се (зам.) - воспостави (гл.)

Ми беше раскажан случајот со една англиска подморница, која неколку дни во 1943 година била сметана за загубена, зашто со неа не можеле да се воспостават три дена никакви радиоврски.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Диктатурата не се воспоставува за да се заштити револуцијата; револуцијата се крева за да се воспостави диктатура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, идентитетот мора да се воспостави на многу повисоко ниво, зашто човекот не е роден да живее сам!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мора да се бара врска (релација) помеѓу нас и групите, а со соединување на тие групи со различни интереси и желби, да се воспостави држава, како институција која ке управува, ќе ги води групите до остварување на нивните интереси.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Природно е поради тоа да се воспостави математички знак на равенство помеѓу времето и поезијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Според условите на примирјето Бугарија требало да ја напушти Македонија и да ги задржи Струмица и Пиринска Македонија т. е. како демаркациона линија да се воспостави старата бугарско-српска граница од 1915 , пред нападот на Бугарија на Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со тоа македонскиот (јужен) фронт бил ликвидиран.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За волја на вистината, треба да се истакне дека во Тунис со Уставот од 1959 година се воспостави повеќепартиски систем, но почнувајќи од 1963 година, фактички постоеше само владеачката Уставна социјалистичка партија (поранешниот Дестур и Неодестур).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бургиба на надворешен план 20 години пред египетскиот претседател Садат, ќе се залага Израел да биде признат од страна на арапските земји и да се воспостават дипломатски односи со него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Маргина и во иднина ќе настојува да обрнува внимание на некои ретки понеобични нешта во нашиот медиски простор, и плус ќе настојува прво да се воспостави соработка меѓу тие пар слабички и по многу нешта инфериорни „независни“ медији, а потоа таа соработка да се одвива во насока на многу поголем префесионализам, на многу поголема одговорност за изречените нешта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Потребни се големи напори за да се воспостави контрола, многу знаења и средства за менување на застарени и нечисти технологии, за филтри и тест - апарати.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога еднаш индивидуата ќе се воспостави себеси како религија, држава, корпорација, информациска мрежа и невролошки универзум, неопходно станува да се воспостават персоналните еквиваленти на одделите и бирократските операции што ги извршуваат овие задолженија. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 47
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа значи формирање приватни сојузи, формулирање лични политички платформи, водење на сопствени внатрешни и надворешни односи, воспоставување пазарни политики, програми за одбрана и сигурност, образовни и рекреациони настани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)