-Матвеј - мутно гледајќи го изговори старецот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
-Сања... -Да не бевте вие, уште одамна ќе се обесев, богами - се вознемири самоубиецот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И козите и луѓето се вознемирени и се во потрага по излез.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Добитокот се вознемири уште повеќе. Кучето подивено залаја. Тоа ги раздразни волците. Близината на пленот ги повлече напред.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А ти не мораш да му придаваш никакво значење.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-Или не ми веруваш? Само ти пренесувам обичен лекарски наод!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А за колкаво значење станува збор? - се вознемири таа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој можеше да излезе накрај со опасноста на здодевниот сомнеж, без да се вознемири.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Стреперив сиот зашто и по третпат очекував да зафучи студеното ветре околу моето срце и да се вознемири стаената темнина во моето сеќавање, во кое се беше счучурил, уште со првиот поглед.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Како тоа - се вознемири Алхен, - а органата? - Знам, знам, вокс хуманум. 176 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не стигнаа стариците темелно да ја пробаат кашата, кога Јаковлевичи заедно со Емиљевич, голтајќи ги своите порции и подждригнувајќи, станаа од масата и отидоа во кујна, во потрага по нешто за јадење.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Зашто, - праша тој, - во вашата кефирна установа инвентарот е толку оскуден?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ручекот продолжуваше. Стариците се вознемирија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Зборот „врати“ како да го прободе нејзиното срце, се вознемири, свеста ѝ се разбранува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Петар се вознемири, седна на најблиската клупа и го отвори писмото: „Најмил мој, денеска татко ми откри дека се гледаме.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Се раскомотив малку и се покрив. Барав нежно да ми пријде, а тој ја затвори вратата, ја заклучи и го зеде клучот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас се вознемирив зашто веднаш ми беше јасно што наумил.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Одеднаш целата улица се вознемири.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Штом сфати дека се загубиле, Кетрин многу се вознемири.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Народот се вознемирил, се запалил од него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Птиците што се засолнуваа во неа, се вознемирија; кружеа околу црквата, гракчеа панично.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Конечно сакаше да стане и Трим Тоска. Силно се вознемири.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Времето пак се вознемири. Се вестеше бура.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во случајов бев убеден дека натрапникот од предмалку никогаш се нема соочено со проблеми слични на моиве.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа и некој чудак, кој шета во близина, или пладнува во својата мирна чувствена градина при случај на отворена врата наеднаш ќе се вознемири и притоа неосновано ќе го оцени нашето однесување како недопустливо.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ние на факултет имаме историја на Англија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Братучед ми сигурно се вознемири затоа што шепотот му прејде во тивок, од нервоза растреперен говор: - Не сум стоел јас кога сум мочал, тоа... - не успеа да се доискаже бидејќи тетка ми го прекина со едно гласно „шшшшшт!“ па братучед ми повторно повтори со шепот, како претходно да не го слушнале.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Последниот, најголем бран препотување го добив кога веќе завршивме со обилната вечера и сите седевме врз столовите, офкајќи од прејаденост.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Поради тоа, тој се обратил до Форин офис, со цел истиот да се ангажира околу проверката на веродостојноста на тие гласови и да направи анализа "за начинот на кој Советската влада" ќе ја спроведе својата замисла.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој, пред сѐ, се вознемирил од „развојот на настаните, кои ја покажувале намерата на Советската влада за доминантно влијание на Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Шишман се вознемири, но не можеше да не послуша.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Американецот забележал дека се вознемирив од пораката.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)