се (зам.) - воздржува (гл.)

Тој што се воздржуваше по победата, можеби е вистинскиот победник, размислуваше татко ми, поттикнат од случајот на Чанга и козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше јасно дека козарите нема да отстапат ниту чекор. Партискиот секретар беше бесен, но се воздржуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- А ти мислиш дека човеков е сега дојден, - ми вели таа мене ставајќи ми на знаење дека роговите сум си ги имал на главата цело време додека поради верност сум се воздржувал да згрешам со оваа жена која со толкава љубов ми се подава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Посетителите доаѓаа, ги земаа предметите во раце, не се воздржуваа да читаат туѓи писма, се однесуваа поинаку отколку што е „редот“ на уметнички изложби. Маргина 35 151
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тогаш сопственото јас не посакува толку очајнички да се воздржува од своите одбрамбени трансцендентности.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И наставничката одвај се воздржуваше да не се насмее.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пукна вистинска експлозија, што ги зафати и машките.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Насетував како ми се полнат очите со солзи. Со сила се воздржував да не заплачам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„'Двојната Лота', наставничке!“ извикав. Сите девојчиња фатија да се смеат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нешто како да сакаше да праша, но се воздржуваше. Подобро да молчи и да гледа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грдан беше задоволен - и од домашното готвено, и од џепарлакот што му остануваше, а во сопчето и така беше навикнат да биде сам, како што уште се воздржуваше од пушење и од други скапи пороци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На секој приговор, има одговор: “Па, тоа е само претстава”, а вам желудникот сеедно ви се грчи и одвај се воздржувате да не го прекинете гледањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Фискултурецот дуваше низ носот и со крајни сили се воздржуваше да не ме отепа; ќелата му беше вжарена, како во џипот, под оревот, крај насипот со пругата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се воздржував да не писнам иако под клепките ме штипеше врелина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некои не се воздржуваа да земат повеќе јадење, за под перница, зашто кој знае, можеби ќе снема, како што се случувало во партизани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Џганот им дава оддишка на своите пориви, а ние се воздржуваме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се воздржуваме за да го сочуваме својот интегритет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние не го трошиме своето здравје, својата способност за уживање, своите сили: ние се штедиме за нешто, а честопати ни самите не знаеме за што.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ЛУКОВ: (Се воздржува, ги прави последните обиди да изгледа спокоен.) Туку што не дошол. Ќе сети по миризмата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Секако дека не може да биде толку добро, тоа вабење, кога на некои им доаѓа и така, што тие тешко се воздржуваат да не се разврескаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гореа од желба, но се воздржуваа предвреме да ги откријат изненадувањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој се воздржувал од сѐ и бил непушач, немал друга забава освен еден час дневно во вежбалницата, и бил заколнат на целибат, верувајќи дека бракот и грижата за семејството се неспоиви со дваесет и четири часовната посветеност на должноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако ќе попаднеше во канџите на Партијата, тоа што човек го чувствуваше или не го чувствуваше, тоа што го правеше или се воздржуваше да го прави, не менуваше ништо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со воведувањето на оваа одредба, намерата беше да се спречи штетната транзициска практика, но реалните ефекти беа незначителни – бидејќи судиите се воздржуваа од изрекување на оваа казна којашто, според нивните мерила, беше сметана за „драконска“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се воздржуваше... колку и да беше силна Партијата и власта, си беа поврзани, роднински, пријателски, кумовски, сватовски и со други односи. Не отстапуваа лесно од овие врски. Јагулче добро го знаеше сето тоа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Знам дека се прашував, бидејќи паметам дека лично се воздржував од каков и да е одговор, иако далеку во мислите наслушнував нешто како шепотење од кое можев да сфатам дека на ниту еден настан не може да му се стави точка и да се прогласи за звршен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гласот малку ѝ трпереше, како секогаш кога се воздржува да не покаже дека е лута.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се воздржуваа да си предложат да потрчаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сопственото прашање му стана смешно така што одвај се воздржуваше да не ја изгуби сериозноста од лицето со која го постави прашањето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа на Едо толку ми се допадна што одвај се воздржуваше да не се насмевне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А јас не трпам шпиони – ѝ одговорив уште погрубо. – Ти си ме шпионирала, сè си слушала, сè си гледала, инаку од каде би можела да ги знаеш сите тие нешта за мене? – одвај се воздржував да не збеснам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Јас како си поминав! – свикувам и чувствувам дека ми надоаѓа лутина, ама се воздржувам за да не го расипам „дружењето“. – Што имам јас да си поминувам, знаеш како е, во школо, од школо дома, учење, малку телевизија, малку со другарките, легнување, пак станување, па во школо и сѐ така, сѐ исто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И јас сум била некогаш на твои години – ми одговори мирно таа и одби да го продолжи разговорот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)