кон север и да се врати во Црвена Вода „со сите луѓе кои што можеше да ги собере“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со ноже го распараа конецот од самарчето, го ставија внатре писмото, набрзина го сошија, и, како ништо да не било, се вратија назад и седнаа на буката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Само за да ми напоменала дека сѐ уште ништо не било завршено; дека тргнала да ја сподели воодушевеноста со другарот Сираков и дека веднаш ќе се врати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зедов казма, лопата и отидов. Ја оставив Уља, јатрва ми, да варди дури да се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се вратиме од Луксембург кога ќе заработиме за куќа. Но дотогаш... Ацо не ја заврши мислата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука беше и Ѓеро Ѓенески и Неделко Сивески. Пишавме и писма. Писмата долу ги занесе Неделко Сивески. Ги занесе и не се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после, ти велам, се искрадува Мисајле Ковачот, се истргува некако, никој не виде во тој прплец кога отиде дома и кога се врати од дома, туку еве го со пушка в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Онаа нервоза што ми ја предизвика жената ми се враќа со уште пожесток налет и си велам самиот себе си: што не си се вратиш да си умираш во постелата туку и умрен не престануваш да правиш глупости.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа беше вистина, зашто таа ноќ тој прво се разбуди кога Луман им дојде, а после и кога се врати со деда му откај Мирчета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ама којзнае дали ќе се врати?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Скршеното јајце е и така ќарено јајце, и тој што губи мора да се врати и да земе друго. Таква е играта и таков е обичајот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И не се вратил по измитарената шубара што од испотеното теме му ја симнала подадена гранка на стара леска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Треба да го вратиме пред да стане кој и да било на светов и во околинава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И израснал толку голем да може да изгради силна ракета, да седне во неа, да летне до Месечината и да се врати назад.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој можеше слободно да се врати, а и францускиот командант Мортје во Поградец прашувал за него, препорачувајќи им на Татковите родители слободно да се врати од Цариград, му била утврдена невиноста, а и ќе може повторно да работи во Командата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе почекате до следниот пат кога ќе се вратам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можеби козата останала жива и се вратила? А магарето?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Потамина тргна по улицата нагоре, излезе над село, сврте по друга улица да се враќа и наскоро пак се најде на средсело пред продавницата што уште не беше отворена, но таму, раштркано, веќе беа наседнати пет-шест постари жени, два-тројца исто така постари мажи и едно девојче со отворен уста, убавко, но по изгледот тутулаво.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама и тоа не траеше долго. Болеста пак се врати, пак нѐ подбра.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тоа дека мораше да им се врати сам, тоа што не ни помисли да ги чека да дојдат и да го земат, беше во него пак уште една работа, кон која тој не можеше ни да замисли, а да не се придржува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И знам дека кора ќе се вратиме дома, јагликите ќе зафатат место во најубавата вазна, а јас ќе морам заедно со Билјана да размислувам за приказната на старецот и да одговорам на стотици прашања што Билјана секако ќе ми ги постави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Како се врати откај мртвите?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да даде Господ и Богородица Мајчица, да ни се вратат - се крсти баба Петра и со раце крстосани ја кажува молитвата, до трипати ја моли Богородица Ѕвезда да се врати со мајка ѝ и момчето што го заљубила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со лименката наполнета до половина, се враќа под стреата на бараката каде што живеат падавичарите и седнува покрај Нумо, кого неодамна го донесоа од Сук.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Кога ќе се вратиш од Струга, дојди пак да видиме да ли си добил сол.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му велиш: „Откако ја изнесе печката во тремот, некој топол ветар шета околу нашата куќа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Уште не стигнал до прашањето кое го поставува предворјето на зрелоста: „Што ќе биде самиот тој еден ден?“, кога родителите му починале еден по друг, прво неговата мајка, потоа татко му.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се врати со израз на вчудоневиденост на лицето. - Спијат, - му шепна на Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И кога ќе се вратеше, не скокнуваше веднаш во скутот на Милан, туку стоеше и чекаше тој да го крене, за кое нешто беше сигурен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А наеднаш како мов, подводна трева, меѓу неговиот поглед и она малечко, долгоуво главче на неговото срнче, се залелка и се отвори сега на еден сосема поинаков начин, зародена прво во него, а после одразена од него и во овие питоми очички на животинчето, познатата непремостива провалија; му се врати на еден само негов начин, а веднаш со неа и едно зачудување во него како можел да ја превидува толку дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш келнерката се врати и се налакти на шанкот пред двајцата другари плеснувајќи ги двете дланки врз шанкот пред себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тукушто се вратив од очен лекар, со очи широко ококорени и жолт како лимон. Ми правеа флуоресцентна ангеографија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Си реков, како да се окуражам, да се залажам: „Може јарето е загубено и не знае каде да се врати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми се чинеше дека онака бледа, пеплосана, не ќе може да го стори тоа; но како што минуваа деновите, работата ја исполнуваше Луција и полека крвта ѝ се врати, образите ѝ се заруменија, погледот ѝ се избистри а модрите полумесечини под очите исчезнаа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со солзи радосници измачените маси ја искажуваа својата радост и возбуда и, прегрнувајќи се, изговараа возбудено: - Се врати Захаријадис!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овие зборови им дојдоа како мевлем на рана на членовите на штабот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не е наивно да веруваме дека доброто со добро ќе се врати.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе се вратиш... и ќе се љубиме, мил мој - еден за друг ќе живееме - во твои очи ќе ја гледам мојата лика - како во огледалце ќе ја гледам - како првпат кога ме виде - со тие очи - милозливи - кротки - светнати...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да ги гледаш белите коленици на перачките, џандарите на прошетка што застануваат покрај нив, да ги гледаш војските – кој без капа кој без колан кога се враќаат дома од насока на гробиштата, од насока на оние безброј бигорни крстови врз кои колваат некои црни птици...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Утринава го прашувам монахот: - каде е сестра Ефимија? - зад молитвата е, вели, коленичи пред Света Дева и ја моли да го надои јаренцето што се врати болно од пасење...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но, со носењето на ЗРО (2005) интересно е тоа што, повторно, се враќаат правата на неизбраните кандидати кои конкурирале за одредено работно место, но сега со значајни рестрикции во однос на првичниот ЗРО (1993), кој изречно го предвидуваше и правото на тужба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На чардакот остануваат сами Максим, кој откако ги испрати тројцата до скалите се врати и седна на столот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Избави нѐ од лукаваго... избави нѐ од лукаваго... повтор повторува - избави ме од помислите на мачно минато... да не ми се скориваат темни јадови... не бидува - да не би - Скраја да е! - да се вратат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се потсетуваше утешно на пораката на Хорациј дека кога еден збор ќе замине, тој повеќе никогаш не се враќа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Всушност, се жалеше (како што само тој знае да се служи со зборовите), дека забележал дека неговите сетила се целосно мртви, дека веќе и чудата не го возбудуваат, оти отрпнал на невозможното, кое во циркусот го имало премногу; дошол до ситуација, велеше, чудата да му станат секојдневие, и посакал да се врати од малото небо (веројатно мислеше на циркускиот шатор), под големото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знам со кои нозе се вратив и како преживеав тогаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Семејството и искреното пријателство со Татко остануваа последните пристаништа на неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се вратив од Шпанија и Франција, многумина ми велеа дека сум се вратил како хроничен Дон Кихот, со продолжена судбина на автентичниот Дон Кихот на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ни се налути нешто, велам, нешто многу ни се налути и си отиде. Ја викав, ја молев да се врати, велам, ама не се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На работничките, пак, им беше дадено „правото“ предвреме да го прекинат породилното отсуство и да се вратат на работа побрзо?!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Љупчо влезе во куќата и набргу се врати.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Оние што знаеле нешто за настаните од егејскиот вилает можеле и да му веруваат. Молчеле и му се враќале на минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А, така ли. А овој токмакот, се врати ли!? - Па, не, сѐ уште не е вратен!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таму немаше чирак, и Бошко важно се дуеше, додека пазарџиите, дојдени да си купат нов самар или да го закрпат стариот, се шегачеа на негова сметка сѐ до попладне, кога веќе мораа да се вратат в село.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Касна два-три залака од сендвичот. Му се повратија силите. Им се врати на трите сиџили. Нешто читаше, забележуваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така беше до пред недела две, а последниот пакет ми се врати со напомена дека е ослободен.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да не мислиш случајно дека нештото може да му се врати на ништото?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога помина лошотијата, кога Бандо и жена му се посмирија, по неколку ноќи преспани кај пријатели, се вратија во куќата и започнаа да ја поправаат, Бандо ги извади камењата од езерото и одново почна да го ѕида ѕидот од куќата на истото место каде што и си бил.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
— Ризично не ризично, јас велам да се вратиме откај што дојдовме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се врати назад, мајка му беше исчезнала.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од тој период Татко се враќа на Балканот и тоа време ќе биде означено со повеќе нови книги во неговата подвижна балканска библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој се врати кај масата, го брцна перцето во мастилото и напиша: „До иднината или до минатото, до едно време во кое мислата е слободна, кога луѓето се разликуваат еден од друг и кога не живеат сами - до едно време во кое вистината постои и она што е сторено не може да биде отсторено:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проклет да бидам, толку многу се молев за тој никаквец да не се врати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Им се воодушевував на моите сестри, на нивните гестови и нивните разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колку многу имаше фатално навестување на смртта во стиховите на Махмуд Дарвиш: Го оставам срцето во долапот на мојата мајка која го оплакува времето што нема да се врати!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Очекував да се вратам наназад, ногата рефлексно да ми се поврати, и експериментот да биде завршен, а јас да им речам на девојчињата: „Што гледате како гуски?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зар по цел ден со очите ќе шарам по небото и со денови ќе чекам да се вратиш? Да плачеш и да не запираш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Думал, мислел Силјан, како да прави, дали да им се јави, дали назад да се врати.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја врзав ортомата и, држејќи се за неа, се вратив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стрела трчаше, ту пред нив, ту зад нив, некогаш ќе скршнеше настрана и подолго ќе ја немаше, и кога Денко веќе помислуваше дека ги напуштила и се вратила кон колибата, таа ќе истрчаше пред нив, задишана, со исплазен јазик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само, ако фатиш уште еднаш по твоите патишта, кај нас повеќе не ќе имаш кај да се вратиш“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Токму кога се врати во куќата по безуспешната потрага, пред куќата веќе стоеше полициско комбе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Јас се вратив. Простете, учителе! Виновен сум, - прошепнува не кревајќи ги очите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Поп Петко разбра од пазарџиите дека си дошле во Прилеп и дека си кинисале, од други разбра дека се вратиле во Дуње; од трети дека ја поминале Црна, а последните му рекоа дека се вратиле од манастирот да запалат по една свеќа и веќе се зададоа здола Сидорка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сеќавам на еден настан уште од времето на виетнамската војна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Орде се врати дури вечерта, малку пред да ги повика дедо Иван на компири.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Пролетаријат... – таа ја цедеше секоја буква - најпрвин да завршам за тоа шо почнав, а потоа јаска убао ќе ви растолкувам шо е тоа пролетаријат иако знам дека ти шо ме опита, знам дека нема да ме разбериш... - таа прекина за миг и се врати на прекинатата мисла.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја нарами пушката, силно истри дланка од дланка, дувна во шепите неколкупати, зачекори до стеблото, се врати назад, се подигна на прсти и се обиде да погледне преку високиот намет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На неговата глава стоеше непозната птица со голем клун.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Што да правиме со Кротка, дедо? - праша Бојан попладнето, кога се врати со срната од Заветна, каде што ја пасеше, држејќи ја врзана за јаженце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога останавме сами Марина пак се врати на тоа и рече: - Те жалам понекогаш што немаш баба како мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој преку целиот ден само брза, трча, трча од дома на автобус, на воз, во метро за да стигне навреме на работа, а тоа исто го прави и кога се враќа дома од работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И, се разбира, грдо, грдо го сожалував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Преку девет постели помина и пак назад се врати. Што е тоа?” „Вошка!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се договоривме со газдата на кафулето дека таму ќе бидеме од 20 јуни до 1 август, затоа што требаше да се вратиме пред да замине Змејко на брод.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Постариот се колеба, гледа во својот колега (што не мисли да се врати), потоа бавно приоѓа.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
А, брат ми пак, пред тоа, еднаш беше дури и на снимањето на филмот, кај нас во Шутка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И се разбира за насмевката моја, за која трагаат да ја одземат, а која мене ми се врати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Едно беше се опулила во бунаро и ја видела сончеа сестра во водата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Потоа се вратив во собата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас повеќе се влечкав седната, беше многу стрмно, кога слушнав како чичко ми вика: Бошко, Мила нека се врати назад и некако потоа за час го снема.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Туку да се вратам на празничниот месец.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дел од стиховите што му ги кажа г. Черингтон му се вратија во сеќавањето и тој додаде полуносталгично: „Портокали и лимон велат Ѕвоната на Св. Клемент!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лежеа и молчеа како два остарени песа што се вратиле кај господарот по долго талкање по планини и друмови, по долови и скрки, за да му ги вратат на господарот десетте години што тој ги заборавил во туѓа земја, во туѓ град, во грдо ѓубриште, во една ноќ есенска, темна и дождлива. Кутрите мои чевли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мирисот за земјата од која никна го довлече од туѓина со куп безвредни признаници на своите должници, се врати сиромав како што отиде, стар, болен и преплашен од животот, до крај нејасен за луѓето со кои се сретнуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа додаде и некои поединости за раскинот со својот најблизок пријател и соработник Адолфо Био Касарес, за одбивањето да се врати во Аргентина, за француското издание на неговите собрани дела во Галимаровата „Bibliotheque de la Pleiade“ (дотогаш единствените двајца шпански писатели вклучени во оваа серија беа Сервантес и Гарсија Лорка).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но луѓето никогаш не се вратија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Долгот си е долг и треба да се врати. Но, сенарот мислел поинаку.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во својот јазик несвесно употребувала и некои албански зборови, не можела да го издржи потсмевот на своите напудрени сестри, облечени во долги фустани ала франга, и скршена се вратила во градот крај Езерото, да го дочека крајот на својот живот со новото семејство...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- На изгрејсонце сум се разбудила на еден зглавник со него, бабо, покриени со една јамболија... од една вода сме се измиле... во бела крпа од лебот и пиперна солца сум му врзала... и сум го испратила угоре сè до Самовилската ливада, до езерцата Пелистерски очи... по една темјанушка како нишан си подадовме - Ќе се вратам - ми рече - Ќе те чекам - му реков... и си замина отаде превалецот - како мама што си замина - накај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Си се врати попот и си залелека. Денеска утре, цели три месеци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Останаа во свеста само оние три стебла на брегот – Како три тажеленки над морето, Како три крста, Три меча: Дење што го милуваат Ноќе што му шептат Во која насока заминаа децата И кога – ќе се вратат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И, тогаш, таа конечно реши да оди и никогаш повеќе да не се врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога се вративме од САД јас добив отказ од работа како и повеќето мои колеги и колешки.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Потем со трчање се вратив назад во хотелската соба, ја заклучив вратата и легнав да се одморам, не давајќи им можност на мислата и на чувствата, да ме налазат како мравки од чии полазии ќе страдав и ќе боледував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Види пак беља од Турчин, си рече во себе и ѝ се вратија во сеќавањето сите страшни слики од харемот на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се вративме назад, со мисли скромни и убави слики на прекрасно Мавровско Езеро зеленосино, портокалови брегови од камења среберни со златни нишки, од тишина врева и ретки лица, вртипоп на брегот под камења тешки, и мирис на селски живот и смеа, недрата на Галичник, спокојно изведени.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Толку време подготвувавме, сѐ осмисливме... дури и точно на Денот на пролетта со чичко Темелко свечено да ја засадиме алеата на розите во Паркот на првачињата... ама се вратила вистинска зима - не дожд - снеговина...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во Ардените, пак, да се вратам на оние прекрасни романтични места покрај Урт, сретнав безброј населби, села, селца, попатни кафеани, бензински пумпи, кои до еден стојат на дофат од раката на гостите, кои овде, во текот на целата година, доаѓаат со стотици и стотици илјадници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се случи она во што никогаш не би можела да поверува, иако секој ден ја стегнува и ја сподавува болка кога слуша како многу мајки и жени ги оплакуваат своите мажи и чеда...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И чекаше, седеше пред колибата наутро до навечер и вардејќи на Пазарџиски Пат и на Голем Пат, по едниот или по другиот, чекаше да се врати Јован од војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се разбира, дури да се вратат моите куршуми. (Го остава својот, празен, пиштол врз масата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во мене се раѓаше нова мисла - каде ќе бидам пополезен и поуспешен во исполнувањето на Ататурковата мисија: дали ако останам во Цариград и ако се впуштам во брзата трка по хиерархијата на судската власт, или ако се вратам на Балканот, кај своите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одбери таква задача од која никој од нас нема да се врати жив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Според Х.Х., од А.А. би можеле да учат и идеолозите на до вчера братските партии, но тие застранија во ревизионизмот на марксистичката доктрина, му се вратија на Бога и нема спас за нив...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се вратив во реалноста и почувствував страв - девојките на моето време, кога немажени остануваа бремени, се самоубиваа за да го сочуваат семејството од срам; или отфрлени од семејствата заминуваа од дома и заработуваа како проститутки; или тајно абортираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А жените ги расплетуваа косите за да им се расплетат патиштата на мажите за што побргу да се вратат дома.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секогаш пред да се вратам од Прага за Скопје по цел ден зјапам во Карловиот мост на Влтава Секогаш пред да се врати од Скопје во Прага син ми по цел ден зјапа во Камениот мост на Вардар
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Луѓето минуваа под чардакот и го прашуваа возбудено Полина: „Се врати ли?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
МАРА: Кате, софрава да не ја креваш додека не се вратиме. Вака нека стои.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Утредента кога станале, веќе ја немало- си се вратила во шумата оставајќи нè во надеж дека можеби еден ден пак ќе ни дојде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Имало илјадници војници, резервни офицери од најразлични професии, млади татковци, сите дојдени со надеж да се вратат живи, во прегратките на своите семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но ни младичот се вратил од странство, ни таа се вратила по детето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас молчев и мислев на Рајнер; во мене се бореа стрепењето дали ќе се врати и сигурноста во неговото ветување. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да бара ли некои привилегии за себе и четниците, или пак да се предаде на „милост и немилост" на овој нов господар на неговите мариовски планини и села?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А снегот никако да пристигне. Температурата се врати на претходната скала, како на почетокот на есента.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
7 ПРЕВАЛИ БУРАТА отаде планините и ние се вративме во бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако е жив, ми вели таа, ќе знае да се врати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште паметам јас како ми било мене кога сум бил на нивно место, но во сосема други околности Сепак, се вратија омацурени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Мајка ти, снаа ми Трајаница ќе ги надмине маките и ќе ни се врати откај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И јас не можев на почетокот да разберам, но во пеколот стигнав кога се вратив во земјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како одговор, трите слогани на белата фасада на Министерството на вистината му се вратија: ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По ден-два се вратија и другите селани од планината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
22. Се вративме на Вичо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби и младоста и радоста ќе се врати, за кои со толку тага ѝ зборувал Анастас ѕидарот на Надежда Мирска.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога ја виде оти со полни стомни ѝ дојде, тага је паднала оти беше се вратила жива; ја запрашала за нешто и колку пати што проговорила, толку алт'ни беше и паднале од уста на земјата и беше се наведила, та беше си 'и зела девојката пред маштеа је.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпрво се изгубило помалечкото, еден ден не се вратило во колипката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога по половина час се врати, на лицето му лебдеше загадочна насмевка: „16 златници! – и брзо додаде, неможејќи да го скрие восхитот: „Колку е убава ќерката на бакалџијата!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најстариот брат се вратил дома цврсто решен ништо да не ѝ кажува на својата караконџола, чии милувања веќе не можел да ги поднесе и чија распупена убавина веќе не ја ценел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе погледам така во снегот, како се качува крај куќите и на куќите, и пак ќе се вратам дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со големо спокојство му се доближи на автото, миговно оперираше, откорнатиот амблем го мушна под маицата и сосем спокојно се врати кон нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Соочен со хаос во светот, Астерион Минотаурот го бира суредениот свет што го пронаоѓа во една човечка градба - лавиринтот на Дедал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Командантот Мортје, уверен во Татковата невиност, ќе го советува да замине, на Запад или на Исток, а потоа според судбината да се врати, најмалку по една година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заборавија сѐ. Дури веќе не можеа преку ден да го сретнат Осиповиот внук, ни па прашуваа се присокри ли тој негде или им се врати на примамливостите и тегобите што ги нудеа далечините.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Треба да даваме со чисто срце, човечки, со убава желба, а не за да се фалиме, или пак да очекуваме тоа да ни се врати.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И додека се подготвуваше евакуацијата, стаса вест: Друштвото на народите откако добило мислење од Хашкиот суд дека спорното ”до” внесено во Протоколот за разграничување, може да се толкува двојно: и дека Манастирот влегува во состав на Албанија и дека не влегува - спорот повторно ѝ се вратил на Конференцијата на амбасадорите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пристигнал глас дека се вратил во селото, кај семејството.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ете, го облекла; ќе го носи додека не се врати, и најпосле ќе ја објасни својата постапка како единствена можност да му се згазне на опашот на машкиот шовинизам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога командантот на штабот се врати од град, нареди да се запре пукањето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако речеш отиде, тоа ти е како да има надеж дека ќе се врати...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не можејќи да најде, му идеше помислата да се врати најпосле дома в село, да заврши со овој скитнички живот што го започнаа со Којо Пипилето, работејќи најпрво како ѕидарски работници во родното село, па и во соседниот град, па во други градови, оддалечувајќи се сѐ повеќе од родното место, како реки што одат во спротивен правец.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Празен ќе појде со куфер злато да се врати! Од кошара палата да направи!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
14. Летото двајца другари, кои беа на лекување во Скопје, испратија писмо до Захаријадис: ,Ќе се вратиме со една наша дивизија, под услов и командантот да биде наш".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак ќе запрам и пак ќе си речам, што барам сега назад, ќе си речам, што барам кон местото откај што тргнав. И пак ќе се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Особено е битно да не се лепите до апаратот зашто вратата, ако не ви е Бетменска, не ќе можете да ја отворите, а кога ќе го откриете тоа, позади вас ќе има веќе две аута што чекаат ред, па ќе мора и тие да се враќаат во „рикверц“, додека вие маневрирате вешто, напред-назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И царевото новороденче било машко, но немало каде да се вратат назад...
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кој ли можеше да биде, браќата штотуку излегоа, требаше да се вратат точно по три часа, срцата ни беа часовници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, треба да се истакне дека уште првиот ден кога тој се враќа на работа – веднаш, тенденциозно и злонамерно, е испратен на принуден одмор од три месеци (со плата од 70%).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа пукнатини, пукотници испакнат папок, длабок рез.  Ако треба и љубов ќе водиш ќе го одвоиш телото  ќе го осамостоиш - што би се рекло -  ќе се залагаш за самоопределување до отцепување (еуфемија за отуѓување)  ќе се откажеш од независноста ќе се вратиш неколку века назад  никаде, ничија 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тие солзи нема да се вратат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Селиците не се вратија, домородните птици се изгубија, луѓето не беа научени на гулаби и не ги бараа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со право, ако навистина мислат да направат така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се враќа дома од крвава свадба во Скопје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Следниот пат, кога ќе се вратам дома, ќе се вратам засекогаш.“ „Тате!“ викнав. „Кажи ѝ го тоа на мајка ти кога ќе се разбуди“, рече тој.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
— Јас сум политичко лице, велам, секој ден чекам да се вратам во Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На крајот, заклучува Милер, Циганка (особено катаклизмичната завршна нумера, Обратот на Роуз) не допушта никаква можност ниту за „помирување“, ниту за „избор... меѓу обожаваната мајка која ни чува место и омразеното чудовиште што нѐ лишува од него). (120) ‌Искушение е да се изнесе сродно тврдење за геј-привлечноста на кулминацискиот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неуверливо, без докази, без ништо што би го поддржало освен ужасот од она што му го кажа О'Брајан, тој се врати во напад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не, не смрдиш, - ѝ рече и се врати кај шпоретот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во едната рака држела сребрена кофичка додека се пробивала низ грмушките и итро ја повикувала исчезнатата крава, молам, нека се врати дома, или утробата ќе ѝ пукне од неизмолзеното млеко.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да се вратиш ти луто да лаеш јас кротко да зборам да не ни пречи разликата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Велеше, како и онаа вечер кога го загубивме, дека светот му изгледа страшно стар, и дека бојата на предметите и мирисите, како што минуваат годините – слабеат; дека има потреба да се врати назад, барем во детството; го гледав и забележував дека и двајцата тонеме постепено во некакво неодредено опуштање, дека разговараме за суштински нешта, иако изгледаше дека говориме безначајни работи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Има и други работи што ме јадат, а една од поважните е дилемата: треба ли да имам „дечко” или не, рано е или ќе задоцнам ако наскоро не почнам со тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Видов вистина, кога дојдов и се вратив.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ме обзеде ненадејна тегобност па се вратив дома, ги спуштив ролетните и го вклучив телевизорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Штом слезе на бензинската пумпа, ѝ се изгуби од пред очите, и по некој ден се врати во хотелот во Александрија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ај, со здравје да си оди, жив и здрав да си се врати и со повеќе пари!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Бисера ѝ јави на Тода дека Крчето замина со Бугарите и Не знаеше да ѝ каже дали ќе се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само ќе истрчаат од окопите, ќе испукаат и пак трчечки ќе се вратат в окопи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се ставам онаму каде еднаш ќе имаш можност, да се вратиш назад, и сѐ да почнеме од почеток...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Трајче се врати назад. Брзо набра уште една страна дрва.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Додека голтав, тој ми кажуваше како едната птица едно утро одлетала и веќе никојпат не се вратила, а другата, од тага, со клунот си ги раскинала градите и оттаму си го откорнала срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Страшно беше да се вратам назад, но, уште пострашно да ја оставам беспомошната Ели во сѐ ова што паѓа, што се урива.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Камилски брзо се оттргна од мислата за тврдината и поранешните дискусии со Татко за неа и се врати кон преостанатите зборови како: диван, диванхане, претсобје, ходник, но и голема приемна просторија со убав изглед, обично на горниот кат од куќата (од персиски divanhane), пармак, пармаци, дрвена ограда, на чардакот или на басамаците, направена од тенки летви (од турски parmak, paramaklik); басамак, басамаци (од турски basamak); мердивен, подвижна скала (од персиски merdiven); сандак, порано овој збор бил употребуван за означување вид сандак во кој се чувале алишта и особено невестинското руво, обично се изработувале и украсувале во разни шари, а денес со овој збор се означуваат сандаци направени за разна намена, особено како војнички сандак (турски sandik) и перваз (персиски pervaz), означуваат дрвена конструкција на прозорците и вратите; dolap (од персиски dolap); серген (од турски sergen); мусандра (од турски musandira).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
КОТЕ: Со здравје да си одиш, жив и здрав да си се вратиш! Не заборавај што му вети на татка ти!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само откако Јакшиќ, со внатрешна „инсајдерска“ помош на негови луѓе во МВР, успеа да најде и „ископа“ докази во службените полициски книги, случајот се врати во „постоечките“ настани и беше подлежен на реконструкција, во рамки на предистражната [полициско-обвинителска] постапка.8
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ете, Нешка веќе порасна и ќе прооди, а ти, откако кладе име, не се врати да а видиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не беше заврнало веќе два месеци!... Margina #21 [1995] | okno.mk 127 Татко ми кружеше како тигар пред машината...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се плашеше да не ѝ се влоши здравствената состојба уште додека е тука. Пред да се врати дома. Нема да може да отпатува со авионот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А таа само се насмевнувала. Велела, дека е во прашање ќерка и Аксја. Дека таа секој момент може да се врати...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само, каде е да се врати. Досега требаше да имаме ручано а таа не е ни дојдена: допрва треба нешто да замакали за јадење!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во вистинската љубов, сѐ се враќа, на чудесен начин се премостува времето. – За патувањето во Италија, мили, јас, за прв пат, си ја облеков одеждата од свадбените дарови што ми ја донесе ти, за нашето свадбено патување!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Јаков сѐ уште не се врати од чаршија?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поговор Токму кога решив дека е вистински крај на сите мои макички, се случи после испитот по информатика се вратив дома, унакажана од разочарување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И тие со трчање ќе се вратат назад викајќи: идат и жив глас носат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А сега, ќе ми кажеш ли, како успеа да се вратиш од далечниот југ?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во непознатиот крај низ кој минувам немаше населби и немаше обработена земја. Никаков знак на човечки живот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И ете, дури тогаш нему му се враќа силата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
НЕДА: Токму ја испратив по скалите. Отиде в град и рече дека нема да се врати сѐ до вечера.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Целата треперев при помислата што ќе се случеше со Ели ако не се вратев по неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Трајче се врати и донесе полна матерка ладна вода.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сакајќи да се вратиш на прав пат да го фатиш редот Ти кој не си изгубен во масата на безличното Ти за когошто историјата е потрага по личното Ти раскажи ми што си сакал да избришеш од сеќавањето што да прикриеш трагата да му се сотре кажи ми што си сакал да заборавиш Јас ќе ти кажам какво ти било минатото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И натаму беше добра, насмеана, љубезна и мила, но некако поинаку, постудена, би рекла, подалечна беше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се врати во фотелјата токму во мигот кога Томо се врати од утринската прошетка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се си се врати на преѓешното место – водите на својата страна, ѕидовите во својата светлина, светлините во своите огледала.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
СОЊА: Морам да се вратам на работа. БОРИС: Директор си. Ништо не мораш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога се врати светлината се огласи А.А. со намера да го ублажи мачниот впечаток што го оставија зборовите на П.П.:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој е јунак, а ти најлошата тетка на светот, - гневно си мислев, посакувајќи да го имаме вистинскиот спреј од Љубета и да ја прснам за да заспие, па да спие сѐ додека се вратат моите од Кан.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Заедно се вративме во Грамос и бевме распоредени во истиот вод.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Значи, можам овде уште да додадам дека од плевната на Басотови, во планината и во борбите се вратив без некои посебни оптеретувања и обврски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Петар вчера се извалка, ха ха! - се изнасмеа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Којзнае дали се врати или само се приподигна од лебот, од водата, од алиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вистините што поминуваат низ тие негови инструменти, ми се чини, секогаш се добро измерени, рече тој и им се врати на богатствата на софрата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ако ги прашам, моите сигурно нема да ми дозволат - рече Мила. - А, моите мислиш, да? – додаде Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа гастербајтер во Германија, кој што неколку дена откако ќе дојде до својата печалбарска дестинација се решава да се врати дома.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Добро, не е виновен. Но зошто не се врати? Тоа ќе ги смири луѓето, и дружината ќе може да го продолжи патот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соседите со години подозриво го гледаа единствениот човек со паларија во маалото којшто со црна чанта секогаш во исто време, ја напушта куќата и се враќа доцна ноќе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Многу внимаваше со ништо да не го изневери последниот редослед на татковите книги, да не помести ниту ливче, небаре Татко тука повторно ќе се врати, како секогаш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Многу те сакам мамо! Брзо да помине денот и вечер да се вратиш весела од работа“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Рајнер ме чекаше во својот дом за да може да заспие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
— И Сталин си отиде, вели. — Пак ќе се врати, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Клисарот отиде да го викне, ама се врати без него. Барал пари.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Разбирам, господине капетане! - одговори Гоце, поздрави и се врати назад во стројот на своето место.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сурово е да ја разбуди, а мора да замине, за неколку часа лета за Варшава, а веќе утре се враќа назад, во својата јужна татковина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се врати наназад, се потпре на испружените раце, со широко отворените бутови силно притисната на мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Ќе се врати, прашува Ѕвездан. - Ќе се врати, велам, отиде да ја навади градината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Водата им досегна под коленици. – Да се вратиме на чун – плахо прошепоте Мече. – Почекај ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
НЕДА: (Трча во собата и се враќа со крпа.) ФЕЗЛИЕВ: (Се враќа со леген во рацете.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Врати се Врати се, ако срцето вели така, кога патот до мене ќе стане предолг, кога копнежот ќе ги разбие сите препреки, на твојата стрпливост.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Мајка мораше да се врати од Солун, во Лесковик. Според предвидувањата и информациите на нејзиниот татко, тогашен префект во речиси развластениот Лесковик, од војските кои доаѓаа и заминуваа заедно со туѓите окупаторски режими, во Солун требаше да се очекува големата воена разврска, пресудна за Првата светска војна...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Рече да дојдат подоцна, но тие веќе разговарале со други козари и повеќе не се вратија кај нас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Камилски замина замислен, првпат откако се врати од Голи Оток, сега зајакнат и орен за работа, но подјадуван од малите порази што ги доживуваше со луѓето во местата каде што работеше, никогаш со разбирање за неговата трагична судбина и минато на затвореник на Голи Оток, макар невино осуден, потоа и рехабилитиран.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не се плаши, ќе ти се врати ако тоа навистина го сакаш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога лекарот влезе во кујната, познатата и карактеристична насмевка повторно се врати на неговото румено лице.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да се вратиме на кучињата и нивното баснословно одржавање. Брале, туу мач.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Зар можела да се врати кај својот татко, Добре, најдобриот човек на светот!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Да стигнам во понеделник во Америка, денот на Колумбо Ќе се вратам полн со импресии И сѐ ќе ви пренесам, сѐ што ќе купам и оставам Ќе ви ја наслика Фелипа Перестело Мониз Женоо! прерано го напушти Педро Ското Синовите Диего и Фернандо...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тој ден му соопштија дека се враќа во Солун, на своето место на главен рабин и на местото на претседател на Советот на заедницата на неговите верници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука бев можеби и посигурен”.  „Господ нека ни е на помош”, му рече во часот на разделбата.  „Мислам дека ќе одам на друго место”, му дошепна Готлиб гушнувајќи го за потивко да му дошепне: „Сега не е време да се биде дома”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Си почнал да пиеш, ти се вратила пак твојата стара болест и си почнал да измислуваш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Помина цели пет дена откако татко ми замина и уште го немаше да се врати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се разденувало, секој не можел по ден да им се враќа на мртвите и на заборавените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѝ се врати на шаховската табла и повторно го зеде белиот коњ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
8. Ја префрлив границата. Им го оставив детето на жените и се вратив на задача.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и кога мајка му застануваше пред него и му објаснуваше нешто, Рајнер се загледуваше во некое отсуство, како да гледа во правецот во кој нешто исчезнало и повеќе никогаш нема да се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога тој се врати со списокот на јадењата, авторот го зеде, го држеше на масата како поттурнат в десно, некако далеку од себе и му рече: „Слушај! Додека јас читам, донеси ми едно шише бела Александрија!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„ Доцнел и порано”, рече другиот, „но никогаш како сега”.  Карер го разбира тој прикриен говор во кој се чувствува стравот поради кој поразните состојби во животот му се припишуваат, општо на времето, а не на воените или на политичките околности и затоа час поскоро се враќа, како впрочем и тие, на претходниот дијалог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дали дека на него се обрати случајно погледот на жената што бараше објаснение, а сега го потсилува тоа усмевот на онаа падната мазилка што, сигурно поради посилната светлина во салата, и самиот станува поизразит пред неговите очи, се пренесува преку цртежите на ѕидот, како да му е тука местото, како да не е ова изложбена сала ами кујничето во кое сега жената и детето нажалени ќе се вратат, да заборават уште една ситна болка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
8. Попладне се врати од плажа изморен и гладен, без динар в џеб, се врати во градот и во себе си, како што се враќаат јагулите на мрестње во една вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Излитена фраза, во јак врисок за молба некој да се врати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
За вистината, не оти некој пак да речеш премногу се возбуди, напротив, рекоа ништо, која мајка ќе оди, ќе се врати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Листенце, мое пожолтено листенце!“ - извика Надица, како да го повикува да се врати, но тоа се загуби во сивата магла од којашто ситно, ситно подврануваше...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Кога се вратив дома, што ќе видам? Детето немало душа, викало – мамо, мамо и уплашено во темницата, го најдов како кученце да лае – ав, ав, и очите му беа искокнати и до сабајлето, синко, си умре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Затоа секој десетар да си и собере луѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иде повторно наредба: ,Клевтис мора да се врати"!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „О јас сиромав, си рекол сам со себе, угоре високо, удолу длабоко, да се вратам, кај џевнем да одам?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Денот е со многу повеќе светлина од другите досега, ама како да се вратени во она февруарско утро од пред четири години, само што се чини дека ова не е гаковската станица од калната рамна земја! гласно размислува Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се вратив на прсти до некаде и после почнав да трчам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вратија доцна вечерта. И утрината пак тргнаа да ја бараат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Водата, пак, лојална, се враќа дома, назад: океанот има широка душа првин ќе ѝ прости, потем ќе ѝ го покаже патот - кон амбисот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мислите му се вратија на еден друг сон од пред два месеца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се собрал народ да се збогува со мудурот, а тој им ветува дека пак ќе се врати, но да гледаат да не се караат и кодошат еден со друг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ами, каде е сега, прашува Уља. - Штом се растураат војските подома, вели Јон, сигурно и тој ќе се врати. Кој е за враќање, ќе се врати, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога тајфата, по некоја година, се вратила во Влашко, Коте Клунков беше рекол дека другпат секого ќе го земе со себе на печалба, само не Петрета Маљанов.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Отпарај, мајче, отпарај, конец од веленцето и со него да го бележиме патот за в дома... трагите прашина ќе ги покрие; патот водје ќе го излокаат... парај конец од веленцето за да знаеме по кој пат да се вратиме дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некој чука на вратата, се врати пак во станот, кај што беше, во својот мрак, ја заборави планината. треба да отворам. Можеби е така.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го оддува чадот од пред себе и се врати дома.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога Клара се преселила кај својата тетка, таа тукушто станала вдовица и се вратила од Лондон каде живеела со својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Борхес“, одговорив, „дојдов да ве видам и да ви го пожелам секое добро“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ги изми прстите колку што можеше подобро со ладната вода од чешмата и се врати во другата соба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога коњот се врати со скршена нога, Дукле ѝ рече: - Коњот ни окуца...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Треба да се врати пред мракот, зашто се канети на свадба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Баба скршена се вратила на Балканот во гнездото на своето семејство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Имаш чуено, како да не! Јас ви раскажував, а мене мајка ми ми раскажуваше кога се врати лани од Канскиот филмски фестивал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури да дојди син му од царот да ја земи, поминала една проклета Еѓупка и се вратила под дрвото, та пошла до бунаро што бил зад дрвото, да се напие вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Некој мршаво ги уверувал дека сето тоа е претсказание, дека не му се мили на господа. Другите останале тврдоглави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Јован Пантовски не се врати веќе. Изгледа го одложија купувањето со браќа му за идната пролет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еј, знаеш ли што значи после тоа проклето Браилово, после тој изминат пат до тука, после тоа спиење по плевни, смрзнат и гладен да се вратиш дома?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го виде уште како се врати пак под него, а после веќе не беше во состојба да гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На крајот, сепак, решив да се вратам. Но не ѝ пишав на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оттогаш, кога Билјана се враќа од училиште, веќе не вели: „Денес за малку ќе добиев петка“.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас се насмеав и се вратив кај масата. Оттогаш почнавме да се гледаме секој ден.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Та како да и го земат на жената последниот поздрав од мажот којшто не се врати ни жив ни мртов.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога замина Татко од Цариград, по свршувањето на студиите, и неочекувано за сите во поширокото и во потесното семејство, се врати во гратчето крај Езерото, никогаш повеќе не се врати во метрополата крај Босфор на својата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И веќе никого не познава за да му прераскаже Колку сонца и колку месечини памети, Отаде кои мориња и луњи и отаде кои боишта и копја Се враќа Веејќи се како црно знаме низ времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ама само што се вративме, небото се дупна и потече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
О, боже, кога ќе го родам детево и да се вратам кај нив?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Архангелите, серафимите и херувимите лимја фатија. Не се вратија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Рано утрото заедно со цедилото се вади од котелот, добро се истрива со дланките, се направува грутчиња, грутчиња, и пак заедно со цедилото, и потпржен со повеќе сало, се враќа во котелот, за да продолжи да се вари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отиде во тоалет. Се врати и седна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Почна да собира порез, прирез, да собира војници, а требаше да оди и потера, оти собраните витолошки „Б'лгари“ не сакаа да одат да се бијат со својот „б'лгарски“ Војвода Јована Ѓуровчето, кој заедно со Гурлука и други „патриоти“ се врати во своето Мариово летото 1913 година со голема чета и дојде во Биновиот реон — онаа пуста Опстраница. каде што се Сукаловите колиби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти оди, но јас ќе се вратам дома (Тргнува кон вратата)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Можеби му остануваше утехата дека и Мојсие не се врати во ветената земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа дојдоа двајца археолози кои со направи за подводно нуркање, со скафандери се спуштија во витлите на „бездното“ и повторно не се вратија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гури Порадеци ништо не виде зашто веднаш се зафати со маскирањето на чунот со кој требаше, вечерта, тајно да се врати назад.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ние не се враќаме без камења, ја разбранувал неочекуваната тишина околу себе Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каде да се врати, кога е веќе цела недела вратена? – си мислев, ама не сакав да ја прекинувам со какво било прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моравме малку да подзастанеме пред да го поминеме џадето и потоа меѓу германската стража се вративме назад.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа слика предизвикуваше жал кај персоналот, та често одеа по него и му помагаа да се врати дома.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На ден Свети Илија, откако се вративме од црква, баба ми влезе во градината и по некое време се врати со футата полна компири.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој цела зима не се врати дома, оти требаше да се вади стоката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури утредента, братучедот на татко ми, Илјо, објави дека му се вратила свршеницата, истата онаа Дафе која со години му пишуваше од Ташкент.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ако не подадеш рака ти ништо не ќе фатиш, не си ли пошол негде нема ни да се вратиш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Зар да сум натажен, зар очај да ме фати што негде замина и може не ќе се врати?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Му се спиеше, а знаеше дека бадијала му е да се враќа в кревет.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Неколкуте пријатни чекори на оваа плоча не можат да го поправат впечатокот од грдите игри на животот“ беше последната нејзина констатација пред да се вратиме кај Раде. Грдите игри на животот!.. (нејзини зборови)..
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Немајќи избор, заедно со четиричленото семејство се врати во родната куќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Децата, фала богу, беа здрави, па Маре се вработи како чистачка, а тие се чуваа сами, поголемото го чува помалото, а најмалото внимава на најголемото, па го кодоши кога мама ќе се врати од работа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но токму тогаш мораше од сѐ да се откаже и да се врати на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од долу, од трапот, пругоре се враќаат девојките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но тој се тргаше од настаните, не сакаше да им се врати прецизен и студено да ги измери; уште повеќе- времето тогаш стоеше, и тој, во такви часови, можеби само за еден миг, беше вон од тоа време, во беспростор, сиот во искинати сеќавања.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По неколку минути се врати сестра ѝ, видно возбудена и со забревтан здив: „Томе, Томе, грчкио конзул е тука!“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Ве молам, кога ќе се врати Луција на училиште, внимавајте малку на неа; знаете, таа е во еден вид депресија; мислам дека тешко се снаоѓа; некој од класот ја навредил со некое ливче-шеталче по класот и напишал нешто недостојно за неа; замислете, има луѓе кои и тоа го прават, па за жените пишуваат гадости; не се сите како Вас па да им испраќаат рози во песни“;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го обзеде желба не толку да се оддалечи од Џулија, колку да се врати назад во кафеаната „Кај костенот“, која никогаш не му изгледала толку привлечна како во тој момент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Штом се врати, ги симна алиштата, суви како пуканки, на низата од чисти простирки што таа претходно ги рашири за тоа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гоце претчувствуваше што го чека дома. До вечерта не се врати.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Авионот отиде до некаде и пак се врати над мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно утро, една година по заминувањето на Рајнер, додека се приближував кон неговиот дом, го видов како стои зад прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Фимка се врати кај Циљка. Дури сега забележа колку е изменета од ланската година кога ја собраа партизанка заедно со сите девојки од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби дури и брат ми го пратиле да нѐ побара на Млечен (така ние накусо го нарекуваме просторот околу Млечниот ресторан каде што лете се собираме ние децата од околните улици), па ако се вратил и ако кажал дека таму никој не нѐ видел попладнево, ќе биде голема паника.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си легнав со вкус на ментол бонбона, на Boogie del Banco Rojo, на распроѕеваната и пепелава мама (каква што е таа кога се враќа од забавите, пепелава и поспана, огромна уловена риба и толку што не личи на себеси).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се врати во салата гласањето беше завршено.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сигурна сум, мислеа дека сум се вратила пореметена или изгубена од дрога и бурен живот како што им се случи тоа на неколкумина од мојата генерација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ја замолив да отиде на таа и таа улица, да ја земе пратката и да ми ја донесе. Ѝ дадов пари за превозот однапред во случај да сум отидена ако пристигне автобусот пред таа да се врати.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Тешко се повредени? - Не. Мртви се. Веднаш ги закопаа покрај џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одвреме-навреме, кога ќе ми се вратеше свеста, слушав како бучат суви, страшни ветрови. Исто така црвени, крвави ветрови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Е, сега сѐ ќе и каже и мојата лага веднаш ќе се открие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова се – трагите! Прашинка ако се сочува Изгребана од стапалките на оној што отиде - Ќе се врати! Некогаш ќе се врати...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Султанот Селим II се откажа од понатамошната војна во Европа и се врати во пролетта на 1566 година.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Видоа, не видоа и се вратија. Се врати и јатрва ми, Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ех, сиромаштијо! Црна си како црн леб!... Пуста да останеш... (Пауза).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Арафат можеше на своето Пирово враќање од егзил да го жртвува последното што му остануваше, својот веќе разорен живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И велиш ќе се вратиме дома, во старата куќа, ќе ги откриеме жарчињата и ќе го распалиме огништето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само треба на врата, кога трга на излет, да му се подаде тефтер и пенкало, зошто бајаги е излапен, па да си запишува што му се случува и да си ги скицира тоа позите, за да ги испробувате по дома кога ќе се врати.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој да ги памети сите. Повеќето не се вратија... Сетне имаше и од Леринско, од Воденско.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Освен тоа, дури и статистиката на УНХЦР не вклучува категорија на лица без државјанство (само на ‘бегалци, азиланти, внатрешно раселени лица’ и ‘другите засегнати’), додека „лицата без државјанство може да се подведат под секоја од овие категории“. (ibid., p. 18). 37 време на Сталинизмот (и нивните потомци) се вратија во Украина, повеќето од нив по изминувањето на крајниот рок одреден со законот за државјанство; како и Естонија и Латвија кои одбија да ги признаат своите руски жители како апатриди, иако речиси и немаат граѓански права. 45 45 За повеќе примери, види United Nations High Commissioner for Refugees Evaluation and Policy Analysis Unit, “Evaluation of UNHCR’s role and activities in relation to statelessness”, EPAU/2001/09, July 2001, 11. 38 4.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Стоев дури удри дожд. Потоа заминав, а тие останаа загледани од округлите сликички кладени на крстовите, кон воденото пространство, кон морските патишта по кои дошле и по кои, веќе никогаш, нема да се вратат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се вратил крај Езерото почитувајќи го аманетот на својот татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Онисифор Проказник со мака голтнал капка танка ракиичка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Спасиба, спасиба, велам и не знам како да се вратам, како да ги наведнам очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И навистина, Волкот брзо се врати со голем стап.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се надеваше и дека Ане престанала да ѝ се лути, па ќе можат пак да се вратат во дворот за да си играат со чиничињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Токо, на! Води а ти едната маска, — вели Илко и се вратија од патот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Барем така се правдаше Ѓуро кога се врати по востанието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луѓе се враќаат истоштени од работа. Јас се вратив истоштена од љубов.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но овој ред бимбашијата не се излага како порано и не се врати да го бара Толета одавде река.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дојдоа до крајот на ливадата. Дедо Димо се врати на почетокот, седна врз откосената трева и си го запали лулето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ВАЖНО, ваквиот прозорец на градски паркинг може да ве посрамоти зашто мора брзо да излезете, да го притиснете ливчето со „баркодот“ за да го отчита читачот и уште побрзо да се вратите во колата, да „убаците“ во прва и да ја фатите рампата додека е крената.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој конечно се реши Србина да го слика Фотографот тргна да застане пред него со апаратот, но од пол пат се врати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас бев секогаш сигурен дека ќе се вратите еден ден! рече букинистот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само да ги ѕирнам децата, велам, макар од врата да ги видам, велам, макар од преку пат да ги видам и ќе се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не успеа да се пробие, па се врати, одново се залета и со силен скок се најде преку него, легнат во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го однесе до место каде водата беше плитка и тие тука прегазија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И да сакаше да се врати в планина, не можеше. Немаше со што.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но Татко мораше да се врати на Балканот. Се препушти на судбината на своите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Брат ми Јане бетер е од тебе, сѐ уште спие, којзнае кога ноќеска се вратил, а мене ме мрзеше да одам да купувам, па сега ... ама, ај не е важно, дојди во кујната и сама снајди се.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што е најважно, не знам како би можел да се вратам дома.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мисла која се враќа како што се враќа Будимпешта, каде што сигурно има толку мостови и толку снег што се цеди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му понуди убава плата, но Едо, колку понудата да му изгледаше привлечна не сакаше да се реши додека не се врати Марко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сосила го натоварија на брод и го испратија за Атина во февруари од претходната зима на истата таа 1943 година во која, ете, митрополитот го чекаат да се врати дома по овој сив и ветровит ноемвриски ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Двете сестри се погледнуваат, но пред да се прелее нивниот поглед со иста благост, се смешува гласноговорникот што ги вика патниците да се вратат во авионот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Па нема да ги прашаме? – реков. – Ќе заминеме без да им кажеме и ќе се вратиме пред да се стемни. Никој нема да знае.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Веројатно ништо што би можело да го задоволи нејзиното љубопитство бидејќи и подоцна, кога се врати во купето, сѐ уште беше зафатена со својата отсутност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бешир очекуваше на првиот свиок да се вратиме во Картагина. Бешир најчесто молчеше како сфинга.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во најмала рака, искушение е да се шпекулира дека камп-вредноста на таа мелодраматична епизода можеби лежи во нејзиниот повик до геј-мажите безопасно да се вратат на сцената на една слична траума (било вистинска било замислена): траумата на протерувањето од мајчиното присуство и од жариштето на нејзините благост, дозвола и општествена потврда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
— Ќути да не се врате да чуе па да не запале овде сете да изгореме, како глувци! — вели стрико му Куле и почна да го советува да не си го брка касметот што му го навеал господ, благодарејќи на милоста од бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Скоро цела година, иако разделени, се обидувал да ја натера повторно да се врати кај него, но, напразно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Ти, изгледа, не знаеш што е тоа „промаја во фрижидер” – се насмевнав откако ѕирнав внатре. – Да видиш како е кај нас понекогаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Каде Толе, кај сакаш на конак да бидиш денеска? — го праша Илија Толета. — Нема кај сакам, другари!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе прошетам и вистински по тој стар орев ако се вратиме некогаш во наше место, си ветив на себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вечерта баба Мирјана и дедо Владимир искажаа желба утре да се вратат дома во Кочани, да се подготват за Коледе и Божик толку брзо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Колку ти се каснува толку, ама треба на софрава да седнеш, за гурбетчијата се ставува за да си се врати пак во домот и да си седне на софрата со татко и мајка, сестра...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога не сум со нив и кога ќе се вратам од Маврово, треперам да не ми кажат колку фантастично си поминале, па жива да се изедам од мака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, од друга страна, во 2005 беа вове- дени и две подобрувања: •  прво, заштитата од отказ за синдикалниот претставник, која порано траеше само во текот на неговиот мандат, сега се пролонгира уште на најмалку две години по престанување на неговиот мандат (чл. 200, ЗРО/05); и, •  второ, на работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право, во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО/05); 49 ѓ) воведени беа и три дополнителни превентивни одредби во оваа област: •  прво, работодавачот, директорот или некој друг орган и застапникот на работодавачот не смеат да користат присила против кој било синдикат (чл. 198, ЗРО/05); •  второ, се воведоа изречни одредби за судска заштита на правото на здружување и на членските права (чл. 196-197, ЗРО/05); и •  трето, се воведе изречна забрана за контрола од другата, помоќна, страна – односно „работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите т.е. нивните сојузи на повисоко ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите, односно нивните сојузи“ (чл. 195, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не знаеме како да се вратиме назад. Оди, оди пак на исто дојди. На исто место си се вратил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во тие мигови ме обземаше очај, во толкава мера што ми доаѓаше да се вратам, да го заобиколам Шумшул –град и да се стрчнам кон Пупипафија, во која, речиси до вчера, живеев безгрижно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Дојдов само да те ѕирнам.. . ќе си се вратам...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со чувство на нестрпливост, се врати дома и веднаш го распрелистува телефонскиот именик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
О, собери го семето расеано по светот на сите четири, шест исконски страни макар подлажи го дека има каде да се врати!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И кажа оти татко и веќе е согласен на сѐ, само да се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Љупчо тргна прв. Чекореше нечујно, како пантер.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас будалата се вратив. Друго беше тоа. Ја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Замина понатаму, по дирата, што беше сѐ уште испомолзена со оредчените капки крв, а за сето време мислеше уште на неколкуте легала, што ги знаеше од оваа страна на сртот, кон кои сега го водеше онај негов самјак напред, и реши дека ќе може да се врати дури откако ќе ги помине нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истрча до куќата од Лангачот и пак се врати.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама децата сигурно таму ќе се вратат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Четвртиот ден си се вратија среќни во домот, ама од раце не ја испуштаа радоста.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас реков брзо да се врати човекот што тргнал, ако навистина тргнал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ич не ми се оди по оваа горештина да копам. Туку сакам, нејќам... (Тргнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сакаше да им се врати, требаше да го стори тоа пак сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе го испрскаме со вода, па така да се врати од кај неговите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вратија, и како што му рече Арслан на Трајка, дека сака да ја види својата раја со неговите очи, нареди на другиот ден цело село да се собере на сретсело: „Машко — женско, старо — мало, до куче сакам да видам пред мене! — му се провикна Арслан на Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Е, а сега, од Загреб, пилотот ѝ напишал долго писмо, со безброј чуденки и други знаци, со многу грди самообвинувања но и со дефинитивна одлука дека не треба да чувствува никаква обврска кон него, како што и тој себе си сега се сметал за слободен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Џон Х., средновечен инженер, опишува колку бил обесхрабрен кога повторно му се вратиле стомачните болки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Или, можеби, си се вратил одново на твојата стара идеја дека пролетерите или робовите ќе се кренат и ќе нѐ соборат од власта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна кога дојдов во Маказар, кога се вратив за стално, веќе тропаа кофите и местото кај бунарот беше станало едно место за собирање навечер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Срната стоеше и го чекаше. Бате Јоле се врати со сено заграбено со двете раце и го стави на куп пред срната.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
— Небескааааа! ми се врати оттаму преку пругата. Едно викнав, а друго ми се врати...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој се врати со камионетот на работа, а во главата му се вртеше веселата песна на птицата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Е па, петелот пак мора да се врати на таван.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но, не само што не се врати на старо, туку стануваше сѐ бетер и бетер.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пролог „Во почетокот сѐ било хаос... огромен и темен... празнина од која потекнувале сите облици... и во која тие можеле да се вратат...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Така се врати и татко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жените се собраа околу неа и ѝ помогнаа, ги собраа истурените гурабии, симиди и ѓевреци, канчињата и се вратија кон кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Навистина, над неговата камилавка недостасувал свет и блескав триаголник што ќе бдее над грешниот свет со око на духот светопресвет од кој затруднела мајката Исусова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не можев да го гледам така затворен во себе, со засрамено спуштен поглед, со навреден израз на лицето, молчалив и потиштен... и не можев пак да разберам зошто даскалиците Марија и Софија не се вратија од Костур и зошто новиот даскал беше толку многу строг.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Првиот бран помасовни иселенички движења од територијата на Македонија настапиле по Карпошовото востание (1689) и по Илинденското востание (1903).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ние и таму ќе ги крвавиме гаќите дури стојат главите, и тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И слушај и добро запамти - ми велат - кога ќе се врати од болница да ја стрелаш!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тресна во ѕид. Падна на подот и видот му се врати. Виножитата исчезнаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зимски фебруарски ден, студено. Веќе се стемнуваше некаде по четири часот попладне кога ти се врати од лов.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тале одговори на писмото, го кладе и го соши во Самарчето и Трајче се врати назад.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Стигнуваат до бреговите на Америка и по истиот пат овде се враќаат нивните потомци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Вистина, рековме ние, треба да се вратиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа цело лето сме се дружеле со нивните песни по ливадите и шумичките, за да ги испратиме наесен со тага и грижа, дали ќе презимат, дали пак ќе ни се вратат!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Бугаринот лежеше покрај грмушката и таму се истури цел рафал, па тој побегна, а јас останав и понатаму на истото место, дрвјата ме покриваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги сакаше Бошко јорганџиите, и стоеше пред нивните дуќани залапано, додека тие го дрндаа памукот пред негови очи, ја сакаше папуџиската чаршија каде што на шега му дозволуваа да обуе лева папуча на десна нога: во кујунџиската чаршија со големи стреи и кепенци, каде што златото и среброто блештеа и го заслепуваа, се смееше будалесто: но најмногу од сѐ го сакаше безистенот, чист и среден, со мириси на ѓулсуи и темјан, каде што по калдрмата пред дуќаните не се растураа распарани опинци, парчина тенеќе или шајки, и каде што можеше да влезе од една врата а да излезе од друга, и пак од таа што излегол да се врати назад.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еден наш роднина во градот порача кафе и кога виде дека нема кајмак, му се пожали на келнерот, а тој, пезевенкот, се врати во кујната и во филџанот плукна неколкупати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Планинскиот живот е пеколен, браќа, и борба да водиш со тиранот — тешко, но блазе му којшто без зазор се враќа, до крајот да води сражение жешко.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
- Кутриот Караман! - воздивна и скокна од леглото. Прва грижа му беше да ѕирне надвор, со надеж дека можеби Караман се вратил и сѐ среќно се свршило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И јас ќе се вратам во пустата куќа и почнува да ми е мака дека не ме заклале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
— Та си мисли и га кани: — Повелете, повелете, добремидошле. Ете, така ве чекам, а! Двајца кинисате, троицата се вратите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нашите сопруги го достигнаа совршениот вкус на ова јадење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прв пат таа ноќ можев да ја видам пред мене во полумракот како нестварна жена во стварноста што ме давеше, со необично издолженото лице под расфрланите коси што се сплеткуваа со сенките од букетот во високата вазна поставена во аголот на собата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Барем со него ќе имам оправдување за да се вратам назад. Тргнувам, ама и маската ме гледа ко човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Улиците, плоштадите, кафеаните, таверните, ечеа: „Се врати Захаријадис“. И не се плашеа луѓето од „Хитите“.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па и тие немаше да се враќаат ако не беа врзани за нас со златниот конец на сеќавањето…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој оди зад аголот од куќата и по малку се враќа со полни раце смрзнати дрвца и ситни камчиња.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Еден ден тој реши дека треба да почне да оди во вечерно училиште и следните две години почна да се враќа во осум навечер наместо во три.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега, да простиш“, продолжи тој, “живите одат, се селат в град или во странство, а мртвите се враќаат“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа попладне Томаица и Христина се вратија од пазарување и веднаш се качија во собата на Томето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше мала, за мои убедувања, а живеевме на другиот крај од градот, преку Вардар, па се плашев да се враќа со такси... а и не ми беше тешко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И по враќањето во Брно, неколку ноќи размислуваше, се кршеше: да се врати или не.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се навали на својот крлук од кој не се разделуваше (дури и кога спиеше го ставаше под перница или во ровот и земјанката под глава) и се врати на излагањето на Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се чувствуваше дека нешто силно ја мачи откако се врати од родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И дури Бино сакаше да си ги подели со протата и другите даскали, некои сакаа да се прошири пансионот, некои да се вратат на митрополијата. Не се сложија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Е, ај, сега да си одиме, ѝ велам на Уља, на јатрва ми. Во умот пак ми е Јон: да не се врати, да не ме најде дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се враќаат веднаш на своите сламеници и рогозини во бараките и во коњушниците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Доколку не, тој измислен јунак, глувчешкото говедце, може слободно да се врати во селото и да се ожени со Мелеагровата сестра.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кадијата се врати на своето место, зеде книга и орлово перо и почна да пишува:   До пресветлиот господар калиф, падишах султан Сулејман, законодавец – Истанбул.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На враќање Рада не се врати на последното седиште, туку седна на испразнетото место кое зад себе го остави младиот господин, кој пред неколку мига седеше до младата дама со зифт црните коси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓу нив и такви кои штотуку се вратиле од печалба и сноват нови сонови за заработка во туѓина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Маката што те мачи пак ќе се врати и пак ќе те зароби темното кое низ грчеви сака да се породи во светлина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па сепак страдал од длабоко чувство на внатрешна лишеност, неприсутност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога Татко ја виде Мајка и разбра дека книгите се вратени, имаше само уште толку сила во душата да ги прошепоти последните звуци од полифоната песна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Верувајте ми, куќа што немаше да се врати од Грција со неколку огромни пакувања од кафе се сметаше за недомаќинска. Ете така.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ѝ се чинеше небаре да се вратила не само во своето Браново туку и во моминските години, кај татко и мајка, дека пак е со браќа, сестри и другарки таму во селото крај Мало Езеро.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гледам дека некои од дојдените сакаат да се вратат назад и да нѐ остават сами да се бориме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми се врати кашлицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во малендавите пламенца на свеќите потулено и со стравопочитување да ги искажуваат и редат молитвите за исцелување, добрина и бериќет и да чекаат во надеж дека Горниот ќе ги услиши и ќе им ги олесни маките, болките и болестите; да кажат сполај Господе, ако се роди бериќет, ако се врати здравје, ако дојде принова, ако извор протече, ако дожд заврне... да искажат молежливо клетва, ако...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кучето му се плеткаше галовно - де пред него, де зад него - зарадувано дека домаќинот и домаќинката се вратиле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Рада од Бечеј, на разочарување на сите, се врати без торби полни пари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Побрзај на вљубените им јави да се вратат од сништа во јава...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но да ѝ се вратиме на среќата на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Са ноќ слушаш како доаѓа и се враќа, во еден ритам кој повремено ти се губи како ритмичното чукање на часовникот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И кога најпосле решил оти е подобро да се врати дома одошто да ака по Штабот кој можеби веќе и не постоел, свртил кон меаната под Овчеполска станица, да се освежи, како што рече, и ете, за белја, наишол на цела колона војници, загубени во полето, или едноставно заборавени од нивните старешини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе се поврткаше низ градот, проверувајќи ги скудните права на остатокот од својот живот, па ќе се вратеше дома утешен што утрешните грижи не му се поголеми од денешните.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Момокот се подзабави додека јави, па Бочка го изеде јанѕа додека се врати.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Толпа луѓе, мажи и жени, мислејќи дека веќе сум се вратил од кај црквата, се собрале пред куќата и извикувале закани и клетви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Држејќи ја Рада за рака двајцата излегоа во ладната декемвриска ноќ, а штрокавата, која веќе беше зашеметена од моќта на алкохолот, тетеравејќи се, се врати на своето место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да не мислиш да бркаш валијата од Битола?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мојот маж беше изнајмил жена којашто готвеше и суредуваше по куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаеш колкумина беа отидени а не се вратија?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Двајцата, стиснати еден во друг, како сенки се мушнаа меѓу двете бакалници на аголот на Корејска улица и чикмакот што завршуваше со висок ѕид од бетонски тули, и брзо се вратија назад, разделувајќи се со обострано тапкање по рамената.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ЈАНКУЛА: Сполај му на бога што си се вратил жив и здрав.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Арсо се врати во каушот. Го најде Глигора седнат на сламарникот меѓу група затвореници и за нешто оживеано спореше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стариот војвода поверувал во тоа и се вратил дома во селото од каде што бил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еднаш и чичко Ташко се врати од Берлин (од некаков саем на книгата) со албум за поштенски марки кога јас бев филателист!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И ова беше еден нов вид дарежливост во неговото искуство, едно губење на своето себе што значеше себедополнување, давање за да ти се врати, ако повеќе си дал, повеќе си добил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А, незгодата беше во тоа што Нерка си замина во три часот, татко ми се јави од Болница и рече дека непланирано мора да дежура, па така, дома ќе си дојде дури утре претпладне, а мајка ми никако да се врати од работа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Така му излегува, - промрморе и се помести да ѝ направи место, но Кате се врати на својот кревет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Немала деца, и потполно ѝ се посветила на внуката, ја научила да говори англиски и француски, ѝ дала да чита и популарни романи, но и дела од Олимп де Гуж и Мери Волстонкрафт, малку предвреме за да ги разбере во потполност, но сосема навреме за да се определи да се бори за правата на жените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Патиките, исечени одзади, направени како влечки, се жешки, ги поднагазувам, тие ми се одлизнуваат, но кофата веќе брзо се враќа и пак полна се појавува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако го поздравив - прв пат го сретнав Борхес 1969-та во Норман, во Оклахома, тој ме прими љубезно и ме предупреди: „Без политика, ве молам“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе речеше дека се вратила од Америка и навратила на гости кај тетка ѝ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сигурно ќе се врати... Така ли е, синко? – Се разбира, Татко, ќе се вратам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Не, мила на мајка, ќе му се отворат патиштата, ќе ти се врати - како јас што сум се вратила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тука нѐ застанаа. Од тука ги праќавме со молитви за да ни се вратат побргу...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, да се вратам на основното прашање: зошто „стравот“ од песната?
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
„Ќе се врати водата“, вели, „рака сечам!“ Го затворив бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но Татко, прв, тивко рече: – Синоќа го сонив татко ми како ми довикува од другиот брег, да се вратиме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше тоа необврзан разговор, кој скршнуваше од лични нешта на книжевни прашања, од храна на швајцарски обичаи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сигурно не ќе се вратат веќе?“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој умирал среќен. Му се врати синот, и нема да замине, се задоми и внуци му се родија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но таа стравуваше книгите да не го испратат таму од кај што можело да нема враќање, како многумина, како што можеше да му се случи на Климент Камилски кога, сепак, се врати од Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дора со комплетот си играше жена-мајка и му готвеше на мажот кога тој ќе се вратеше од работа, ако Ники дојдеше на гости за да си играат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На Брчалото секој месец, некое време околу половината на месецот, поштарот му носеше по еден долгнавест жолтеникав плик после, така што тие дена одеше в град и по најмалку неколку денови го немаше да се врати.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се изненади кога се врати дома. Мајка му не можеше да зборува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Синот на Тајко почна во пазарните денови заедно со нив да се враќа од градот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Еднаш се вратив без абер од неа. Ама јас имам нешто важно да ѝ кажам и морам да ја видам“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кажи ми, оти сега ако те фатам, дури не те облеит студена пот, не те пуштам!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој пак, на испраќање, ќе ми рече: — Ајде, со здравје и побргу да се вратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се вратив од часови татко ми сам седеше со Ели, која стануваше сѐ позборлива, само ако имаш време да ја слушаш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Кој вам ви рекол дека ќе се вратите без камења? прашал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Мајка, која ги допрати до капијата не знаејќи што се случува, се смири кога Татко кусо ѝ рече дека брзо ќе се врати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Младиот господин замина“, му рече, со нерешителност доволна за да го полуди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се врати од Цариград, појде на гробот од дедо, крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И после се врати митралезецот, го менува лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Отиде да гледа како ги молзат овците и кравите, а кога ќе се врати ќе донесе котле млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не дека детето се пожали некогаш, нему му беше битно да го наполни стомачето и ништо друго, а таа сакаше работите да тргнат на подобро и да се вратат во она друго време, кога можеа да избираат меѓу два вида паштетка или крем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа се враќа, шета нервозно, испокинато, по собата, пали цигара и ги влече долго и жедно чадовите од цигарата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во каушот завладеа мртвило. Глигор и Арсо се вратија на своето место под прозорецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ники беше од некое руско-грчко благородничко семејство што се вратило од Шангај, од Кина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттаму се врати трчајќи: - Врапче! Врапче! Во долниот ралуп! - викаше тој.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Може и сета нејзина вода да е замрзната до газер, до извор, о, господи, колку проклето време, да не се најде веќе, да не се врати!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога се вратив во селото него не го најдов, во меѓувреме самиот му судел на агрономот и му пресудил со пиштол и како што му пресудил со сѐ топол пиштол се пријавил во полицијата. Пресуда - долги години затвор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- А и Белуш е јуначиште. Тој, ако е сѐ в ред, треба веќе и да се врати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој сакаше на прекрасната Французинка да ѝ го покаже својот младешки дух - затоа, кога ќе се вратеше од работа, готвеше вечера, па со најлуксузните тренерки и спортска чанта гласно ја треснуваше вратата со надеж дека таа ќе го види низ дупчето и така ќе се заинтересира за него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Продолжуваше да чекори, размислувајќи само на тоа дека тој беше дојден тука за да се врати, откако ќе ја сврши работата, и еве сега тој си се враќаше, дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Бегај, реков. Не сум јас невеста ни за гол ни за натоварен младоженец со три деца и не сум жена што легнува пред секој што ќе ѝ тропне на врата со коледарска ластегарка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Циљка се врати во ровот. Сега ослободена од стравот, се навали на топлиот земјен ѕид, вдишува воздух, истресува земја од коса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Немав време да се вратам по таков начин како што се качив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Речи му тука со здравје да си одиш, повеќе пари да спечалиш и побрзо да си се вратиш...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од кујната одново почнува да се слуша пијаното пеење на Фезлиев: „Не плачи, мило моме, не жали, Јас пак ќе се вратам...“)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Стоев некое време неподвижен на вратата, а потоа се вратив во собата во која беа и сите останати.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сетне дури разбрав дека Симон бил земен и дека не се знае кога и дали ќе се врати.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ама царот Сонце и царицата Месечина еднаш замрзнале на небото. На синовите удрила чума ...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле Германија се врати, но тој успеа да ја сретне дури по неколку дена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- И за помали да си исчекате... - Сполајви и во вашата куќа да ви се врати... - одговараа Карчевци на многубројните поздрави и честитки...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не ни остана друго, освен да се вратиме на магистралата, кон Платамон, во пресрет на други кампови и одмаралишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И по Богородица ја снемало - отишла по патот на своите претчувства.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нему сѐ уште ништо не му беше појасно, но кога чу дека Бак се вратил, скокна и влезе внатре: - Мамо, мамичке – викаше по тетка ми – дојди, сѐ ќе ти објаснам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оваа одлука веднаш е оспорена, и важно е да се нагласи дека за неа во моментов се води спор против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, при Советот на Европа во Стразбур!5 Откако штрајкот беше и судски забранет, работниците мораше да се вратат на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По месец дена Луција се врати на училиште: беше ослабена, бледа, со модри траги под очите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сета коса, до влакно, ми се врати на главата. 29.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Насмевната трчи дома и се враќа со ножици в раце.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие две мисли ги мачеа цела зима. – Било што било, нели сме до него испратени, ќе го чекаме да се врати – беше заклучокот од овие размислувања. Инаку и не можеше да биде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го дупна коњот, излезе пред војската, оставајќи еден од муљаземите одзади да не се врати некој војник да направи некој маскарлак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Е, кога се врати една вечер татко ти од лов на зајаци, нели ни го раскажа она за чија што точност и самата навистина не сум сигурна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се упатив по пистата, кон авионот, со насмевка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Тогаш требаше да го спречам чедоморството и да ти се вратам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Станав и се упатив кон ѕидот, сѐ уште наведната поради досегашната, свлечена положба на телото во која се најдов кога се вратив од таму каде што бев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Филип Хаџиевски го изми казанот, го крена на рамо и се врати назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговите книги израснаа од други книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа долго време го чекавме да се врати, да нѐ причести. Ама не се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се врати назад во својот бокс, седна, го фрли парчето хартија немарно меѓу другите хартии на масата, ги стави очилата и го привлече говорпишувачот кон себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Легнав, го покрив лицето со рацете и плачев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во себе пресметувал колку е помлад од покојникот, уште колку му останува да се поживее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Побледувал од претчувство дека сето патување, сите надежи и жртви биле попусти. Треперел. - Ќе нѐ пуштите да се вратиме со празни раце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие ги зедоа пушките на готово и се загнаа кон патот каде што лаеја пците. Не помина ни петдесет минути, по патчето откаде што дојде дедот Јован, се вратија војниците со еден селанец пред нив, кој си водеше маска со две торби и секира на самарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излегов од кујната и влегов да се капам дури се пече телешкото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако ли не се вратиме, љубезни мои проштевајте. Песната ви ја обелоденивме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Да му се врати шапката на дедото!“ - помисли веднаш потоа, но ни шапката на дедото не се врати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
НЕДА: Рече дека ќе се врати порано.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А на колкумина други потоа им наредија да тргнат по нив, за да им помогнат барем да се вратат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога по таквите обиколки ќе се вратеше во својата соба, често ги превртуваше рацете и ги посматраше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Баба ми се вратила од реката и нѐ барала насекаде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако писнам може без глава да се вратам по капата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По некое време влезе и брат ми. Се врати од орање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мачорот замина без да забележи таа и сега се врати со глушец во устата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зуи внатре шармантниот шум на душата ја влече назад но таа по сѐ изгледа ќе стане од леглото и - по кој знае кој пат - ќе се врати во стварноста без лажна надеж.  За жал, добата на лесно самозаблудување за неа е далечно Минато.  Депресија: квечерина  Раз-сони се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дома се вратив сит, задоволен и наострен за дејствување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така, човеков, раатисан, стасал таму за каде што бил тргнат, свршил работа и по една недела или колку, се вратил во селото...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се вратив, а не знам зошто…,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Почека да го чуе чкрипежот на клучот, помислувајќи дека отец Иларион се вратил, и кога не го чу, го допре окото на клучалката и го забележа полковникот Бонети.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не знам кога ми се врати одново плунката в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Требаше да се врати дури во септември, а Али во својата работилница ниту можеше да постигне да ги услужи муштериите, ниту пак можеше да најде помошник па го наговоруваше Еда да остане.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Место да се врати, Драге ѝ пишал на Верка, со која се сакале пред да замине од Маказар, да оди во куќата кај мајка му и кај сестра му и да биде снаа. Таа така направила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Звуците од стиховите, повеќе од сигурно, удриле во тие длабочини и со ехо, или ко што народот велит, со одѕун се вратиле назад, не остри и прободни туку обрабени и обли и ко такви стигнале до ушите, а сетне до душите и на нивните и на нашите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А кога ќе отидеш без среќен ти пат, не ќе ти текне веќе да се вратиш. Најпрвин мантијата.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Жената неочекувано се разболела, а ќерката со фијакер тргнала низ Париз да набави лек; возењето траело 4 часа, а кога се вратила, девојката прашала: „Како е мојата мајка?“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Понекогаш ја облакаше облеката од татко му, ставаше вратоврска, паларија, ставаше мустаќи од волна, ставаше луле в уста, ја ставаше сабјата и шлемот што ги донесе татко му кога се врати од фронт и застануваше пред огледалото и се огледуваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бешир кусо коментира: - Забележав многу Палестинци во камионите. Нешто се случува во Картагина! Бевме близу амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Врати се, врати се! Гледај само да се вратиш без карики за Голфот!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Вечерта се врати невртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Многу знаеш, Спиро. А со Мечкојадовава кола ... А?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе имаме гости, - му рече на Бојана кога овој вечерта се врати од скитањето. - Гости? Какви? - му светнаа очите на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Остана така со погледот низ окопот од каде што требаше да се врати Србин и со мислата на Брезница сѐ додека најпосле Србин не се појави со бовча. Пак не се помести од местото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога ќе ги продадеше билетите за последната проекција, обично идеше Татко, или некој од постарите браќа, за да се вратат заедно дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Машала! Е, кога ќе се вратиш оттаму ќе имаш педесет и кусур. Тоа ли сакаш?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се врати дома Петре, ја кладе главата меѓу дланките, се потпре врз исушениот орев и три дни и три ноќи од место не се мрдна, ни око отвори ни уста зина, ни касај касна, ни вода пивна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А, тој се врати после да плаќа. Ми се извинуваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога се врати Орде, тој му го подаде: „Еве ти дојде писмо од љубовницата, прочитај го и ти.”
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Генералот ми рече да исчезнам некаде. Па да се вратам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но тогаш себе си се самоубиваше прво а тој остануваше. (Како што Евридика сама си се вратила во пеколот за да не дочека Орфеј секако да се сврти, за да му олесни.) Љубовта беше скоро мртва.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Баба ѝ не беше тука, и ми рече додека се врати баба ѝ за да ручаме заедно, можам да се раскомотам, да се избањам во бањата, да се отпуштам на каучот. Се избањав, се испружив на каучот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не сакаше да навлегува во овие мисли и повторно да ја враќа сликата која очигледно не можеше да се врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се распраша за неа и дозна дека е жена на офицер, покрстена Еврејка од Војводина, дека маж ѝ последнава година служи во погранична единица, дека ја посетува на неколку денови во месецот, додека останатото време таа останува сама во куќата.  Шабтај се врати скршен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Двамината со кајче се вратија во Винени и таму на кожената блуза видоа и изброија дека беше пронижана со триесет куршуми.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А и тие сами видоа дека нема на што да се надеваат, та стиснаа раце и срце и се вратија, чекајќи си ја својата горчлива судбина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И за шеесет дни и ноќи да се вратам!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Плашејќи се да не ги снајде смртта сите во чунот, Дејко се врати в село.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сакавме да земеме многу храна, па со козите да се скриеме во блиската планина со пештери, да живееме едно време од млекото на козите па, кога ќе се смират работите, да се вратиме во градот, кога ќе се врати и слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Братучед ми Мурад јуреше на коњот преку полето со сува трева кон еден канал за наводнување, го прескокна каналот, а по пет минути, кога се врати, од него капеше пот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така ќе му покаже на малиот кога ќе се вратат дома, ако даде господ.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Никој не знае кај замина, вели Огнен Ѓорго, може пак да се вратил во Америка, или во друга земја може да се вратил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае по колку време пак им се врати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите македонски војници што се вративме од Бугарија за на Солун, нѐ протераа на Срем.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се врати назад кажа дека е преку полноќ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со тоа, велат познавачите на неговото дело, писателот не апелира како Русо да се вратиме кон природата, туку само потсетува, па ќе напише „Светот што го создал човекот, исто така, е природен“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тргнала утрото да 'а бара по комшии, тука, тамо, тука, тамо, не 'а нашле и се вратила дома, оскорбена, веќе вармак беше се сторила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа беше повеќе посакувана, принудена, отколку реална историја, во која јас бев еден од малите протагонисти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Двете сестри имаа план кога и каде ќе се најдат повторно, за да се вратат дома двете заедно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Останал синот да расте на рацете од таткото додека на десеттата година не се вратил братот на умрената жена од заточение.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ноќта била студена, ќерка му не се вратила дома, а тој сепак се надевал дека ќе ја запали колата, и покрај мразот фатен на прозорците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сигурно од топлината пак ни се врати женската потреба за чистење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ги ни бараше. Барем не онака како што ги бараше пред малку. Но, не можеше ни да се врати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Карактеристично за печалбарството од овој период било тоа што сите оние кои заминувале како печалбари привремено го напуштале домот со цел да заработат пари и по одредено време да се вратат во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сѐ станува презаштитен природен резерват, толку што од големата заштитеност денес почнува да се зборува за денатурализација на Јосемитската градина за да ѝ се врати на природата, токму како што се случи и со филипинските Тасадеи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И така, во тие тефтери ја немаше само нашата болка, нашите солзи, осамата наша, чекањето децата да ни се вратат... и ние да се вратиме дома...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не дај боже Јоже да се врати љута е Јованка скупо ќе му плати со пензија мала ја остави сама да трпи за леб и посебна салама Таман се посрав, седнав на пача ми текна на вториот Тито од Псача ги мразев и двата, се сетив сетне го пуштив на цеде Тито Пуенте
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Јас не сакав да се вратам, бев забележана од непријателот и ако ме ранеа немаше кој да ми помогне.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ралфи ги остави таму. Но, не се врати по нив.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој Кољка се фрли од бродот. Среде море. Сакал да се врати дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И ако не се вратам од фронтов, ќе остане така, невидена, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка ми повторно ме прати да купам леб, но овој пат купив убав, бел, мек и дури малку топол, па кога се вратив таа не ме караше, дури и ме бакна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога се вратила Мајка во Лесковик, тогаш, десет години постариот Татко заминувал во Цариград, во залезот на својата „француска врска“.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Или за Хухуј, за Кецалтенанго. (Се вратив на претходните страници за да ги најдам имињава.) Не чинат, би било исто да кажам Трес Аројос, Кобе, Флорида.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко продолжи, откако Камилски голтнуваше од имам бајалди: Но, да се вратиме на ова јадење имам бајалди, толку присутно во балканските кујни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Им објасни дека тоа ѝ го сторил светецот за да ја казни, зашто на некој од манастирските орачи кога подлегнал да преспие на нивата, му дошла таа и му го изела едниот вол; се исплашил тој и отрчал кај свети Наум и му кажал плачејќи; тој му рекол да се врати на нивата и таму ќе ја најде мечката впрегната во јарем.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Земјата не би можела Одново кога би се случило земјата да му се врати на нередот, да му се врати на својот колосален хаос, на бесконечноста и на пустошот од што потоа пак би одекнал големиот big-bang, во таа повторна експлозија воопшто не е веројатно дека одново би бил создаден човекот: земјата, сепак, не би можела да ја издржи таа голема реалност - бесконечните човекови страдања...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ако се вратам жив и здрав, пак тебе ќе те земам… Се разбира, ако ме чекаш…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Хм, куче... - рече таа, кривејќи ја надолу устата, а веднаш потоа се врати на темата, - некои животни се за јадење, а некои се за галење, - рече, ја погледна Маци и ѝ се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Моја единствена, таму, во топлата одаја, клекни пред иконата на Богородица и моли ја да ти се вратам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во новото поубаво утро во бескрајот на новиот ден ќе произлезе голема приказна, доволна за да собере цел еден живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И пак се врати на старата мисла: „Не, не, јас не и оставам ниј да робуваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој беше мошне задоволен дека пак се врати меѓу луѓето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но тој веќе не беше тука; бесен, излезе од семинаријата, па се врати со слово друго и ми го подаде препис да учинам, а тоа слово, со буквата Ж што почнуваше, на друг го даде за умножение.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чувствувам дека ако повторно се вратам по патот градот ќе биде исчезнат, луѓето сѐ уште неродени, нештата изменети, дворците неизделкани во каменот, стеблата непресечени од шумите; не прашувај од каде го знам тоа, пустелијата знае, и ми го вели.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Се радувам Леме, рече искрено израдуван, - се виде беше среќен, - многу ми е радосно срцево што се врати твојот вид, момче, а сега ајде да проанализираме малку, Леме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Учествувале и во бугарското Априлско востание, во Руско-турската војна од 1887-та, кога и биле одликувани од бугарското кнежество за покажаното геројство, во македонското Кресненско востание 1878-та, кога по задушувањето на востанието, одново се вратиле во Бугарија за да ги изгубат животите во 1885 година во односната Српско-бугарска војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја градеа заедно и заедно остануваа во неа сите изминати лета; ја знаеја како дише секоја педа од нејзините простории и ги имаа во рацете сите допири на сите греди, од кои што беше создадена таа, а тоа можеше да трае сѐ до есеноска, кога ја напуштаа, сигурни дека напролет пак ќе ѝ се вратат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Последните настани ја принудија повторно да се врати на стариот порок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во куќата на нејзиниот татко и на маќеата, во Лесковик, откако се вратила од Солун, станувала сѐ потивка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Важно е дека детето ми се врати на правиот пат!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Средствата на депозитната сметка ќе останат на располагање на жалителот најмногу една година по нивното депонирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заѕвони. Еднаш, двапати. Чу чекори како се приближуваат, па вратата полека крцна. ­- О!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Низ пукнатината на делканата оревовина ги виде сите живи во селото и оние што се далеку по светот, насекаде, преку големи реки или преку мориња со непознати риби и треви - чекорат, ги затвора круг во рамка на безизлез, се враќаат, остануваат по патот по дел од себе, потоа со згрченост ... гроб ... пепел; од нив остануваат само очите да ја бараат целта; распослани насекаде, тие се цветови на црна пролет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Крсте патема нигде не се врати на учење, а немаше тој ни што да учи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис, и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се вратија да ги слушаат стрико си и брачедот, но сега сите пееја. Ја пееја „Спаикчето војник ќе оди“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ете деновиве го пуштија на слобода и Готлиб, Хинко Готлиб, неговиот цимер-колега од затворската ќелија, еврејски новинар од Загреб и тој, подготвувајќи се за заминување, му рече дека се враќа дома.  „А како е кај тебе дома?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Попладнево Секула се врати од град. Но премногу уплашен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Никифор ми рече: ,Ќе го родиш и ќе се вратиш".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тате ќе му ја бацеше раката, а дедо ќе му речеше: „Сполај му, синко, на Бога, што ни се врати здрав и жив.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој малку тажно, или само мене така ми се причини, се насмевна и рече: - Кутриот Борис, постојано се враќа во своето детство, затоа сѐ таму го наоѓаат кога ќе се загуби.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но ловот и за него, како и за сите, беше зар и тој не еднаш се врати со празни раце...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неочекувано за самата себеси, Вера во еден момент чу како на Пера му рече: „Би сакала да се вратиме!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Е, токму таму, во меаната, татко ти успеал да го направи најглупавиот договор што еден умен човек смее да си го дозволи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога би се вратила долу, би ме докрајчиле спомените, би ме убил погледот од очите на тој што ми ја надена болката над сите болки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немајте сомнеж во срцата свои дека Тој ќе се врати!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оние од Сатока што останаа живи не се вратија веќе во изгореното и испустено селце; но останаа во долот каде што беа засолнети од опасноста и го нарекоа своето ново село Бежиште – куртулиште.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе се вратите пак кога ќе помислите дека е свршено со мене. Мојата жолта старост ќе ја купите за една обична дневница. Но луто ќе се излажете што го оставате мојот корен зашто вашите брчки пак ќе ги лечите со мене.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Богородице Владичице, отвори им ги патиштата - на снаа ми Трајаница и на момчето со кротки очи и огнено име - да ни се вратат... - офна баба Петра.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се вратив во семејството коешто беше среќно затоа што оздравив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некои луѓе што сакаа да излезат од лифтот, ги видоа така купче и помислија дека го згрешиле катот, па во недоумица се вратија и набрзина продолжија нагоре, подалеку од тие лудаци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секој носи по еднодве шишиња ракија или вино и при една таква средба појакиот го тераше послабиот да се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како ли им е на душата, си мислам на оние дваесет ополномоштени бирници, од кои секој со по дваесет души на коњи, кои се распрснуваат да го збираат харачот, знаејќи дека во август веќе треба да се вратат кај господарот и да му избројат до пара осумстотини и педесет илјади дукати.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потоа се врати, застана пред светите врати и почна да зборува. Да кажува божји работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ах, што зборувам јас, што зборувам? Света Пречисто, прости ми...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тогаш Младотурците рекоа дека слобода носат за секого, комитите нека си се вратат по дома: да живееме сите братски и во слога.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ништо не помогна тоа што војводите им пишуваа писма да се вратат на прав пат, да престанат да го заблудуваат народот, и да продолжат да се борат за автономна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тој уште од првиот час реши тврдо во себе си при прв случај да му каже на Белича да се вратат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И магарето и козата се вратиле во пондилата. И кокошките во дворот се присобрале - претаат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Израдувана што мајка ѝ конечно се вратила дома, таа се затрча кон спалната, но гледајќи го окостеното малечко тело под чаршафот, застана како скаменета.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не се враќаат веднаш на своите сламеници и рогозини во бараките и во коњушниците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со срце ѝ платив Во себе не се вратив Небаре божјак беден До изворот Жеден.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
- Ех, Лета, Лета, не разбирам, толку го сакаш, а така се однесуваш со него? – се чудев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
2. Ване не очекуваше дека кога ќе се врати дома да го истера летото тоа ќе му помине како летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
XI Отсекогаш во музеите ме обзема неразбирлива меланхолија која продолжува во внатрешна забрзаност што побрзо да минам крај експонатите, да се вратам во животот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но не само што не можам да се вратам дома, туку и не смеам“, додаде таа. „Токму во тоа е проблемот!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дел од заработката оделуваат, ставаат на штедна книшка, со единствена мисла да ја употребат во својот крај за градење или купување стан, алат, но и да се вратат со збогатено стручно искуство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Се случува значи извештајот да го предадеш а дома сепак да се вратиш трезвен, ни лук јал ни на лук мирисал - погано го исмејував заебаниот пријател Господ откако му нарачав двоен вињак.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Збогум мој Прилеп, да би оган те изгорел со сите твои Аџи Рамповци, Аџи Илиовци и сите христијански бегови и паши!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Уште колку минути ќе се вратиш, мамо?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дедото Богдан се рашета гордо низ пазариштето, разбра што му требаше да разбере, ги изжала и другите чифчии што ги виде, се нафрли пред сите со мариовската слобода и се врати кај Ангелета и селаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Прости, - го прекина таа, и не послушувајќи го, стана како нешто да ја чека, но отиде само до нишата од кујната и се врати со шише, чашки и пјато.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Затоа со „салви од истрели и удари на кундак ‘масата’ мора да се врати на местото што ѝ припаѓа; ‘народот’, напротив, се приведува кон една за властодржецот / расата / нацијата потребна единица” (Канети).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако има господ, треба да ни се врати таткото, домаќинот, мажот... (Резигнирано).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во својот конструкторски занес не забораваш да ја создадеш палубата Но притоа избираш и зборови, најбрзи зборови зборови со крила, зборови со умеење на птица во одредување на страните на светот Можеби тие треба да бидат едрата што ќе го поведат бродот низ тесните длабоки клисури и покрај подводните ‘рбети на могилите во кои се закопани соништата на отскитаните Одисеи што сега немаат море да се вратат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Утеха за мене не постои. Не знам зошто се вратив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И Лествичникот тоа го сторил: неколку месеци, дење и ноќе се измачувал во скрипториумот, распоредувајќи меки гласови меѓу тврдите, и го отклучил записот, оти го добил решението. И тоа еден ден пред да се вратиме ние.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Колку мајчиното срце, од турско потекло, го задржуваше кон Исток, толку притискаше повикот на неговиот остарен Татко, тој да се врати на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И навистина не можеш да се вратиш назад и повторно да донесеш одлука за истата работа...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се надеваше оти Али Фетхи набргу ќе се врати во Истанбул, тој остана рамо до рамо да се бори за нова Турција од првите битолски идеали на младоста до позлатените идеали на староста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А и забите некако му беа побели кога се смееше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сеќававме на претходните средби во Оклахома, Сан Диего, Лос Ангелос, Буенос Аирес, Мејн, чикаго, Пенсилванија, и на Харвард, каде што стана почесен доктор 1981-та.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Чувствуваше како да се вратил во непријателска средина, во туѓо село; како да не се оние истите луѓе што го знаеја од детството, од младоста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
18. Оливера Поточка се врати од Чехословачка и прво видување ќе ми рече: — Леле, да знаеш што ти донесов!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, бидејќи ме чита дека мислам оти не е фер, тој се обидува да се оправда: „Дете, јас не им штетам, тревите секако ќе им помогнат, па ти не знаеш дека барем пола од нив се враќаат да ме почестат бонбониера и тоа од оние скапите, ’Гриоте’ и ’Бајадера’, полн ми е подрумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мислите му завршуваа до големото езеро крај кое се истркалаа неговото детство и младоста, со надеж дека ќе им се врати на старост. Пуста балканска надеж!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа сеќавањето на нејзиното лице му се врати, а заедно со него и вознемирувачката, неподнослива желба да биде сам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наутро прва стануваше секако ситната Митра, погледнуваше во аголот лево од вратата и голиот грб и големата гола глава ја смируваа дека Дончо сепак се вратил на спиење, па излегуваше да мети пред одајката и да донесе пресна вода за пиење во две стомни оти едната ќе ја потроши Чана, замивајќи си го големото лице и плискајќи се под машките мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Почна да се враќа кон неговото место, под ескалаторот кој го поврзуваше подрумот на трговскиот со првиот спрат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таа знаеше, добро знаеше, силно веруваше дека големата историја Татко ја беше задржал во своите книги, во рафтовите на библиотеката кои требаа да бидат штитовите на нашето семејство, за големото спасување од историјата, за кое таа немаше моќ вистински и целосно да се спротивставува како Татко со неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно утро, кога Мегалон веќе сметаше дека бербата привршува и дека децата ќе се вратат по своите домови, дотрчаа слугите избезумени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мајка му се враќа од подрумот и продолжува да работи низ претсобјето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе се вратам и, ќе ги подземам и пак им бегам напред, глава не покревам. Само гледам пред нозете, пред прстите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Оф, кај се вратив и со кого се ставив, вели Јон, се купува ли заслуга, капавицо една! - Капавица, ами што сум, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите се вративме во базата. Огнен е лесно ранет во левата рака. Ти се јавуваме преку Самарчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога се врати сличен на живо стебло со испреплетени ветки, го разгоре огнот и го помоли бедниот Герасим од Побожјане, домазет во нашето село, да раскажува за старите времиња: минал многу свет, го знае минатото. И рече дека нема веќе спиење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекаше бункерски да зајакне во оваа ноќ како и во многу други ноќи откако одново се врати в град.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Партизаните се вратија назад и продолжија да ги чистат пушките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Апсолутно апсурд. Од шума дојдоха, таму нека си се вратат.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Којзнае и нему како му е, ќе си речам, и ќе се вратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѝ рекол да се врати, го повторил тоа уште еднаш и пак уште еднаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Кај да се вратам, прашувам и се вртам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трајче слезе од коњчето, ги зеде парите за кибрит и се врати в село.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
По војната во Битола се доселија цели деведесет илјади главно селани, приближно колку што имаше во турско кога таму живееле неколку илјади турски офицери со своите семејства, до или во времто кога Милтон Манаки во Париз купи камера, се врати во Битола и стана првиот граѓанин на Македонија кој ја крена раката пред Неговото Величество султанот на Отоманската империја Рашид и му нареди: „Застанете Височество„“ Неговото височество му се потчини на битолскиот фотограф и така во историјата на уште долго непостоечката македонска кинематографија и на Балканот беше втемелен првиот документарен филм.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Ама, пердувче си се сторила, Ѕвездо моја, ќе ми се налути мајка ти, не сум се грижела за тебе, ми рече на заминување дури да се врати да сум ти баба, и мајка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Затворениците што ги ослободувале исто така ги терале да се вратат во своите, често, одамна напуштени родни краеви.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислеше дека ме опива првото доброутро на пролетта во таа крастава година да лежам со тил на камен и без трепкање да го гледам движењето на орлите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде време за Содома нова Спасителот мора пак да се врати дојде време за откровение на Јован секој за своите гревови да плати
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Венче и Милчо беа соседи; куќите им беа отспротива. Кога ќе се вратеа од училиште, играа во паркчето меѓу нивнивте куќи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кршка лево, кршка десно, ги подлажува дека се вратил кон Градешница, но сега загарите не се подлажуваа со лисичината опашка, бидејќи и селаните правилно ги известуваа за Толевото движење, та не го оставаа ни да се издише.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неочекувано, со чемерна шегобијност но зајакната со калапот на привидната осаменост, го прашала ја сака ли за жена и дали не ќе зажали што не се вратил во своето село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И немилосрдно заклучи: „Оваа беше краткотрајна.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас си ја скрив главата во скутот и ми дојде да ѝ завидам дека нејзе не ѝ се врати Мирче, стопанот нејзин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечерта се врати не вртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда, како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ете тогаш тој и вресна - дословно паметам: почекајте, ќе се вратам и двајцата ќе ве дотепам!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога се врати мислам дека со себе ја имаше донесено половина Русија. Што во торбите, што во главата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татко ми еден век истера во Стамбол на печалба. Се врати дома без грош.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Брзо се врати и подавајќи му ја чашата на чичкото рече: - Имаме и убаво слатко!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Порано и ме бакнуваше - но вака, кога ми се спиеше, можеби мислеше дека ми прави услуга со тоа што е ефикасен за побрзо да можам повторно да заспијам, иако по неговото дишење препознавав дека тој секогаш заспиваше пред мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѝ велеше дека го чека Јована Дамчески да се врати од војна и дека кога ќе се врати тој, таа одново ќе си стане лична и млада и тогаш ќе се венчаат со Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се врати со целата своја свита меѓу која беше и неговиот Велик везир Србинот Мехмед-паша Соколовиќ.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А мојата младост, горо сестро, Нема да се вратииии...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да појдеш на извор зад девет младости и девет премрежја да се напоиш и внесеш во него бистер и озарен да се вратиш при мене и да ме гледаш сѐ додека не протечеш дробно по мојава планина песу мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не можеме да се вратиме, велиме и само збиваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Царот и царицата имале синови колку што бевме ние - Дмитар-Пејко умре, Јане Крстин и Пеце Дановски загинаа од турска пушка, Васко Тушев се врати во Кукулино. А Онисифор Мечкојад?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По наредба волчјакот се врати во комбето, а мажлето ми дава знак дека можам да заминам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Речиси со трчање стигна дома само миг пред тмурниот Никодин да се врати од работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој црвено-црн конец зад нас да го пуштиме, на овој камен- карпа или на тоа дрводаб да го врзиме и по него, како што слепиот, удирајќи со стап наоѓа пат, така и ние, држејќи се за конецот да си се вратиме по патот што ќе нѐ доведе до изворот на нашето откорнување ...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само што се вратив слушнав пишталката свири и сите моравме да се најдеме на зборното место. Ех, како ми беше криво!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сакаше да му каже дека се вратила од враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа се рашириле по селото секакви прикаски: некои кажувале дека загинала од безмилосни насилници, некои дека му се вратила на родното место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги замоливме родителите да ни ги вардат козите додека не се вратиме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го отепа ти Катил Шериф од Чумово, ама те поткачиа кајмакамот и пашата и и остави селата, та побегна во нашите планини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И пците едно подруго пцовисаа, а овците без ред џенем фатија. Не се вратија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дедо Ангеле пак се врати в село дојадосан.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Бак се врати – му шепнав, - ама, јас ептен ја згрешив работата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се вративме во фабриката и Оливера Поточка се пријави за ковач.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа сите го очекувавме неговото враќање. Тој мораше да се врати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стана и се извини оти не може да го дочека кафето, a по цедилото ќе се врати попосле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие брзо и лесно се вратија на својот вообичаен дијалог на интелектуалци во медитативна фаза и чија преокупација, во овие времиња кога радикалните идеи заживуваа и се ширеа по светот како троскот, загрозувајќи го спокојството на целиот свет, расправаа надолго и нашироко за тоа што би можело да се стори кога би се сторило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Си ги наполнија ѓумовите и котолот и се вратија дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Централниот наратив му припаѓа на педесетгодишниот Симон Поцо, писателот кој се враќа во своето родно село Маказар со намера да напише хроника, „повест“, посветена на сопственото семејство и на селото од каде што потекнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во оваа точка го правиме отстапувањето од Дерида - кому, се разбира, пак ќе му се вратиме затоа што целиов текст всушност е рециклажа на некои негови ставови: мултимедијалноста, оној „етер“ меѓу медиите во акција, е таа деридијанска рамка, parergon.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ѓорѓе се интересираше кога планира да се врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако ќе се врати, го гледа Фезлиев така гровнат и скршен.) Ќе го носиш ли писмово?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се ближел заод некако поинаков од другите до тој ден, како тежок, како мртов сон - до бескрај се шири и сѐ околу себе дави пепелава поплава без јасни сенки, слаба темница што ни се враќа во коритото на секнатиот ден ни прераснува во ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога даваме нешто, кога помагаме, никогаш не треба да бараме да ни се врати на некој друг начин.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Ќе појдете кон Лесново, ќе го оставите моето колило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се вратив мачката стоеше пред рерната и го набљудуваше месото што полека поруменуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одеа така долго по трагите, но мечката ја немаше. А кога кучињата се вратија, изгубија секаква надеж.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога по неколку дена, откога јас се вратив, без да останам подолго со Агна во С (ја замолив, штом го привршам овој мој проект, а само накусо ѝ кажав за проектот, таа да е при крајот на подготовките за доаѓање кај мене во Маказар) и без да ги видам повеќе од еднаш ќерки ми, дојде екипа стручњаци да го разгледа и да го обележи теренот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку за илустрација, ќерката на еден поранешен синдикален лидер се фалеше дека од парите кои нејзиниот татко и ги давал како „џепарлак“, а таа педантно си ги собирала – подоцна си купила стан во Скопје!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Коа колнела сирота баба, забораила да ја моли Богоројца таа да го накажи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Петнаесетина дена пред да ѝ мине важноста на визата, побара да се врати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаеш, чорбаџике, тогаш како ни заповеда: „Тури на ум, глупава Анастасијо, ако ме разбудиш уште еднаш порано или подоцна отколку што сум рекол, бегај од мојава куќа и повеќе да не се вратиш!“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мислеше дека од тоа можеби, колку-толку ќе се врати во нормала.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
6. АКО ИМА НЕКАДЕ ПОАРНО, ВИКАЈ МЕ И МЕНЕ - но така викнат ќе можеш ли дома да се вратиш?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И Хејс и Перлис имаат само една цел, без оглед дали се свесни за тоа или не: да најдат основа за обезвреднување на секое негативно сведоштво за да можат безбедно да ѝ се вратат на менталистичката интерпретација на „виртуелниот” систем - интерпретација којашто самиот виртуелен систем никогаш нема да ја избори затоа што еден симболички систем мора „по дефиниција” да е способен да ја понесе целосната тежина на една систематска интерпретација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Па ја смируваше пред да излезе, оставајќи ја грижата варилцето да го зготви што почеревишно - небаре како залог дека навистина ќе се врати.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
НЕДА: (Влегува од кујната.) Се вратија ли?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Да не си ти, јас ќе се вратев, а тогаш би ме чекал тој мене...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Гледаше де во мене, де во цртежите, како да ме имаше фатено да правам нешто срамно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Туку што стана, тој пак се врати, го отвори блокот и на внатрешната страница од картонскиот капак запиша: Сѐ во врска со приказната треба да биде така „документирано“ што авторот мора на читателот да му наметне верување дека тој ја зборува вистината и само вистината; но истовремено да биде несомнено и тоа дека сѐ што е раскажано е исто толку и повеќе од толку целосно измислено така што секоја сличност и помисла на стварноста да биде случајна; тоа го наметнува творечаката лага на којашто ќе биде подложен читателот привилегиран со вистината што следува!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Полека ја одвоив мојата глава од неговата глава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред две недели, се врати оној мојон од Пловдив и ми вели: „Облечи се, ќе те водам на едно место“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не сакам веќе да се вратам... Не е можно повеќе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А може вистина се вратил војводата. Така се чу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зимата на 15 февруари тој се врати. Тоа беше изутрина, бевме во строј. Ја пеевме химната. Проклет да бидам, химната.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога ќе се врати на Балканот, долго време ќе преовладува инерцијата на османското време и во доменот на јазикот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ајде, Пеце и ти Трајче, одете еден на Пешча, еден на Црквишче — да вардите да не се врати муљазимот однекаде, та да направиме ошче денеска попара без мас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
БОРИС: Враќај се назад! (Пауза) Назад! (Матеј се враќа во собата. Борис заклучува. Го става клучот в џеб.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Бошко се врати дома проколнувајќи ја својата судбина која го доведе до ова да постапува како што не сакал и да прави што не е за правење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе го снесам ко јајце и со кракање ќе се вратам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Помисли уште оти би било редно од овој рид да се врати назад; помисли дека секој умен би се вратил сега, штом она ѕвере можело да изоди толку многу простор, а сепак, не се врати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И кога се вратив, откако Југославија се смири со СССР, по падот на сталинизмот и сите ние бевме помилувани од Голи Оток, но не ми ја вратија Катедрата по педагогија при Филозофскиот факултет, чиј основач бев, туку ме поставија за Директор на Националниот институт за фолклор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас мисла оти требе да му се вратиме. Колку тиа по нас — толку ние по ниј.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се враќа Бандо во постелата, ја гледа жена му кај што спие со собрани усни низ кои шишти нејзиното дишење како фитил да гори.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пискотниците на жените ги слушнаа Трајко и Куле, кои се вратија од испраќањето и се загнаа да видат што се направи дома во кошарчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ додека не дојде оној ден, што го уби лицето на Големиот Ристана, а смеата ископнеа и повеќе не се врати тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А.А. најпосле ми даде можност да продолжам: - Во одговор на вашето прашање, да се вратиме на прашањето на Апокалипсата и светите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Онисифор Проказник рече дека тој ќе ја тера кон Лесново. Неговиот имењак ќе се врати.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немаше начин да се вратат, да се соберат пак, ниту сега, ниту, верувам, некогаш другпат. Но не губев сосема надеж.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И без две нозе да се вратиш, не те оставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се врати штркот во седелото ланско, со жаба стара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Со здравје да си оди, жив и здрав да ни се врати и со многу пари.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И тоа само затоа зашто верувам оти и загубеното може да се врати.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но, ако тој колективистички драјв - кој, мислам, е и резултат на вашата грижа на совест - се покаже како величествено промашување - колкава е всушност специфичната тежина на тој „скопски андерграунд“ што го глорифицирате?! -, во тој случај, пак ќе се вратите кон „индивидуалистичкиот проект“? Margina #26-28 [1995] | okno.mk 37
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, Сатурн успеа да се воздржи сѐ до ноќта кога Марија не се врати дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За тоа време и Денко се врати, а на огнот меѓу двата шатора веќе се вареше пресното млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа го прави повеќе од десетина години, од истиот час и ден кога се врати од Света Гора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ЉУБА: Сосем сум спокојна. Ќе се вратиш жив.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нашата историја е наша историја... Нашата историја е нивна, нивната историја би била наша...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се врати пред автобуската станица, се загледуваше во секое пристигнување и заминување - издувни гасови колку да сакаш!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Ќе дојде време, велеа луѓето, кога војводата пак ќе се јави, ќе се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
НА ГОСТИ ВО ВЛАЕ
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Туку овде јас сум ти бог. Овде јас заповедам. Ќе се вратиш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Паулина како да не ги слушна зборовите на Ана и моите зборови; и продолжи: “Навистина е добро од тебе што си мислел на сите тие луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се вратив повторно кај дрвото, дојде заменикот на командант, некој Бугарин, учен човек.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога се вратила Ервехе во Лесковик, била веќе израсната мома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како што не знам ни каде е канарецот Сократ.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
— Биле — умреле, да се вратите, барем сете да умираме ако е за умирање — им порача Трајко на поповите, даскалот Бина, Младена Чкулот и други повидни селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рада мрзоволно тој петок се врати од предавањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оној што умрел на постелата на која се родил - исто како да не умрел. Уште малку и ќе си се вратам дома...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Десно од нив, не многу далеку од сонцето, се протегаше бела дамка на облак. Личеше на неподвижен гривест белец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Желките најверојатно со голема надеж ја чекаат пролетта за да се вратат во нашата рајска градина, продолжуваше мајка ми да ја кити својата ведра тема.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Мајко, дојди и ти со нас. Не сме далеку. Ако се предомислиш, брзо ќе се вратиш!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се врати човек за триесет години назад и се почувствува момче од дваесет години, толку што му се свиде свирката од зетот Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ми се врати и мене ќе ми ја скине главата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
3 Ветерот се врати тих и уморен на вратот со шарени летала по морето се валкаат русите глави на луѓето што треба да пристигнат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Море, нека ги изеде, а ние да се вратиме дома!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не знаела Симон дали ќе се врател и кога. Да сум ја однел со тракторот до Црноеч.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И никогаш не ќе ни се врати, Капинка наша, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти велиш еден ден јас го давам тебе два.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Валери била збунета - не знаела дали да пука во него или не - затоа отишла и го повикала лифтот, а тогаш пак се вратила во аголот каде се наоѓал Фред и повторно го вперила пиштолот во него. 228 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не сум тоа јас. Се трудам да се вратам во старата димензија на дух и тело.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некој од селаните излезе напред и почна да им вели и да ги моли дека тука посигурен ни е спасот и дека во Долно Дупени, Љубојно и Брајчино си имаме роднини и кај нив ќе си останеме додека помине лошото и потоа ќе си се вратиме дома. – Не! – рекоа нашите партизани и ги вперија цевките кон нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Метежот во Грција го однесе неговиот полубрат, а него го чувал Господ, се врати жив и здрав поминувајќи речиси половина година во пијанки горе во рамната земја, во Гаково, додека не се врза со Павлина, бележана во срцето уште од селото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За себе, знам, колку и да фрлав парички во фонтата, немаше никогаш да се вратам!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
МИЛКА: Ти изгледа не си чула? (Токму во тој момент во собата се враќа Младичот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ѓорѓевица слезе во келарот и од таму се врати, носејќи мала дрвена кутија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И најчесто се караше и се расправаше со оние околу него – како што се раскара со Петар, се раскара и со Варнава оној пат кога се вратија во Ерусалим.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се вратив во седиштето на Главниот одбор и се шутарам така сама.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со омилените букинисти кај кои редовно прелистуваше и купуваше книги последен пат се виде во 1938 година пред да се врати во Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Марија, која секогаш кога ќе се вратеше од работа дома, ја тераше да се мие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По половина час, се врати во дворот сестра Ангелина облечена во чиста горна раса, со голем крст на градите, со камилавка на главата, апостолникот и бројаниците на прстите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги бркаме, така, арапите низ полето и тогаш некој рече: - Да се вратиме, луѓе, оти таму има и други војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Впрочем, Тангер беше оддалечен неколку часа; дури и главниот пат на брегот (на кој можеби би имало автобуси) беше неколку километри од плажата, попладнето си одминуваше, а требаше да се вратиме во Американското школо на вечера пред моето попладневно предавање кое, со оглед на темата, во најлош случај ќе биде само неразбирливо за Тангерците во публиката, а не и навредливо. Маргина 34 71
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дома се врати тажна. Мајка ѝ ја виде но ништо не ѝ рече.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
По враќањето во Монголија Одушевено ја дочекаа торбата. Се вратил Џингис Кан.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се врати пак во спалната и седна на креветот. Му се јаде а нема што.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Пее, како и на почетокот од овој дел, додека сам стражареше: „Не плачи, мило либе, не жали Јас пак ќе се вратам...“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само да се изјасниме, вие рековте тајно, во тој случај ќе треба јас сабајле да си заминам, а Антица да си се врати при мајка си. Така ли?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тука се наоѓа итинерерот на татковиот егзил. Тука се и дилемите на таткото, како централен лик на сагата: дали да го продолжи патот на семејството, и да се вкорени конечно на бреговите на Босфор, или да се врати на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веќе е осум саатот, а неа ја нема. Дали се вратила? Да не останала таму да учи?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откако тој се врати од болницата во својот виенски дом на улицата Шонлатерн, секое утро излегував од дома велејќи дека одам да читам во библиотеката, оставајќи го зад себе префрлувањето на мајка ми дека моите врснички по цел ден остануваат дома а излегуваат само со своите мајки, или некој друг повозрасен член од семејството, за да не си го нарушат угледот кај договарачите на бракови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А и наредбите од републичката власт, засновани на партиските директиви, беа генерално јасни: козарите, мора да се прифатат во градот, по никоја цена не смеат да се вратат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Би можеле со своето жалење да ме подмамат кон приврзување што значи дека би посакал да се вратам во својата мрша, што фала богу е невозможно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се притопори Јон и лут - костен, се врати дома. И една недела не ми проговори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тешко-нетешко, јас како Македонка решив да се вратам со анализите, многу длабоко во историјата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога се вративме во Њујорк, ни се јави Џон и ни кажа дека го стопирале проектот заради „морални причини“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Влезе, ја допре скалата до шупата и се покачи. Лесно го дофати парчето и се врати дома.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го чувам неговото пусулче. Еден вид признаница, дека реквирираниот автомобил, форд 35та, лично го рекверирал од сопственикот Семјон Иванович, за потребите на неговата единица, и дека на сопственикот на автомобилот, истоименуваниот, му го отстапил својот коњ, за да може да се врати дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе ме праша некој нешто, а јас ќе му речам: еве, сега се вратив од Костур.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Каква е таа жена со која тој толку години нема никаков контакт и кај која не мисли да се врати...” му рече таа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За тоа време тој беше казнуван неколкупати.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мачката тогаш со сите сили некако се врати на гранката истовремено устремена кон страчката, но страчката тогаш само потскокна на другата страна на гранката и пак се најде на сигурно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Асоцијативни тези: - и по петнаесет столетија Стоби е осамено и мисли на сопствениот расцвет; -носталгијата се зголемува пред свеста дека минатото не се враќа туку се обновува во нови форми; -човекот, Стоби, човекот; -барајќи ја одново втората половина на дваесеттиот век се наоѓаме во состојба во којашто се измешани старото и новото време; -мртвите жители на Стоби се билките и тагата, урнатините што ги прават убави и живи; - Стоби живее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По овие студови за само еден ден не можеле да отидат дури во Прилеп и да се вратат назад.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако добро се најаде, си се врати во своето дувло и го посматраше од зад една грмушка лесноумното кутре како талка и пати осамено.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Пруската победа ја исправа таа историска аномалија и им овозможува да се вратат во националната закрила”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
5. По две недели стасува писмото од Главниот одбор на НОФ: ,Гледај, бездруго да се вратиш, нѐ чекаат големи задачи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Митко и Сашо се сами дома. Мајка им е излезена и нема да се врати до вечерта.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А кога таткото се вратил од печалба, и сиот уплакан од жал по момичката, зашто лошата жена му изнакажала лаги - дошла мечката и ја вратила момичката жива...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Втасаа и другите аскери, та и чаушот; го распраша кај оди, и кога чаушот го позна кој е, го пушти со заповед да се враќа побргу, да не замркне во планината или да не ги најде комитите, та и тој да стане комита.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Постојано мислев на дедо ми, кој, како што рече татко ми, „се враќа во своето детство“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По малку време му се врати храброста и направи неколку чекори напред, но пркосно, како да им вели: елате да ве видам што можете да ми сторите!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се сети на зборовите на брат ѝ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И ќе умрат додека да се вратат од каде што ги носат, ако се вратат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По истекот на овој рок, ако жалителот не достави податоци за сметка, средствата се враќаат во Буџетот на РМ (чл. 36-б, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Ќе се видиме кога ќе се вратиш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А си се пораспашала малце да и поистресиш б'ите, ете ти а некоа чанта, се враќа од градините, ќе ти се истресе и ќе те затече распашана; ја некој косач, гумнар, жетвар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не ми се лути нешто, си велам и се вратив да ги побарам, да се простам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но Славчо немаше каде. Се врати повторно да живее во онаа негова куќарка зафрлена во трапиштата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тогаш Анѓеле што ќе прави на тоа парче земја, оттаму како ќе се врати ако не го примат?! (Потонува во мисли).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Една вечер се вратив порано од работа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Смер-на см'р... стрм-на смр...  Сенка на нешто кое на фотографијата се гледа надвор од неа: сенка без човек човекот заѕидан сенката осакатена и заборавена доволно за да не престане да се враќа секогаш од кај слепиот агол!  По не знам кој пат!  Енигма Жолта пеперутка на црн ’рт.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога се врати дома, по сфатката со Дамческите, за да се успокои, не се качи горе, во харемот, туку нареди да му постелат под црницата и таму да го услужат со татли кафе, локум и студена вода а потем заповеда и Коранот да му го донесат тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Биди што си каде и да си Понеси го само товарот на твоето срце И врати се кога сите земји Ќе ти станат татковина Махмуд Дарвиш Нашите средби се само збогувања на крстопатите на зборовите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се вративме во Ставрос, во најголемиот ресторан на градот, на браќата Калидиоти, на самото градско паркиралиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оди, се враќа, молчи и таи, а во него сѐ понапред избива потребата и го гори, да каже кој е и што е.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Станавме и се вративме кај огнот пред колибата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пеш ќе се вратам до дома. И јас, исто така.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога сега се отвори вратата, тој само ја сврте главата, виде дека доаѓа Бошко Манев и пак им се врати на своите мисли.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сега се чувствувам како птица која се вратила во своето јато.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Што мислиш дека е паѓањето ако не незнаење дека сме во Рајот? – Розата може да се изгори – предизвикувачки рече ученикот. – Сè уште има оган во каминов – рече Парацелзус. – Ако ја фрлиш розата во жарот, би поверувал дека изгорела и дека пепелта е вистинска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Горе се виде, ја украдоа дарванската вода, и никогаш не ќе се врати“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, сите се прашуваа дали ќе најдат работа кога ќе се вратат во својот крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас сега конечно ќе се упокојам, ќе спепелам и ќе се вратам во утробата на земјата од која бев создаден.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Истата година, од логорот Дахау, се врати генералниот секретар на КП Грција Никос Захаријадис.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако ѝ рече да си оди, таа ќе се врати, зашто и Амдие, Разие и Селвие трчаа по неа да ја прашаат што да прават со сланутокот, или дали е арно ралата, плуговите, дрвените лопати за веење, вилите, греблата и срповите да стојат на истите места како и порано.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пак ќе се вратам во кривиот ќорсокак и пак ќе се судирам со Баждера, со агентот и со сивите жители.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Откритие Зоки Поки се врати од летување. Додека стаса дома тој сѐ трчаше по улицата, трчаше по скалите и така трчајќи се втурна и во собите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Штом ќе ја заклучи, се враќа во собата и оди до прозорецот и гледа на улица.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Шака не е. Нови берданки за по три лири кој ти дава?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Има среќа Пеличка, си вели во себе баба Перса, а Пелагија е принудена да се врати во годините наназад и да стигне до она ритче во средината на селото Долнени од каде се гледаше куќата на убавата и питома учителка со мал дефект на едната рака, која, заради ујот на Ангелина да расипува животни радости, не му стана жена на младиот претседател на селскиот Одбор!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И кога тие се свртиле да си одат и кога стигнале до вратата, повторно ги викнал да се вратат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие фатија „трговија" со полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки, а потоа продолжија со „трговијата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На децата прилично им се допаѓаше па ја задржавме. Беше одлична готвачка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се враќа мачното и, во исто време, херојско копање, борбата со длабокото и темното долу и во себе, победата и славата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но затоа, штом се врати од болницата, на четвртиот ден, ѝ испратив песна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А на крајот, што да ти кажувам, никој не се врати!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одеа цел ден по трагите нејзини, кои некаде се гледаа, а некаде се губеа, дојдоа до албанската граница, до местото каде што префрлила во Албанија и се вратија назад. Утредента не отидоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сакате да го цицате селото. Тоа да ви биде крава музара, но да не се вратите во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нека бидат делливи, да не би да се вратат назад и да станат повторно она што биле: едно, цело, совршено солило андрогино море- копно...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
— Ќе а истутнеме зимата со овој човек,— се тешеа сите полчивци кога слушаа што се прави по другите мариовски села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И дури сега реши да го бараш? - Па, чекав сам да се врати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неговото особено сетило веќе никогаш не се врати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе прецапа, ќе види колку е длабоко и пак ќе се врати. По мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога веќе примрак се вратија во шаторот, додека Геро, Евдо и Ване ја растовараа и ја сместуваа опремата, возачот беше наложил оган и ги чистеше рибите како да превртува чорапи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На лицето да му дари ведрина, да ја сокрие очигледната промена и барем за миг да се врати на „онаа Јана“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе се вратиме сакам и ти да го запознаеш. Сигурно ќе ти се допадне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
XIII Кога децата се вратија кај комитите,тие ги пречекаа како ништо да не било.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Малиот се врати и седна пак на својот стол. „Јана не е дома. Еве ти ги твоите златни копчиња и оди си.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се врати со својата кадиска диплома за старо шеријатско и модерно право, беше едно време судија на албанската монархија, на крајот адвокат во Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
4. Кога се вратив на планината Рамна, Никифор Абазовски не го најдов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пците ги осетија стапките и потрчаа кон нив, но тие се затаија и пците се вратија назад, лаејќи на ветар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па, нели постоеше реципроцитет? Дека давањето еден ден ќе ти се врати, поврзано со она: „Ќе ожнееш колку што си посеал“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И кога се вратив, во нашата стара куќа во која Мајка си ја беше вгнездила осамата во залезните години на животот, со насолзени очи, по неколку дена ми рече: - Сине, Бог даде да се вратите живи и здрави од туѓина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како оловен ѕвон му се вратија зборовите: ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе се најде со семејството во егзил во Либан, каде што за првпат ќе го разбере значењето на зборот татковина, потоа на зборовите, војна, бегалци граници, чија реалност ќе го следи до крајот на животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Трајко си отиде на колибата за да се врати по две недели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некој од вас може дури и да рече: Слуга Господов а не слушнал за вампири, не слушнал за убавицата луда Мара, што пред две години во Зреновскиот вир скокна и повеќе не се врати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наздравивме, се напивме и се вративме назад во нашиот вагон.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Брат ми се врати по неколку дена, истиот каков што си го знам, само ми се виде поубав и поголем.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ракописот беше спокоен, како со него да беше испишана едноставна порака, известување дека излегла од дома, и наскоро ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си се вратила лисицата, си ја собрала рибата, си ја однела у колибата таму, си ја наредила на таванот. Ѝ се родило лисиче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пред вратата, на излегување, Васе се врати и на креветот ѝ остави неколку праски што му останале заборавени во чантата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чаушот се врати: Санџак-бегот вели да си одиш! Имаш друга работа и овде не ти е местото!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога се повратив, што се вели, кога ми се врати плавта, пред мене го гледам целиот иследнички штаб.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе замине и ќе се врати качен на коњ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но Руса не се врати дома, кај своите; горе, над куќата Дамчески, на падините на Горник, си направи колиба од рошки и од ’рженица и тука се настани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дедот Јован направи „ногу ви години ефендии", но место одговор од ефендиите, го пречекаа селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знаат да зацелеат, како ни една друга животинка а нема да ти се вратат в раце, тие големи самјаци, сè додека се во состојба да направат барем уште еден чекор потаму, а ти оди ако сакаш по нивната крвава ораница со денови, со недели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе се вратите, о, одново ќе се вратите вие зашто сонцето веќе се симнува меѓу мртвите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И со денови чекаше да се врати птицата, да го побара. Да снесе нови јајциња, да испили пород. Чекаше, но таа не се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Си го жалеа само оној свој црвен лав на сонцето на тоа свое лето, што беше готов во тревите, си ја жалеа својата смеа, која што не им се врати повторно. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лежев на болничкиот кревет, со рацете на стомакот, и гледав во белиот таван над себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што барам, вели, кога не можам да се вратам на гомното свое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Н се врати на терасата. Го изгледа изгрејсонцето сам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Според интерниот партиски договор, кој своевремено му беше дискретно пренесен и на Чанга, козите требаше да се вратат во селата, таму да се заколат, или овде, во градот да им се отстапат на народните мензи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- А можеби тој, што ја оставил, не можел повеќе да се врати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Турската кујна денес во светот останала позната по многубројните ориентални специјалитети и кулинарска вештина, оставајќи длабоки траги во готвењето кај балканските народи, но и во лексиката со богата турска кулинарска терминологија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бегството на кралот Петар II и југословенската влада во Велика Британија (јуни 1941) им давало надежи на истите дека со британска помош ќе можат да се вратат во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ни малку не беше одушевен од предлогот, па повторно преку куќниот состанок ѝ дозволи на Рада да оди. Ѝ даде само два дена за да оди и повторно да се врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оној што предложил да се вратат, да му се покорат на претскажувањето, можел од помладите да биде закопан со мртвиот: сам нека се врати, со ластегарка ќе му помогнат да побрза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
В село не му држело да се врати и избегал преку море.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што туку си се разврескал! – му се вдаде тетка ми – каде си пак ти толку долго?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се исправив кога површината на реката се ослободи од жолтите и црвеникавите дамки и, бришејќи ги со влажното теме ѕвездите од чад и замагленост, му се вратив на градот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Тогаш требаше да го спречам чедоморството и да ти се вратам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повторно му се вратила сликата од фронтот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се погледнаа така и се вратија по топчињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Пролет е“, се обиде да ми објасни. „Ќе ни се вратат штрковите во големи јата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За тоа време, скриена од светот Горда го родила детето и го оставила да го чуваат јабанџии, ветувајќи им дека наскоро ќе се врати да си го земе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го послушала врабицата и си се вратила кај врабецо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ми рече да се вратам по другиот пат и дека по пат ќе ми кажува.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Да му се врати шапката на дедото!“ - помисли веднаш потоа, но ни шапката на дедото не се врати.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
По југословенско-советскиот судир кон крајот на 1948 година и нарушувањето на односите со Југославија, младиот брачен пар, во знак на патриотизам ќе се врати во земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Современата уметност ја нема катарзичната улога поради едноставна причина што современите уметници не прифаќаат дека постојат „нормални” наспроти ненормални човечки услови; дека постои некој општ морален закон кому можете да му се вратите од абнормалноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако се вратат, ќе појдат и тие по реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нејзината непопустливост го принуди да се предаде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На денот на празникот на манастирот, од Солун достаса стрикото Онисим и без да заобиколува му изложи дека треба и зошто треба веднаш да се врати во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Само троа капнати се вративме- велеше Митре Бојков.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Успеав некако да се соземам, иако малку ми се вратија емоциите кои после еден месец се чинеа толку далечни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Те остави тебе млада, мене да ме родиш... А дома не се врати!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Ајде, брзо, брзо, другари! - викна Горјан! - Дури не се вратил Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но чевлите не би биле верни ако, по долго талкање, не се вратат дома сами, како верни кучиња, и ако едно утро не ги дочекаат стопанинот пред сопствената врата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ЕВТО: Еден ден нема да се вратам дома, нешто да не се случило.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како било, нели жив ми се врати човекот, петпари не давам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ѝ помогна да ги внесе столиците под тремот, ја седна таму и се врати назад за да ги стави рацете на управувачот од косачката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја избришав и ги ставив сомуните да се печат и избројав дваесет и еден леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во неа Минотаур избира да остане во лавиринтот во кој е затворен: „Едно попладне“, признава тој, „излегов на улица; ако се вратив пред мрак, тоа го направив поради стравот што лицата од обичниот свет го предизвикуваа во мене“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жените ја пожалиле и ѝ се вратиле на својата болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се вратив повторно в кревет, легнав, но не можев веќе да заспијам.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Според Бојс, виталната топлина, инхерентно духовна, била извор на полноти­ јата на телесното и духовното постоење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се исправив кога површината на реката се ослободи од жолтите и црвеникавите дамки и, бришејќи ги со влажното теме ѕвездите од чад и замагленост, му се вратив на градот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но да се вратиме на основното: за да може барем правно да ни се одврзани рацете да можеме да работиме, јас барам да ни се даде прецизно толкување на Протоколот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нам ни остана само клучот од куќата, во врската со други­те клучеви од напуштените куќи, при преселбите, со пустата надеж оти ќе се вратиме во нив пред да ’рѓоса бравата на заборавот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Полека говорел за да може да го разбере по движењето на усните што сакал да каже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му вели да стане да се напие вода и да се врати назад во креветот продолжувајќи да спие.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еднаш мојата мајка се врати предвреме, и се загледа во цртежите наредени по масата, столовите, шпоретот, покрај прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Распустот се сврши и јас се вратив во интернатот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Царот бил умен и на момчињата што имале по шеснаесет години, колку што требало да има и неговиот син, им го поставувал истото прашање: - Колку богатство би сакале да имате?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Погледот му се врати повторно врз хартијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сонот ми вели брзо ќе ми се вратиш, брзо...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тогаш собрав поголема група млади талентирани и амбициозни луѓе, ги пратив на специјализација во најпознатите скопилишта по светот и кога се вратија целиот народ го подвргнав на скопување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се вратија дома. Уште од портата чичко Тале викна: - Каде сте? Цревата ми кркорат од глад! - Еве, - одговори старичката - ти ја носиме баба Наца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Имено, поранешни вработени на високи позиции во „Порцеланка“, а меѓу кои имаше и членови на првичниот синдикат, заедно со политичко-партиска логистика, извршија проневера не овие средства, за што подоцна некои од нив беа и кривично гонети, па дури и осудени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А чупалето, и тоа навистина беше небаре царско, небаре вистинско цариче, сето облечено во коприна и бело на лице, го остави кај нив, за ако не се врател да си го земе татко ѝ, тие да го пораснат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги наполнив зембилите со остатоците од храна, наполнив еден бинлак вода од Езерото и среќно се вратив кај вас, во куќата на баба ви. И така, деца мили, уште еднаш се разминавме со смртта...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам во кој век и ден, во кожата на некој друг, сме ја доживелае или сме ја слушале прикаската за ковчегот на ветропирестиот Демофонт што му го подарила жена му на Филида да го отвори по една година од неговото одење на Кипар: кога ќе ја изгубиш надежта дека ќе ми се вратиш, ѕирни во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мора да се врати на легало, вели, мора да се растовари. И чекаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Лири се враќа од експедицијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој не сакаше да се врати, И после стана пеколот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш Татко брзо се врати од својата библиотека држејќи го во рацете Куранот отворен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
ЛУКОВ: Не мислиш сигурно јас да останам невооружен, кога ќе се вратат од акцијата?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе се пресрамам и ќе се вратам од кај што сум дошол.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се вратија, му рапортираа на командантот и застанаа во редицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш Царот му порачал на својот зет дека грижата за неговите деца отсега ја презема царската куќа а тој треба да се врати таму од каде што дошол.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го видов Перета Катин. И тој беше застанал и гледаше во мене. „Вода“, викнав. „Се врати водата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Морам да се вратам во војска.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Синот пак на чергарите кој бил кај царот, зборувал: „Да имам дрвца колку убави вретена би можел да направам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќе срипаше од постелата, ќе свикаше не баре му дошло крајот, а со крикот ги будеше и соседите кои знаеја дека Сане се одлепил од земјата, го изгубил здивот и оти ќе му треба долго време на земјичката да си се врати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се вратив да продолжам да копам. Копав со раце и нокти. Ископав само една малечка дупка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јаков Иконописец останал сам, врел и во оклоп на модрици, наеднаш безимен и бутнат на некое дно на кое само месото ја памети својата болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По можност да не се врати до вечера.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Митрополитот читаше од евангелието и зборуваше за земниот прав на секој човек што мора да се врати во земјата, но и за душата која полетува сега кон небесата, за да ја добие таму заслужената награда или казна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама ни дојде убаво од тој ликерот и се вративме да испиеме уште по едно чоканче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А се сеќаваше на многу вакви прогонувања, и со оние помалите вепри, знаеле да се протегнат во бесконечност, од која најпосле е тешко и да се вратиш дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја сокрива ракијата и се враќа кон стражарското место.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
8. Ѕвездочетец се врати од далечно патување по небото И според ѕвездите претскажа Дека уште многу години и уште многу пат ќе траат скитањата.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ги ослободил очите од тешките клепки начичкани со невидливи боцки на недоживеан замор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој стана, јас се приближив до него. Си ги допревме главите кај слепоочниците. Крвта удираше во крвта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има долга приказна и долг пат, не се гледа дали ќе се вратиш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ќе видите и - ќе се вратите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ѕвездите станаа посветли, штурците погласни кога го испратија него и неговите визии: спокојните и сонливи жители на Нојовиот ковчег без страв минуваат крај неговата празна соба, Мануш и Јанкуло му се враќаат покајнички на заборавениот бог Мирон, тој - стои на сред ринг и бесмислено се клешти кон публиката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)