Надвиснати над неа, над тутурката, главите на сојовите отпрвин ништо не разбираат, но после, откако ја препознаваат Потковицата, и зашто ја гледаат нарисувана, силно се возбудуваат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од Витолишча со педесет души аскер е в село? — му рече Митре на Илија и почна да се возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии: како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек — пред Организацијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И сега, ете то, го теши Митрета и му го изложува својот план: — Каде е на конак аскерот? — Долно маало — одговори Митре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако си среќен во себе, зошто би се возбудувал околу Големиот Брат, и околу Тригодишниот план, и околу Двете минути омраза, и околу сите нивни глупости?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Знаеше дека такви траги оставал и по ѕидовите додека се качувал и не се возбудуваше.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Гледање настрана и свртување назад веќе е глупост и само глупост, - се возбудува Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И тој се возбудува и се сили.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Ама, Хана, не се возбудувај, те молам, јас навистина не мислам да те вознемирувам, па ова е само детска игра, мантика, еден вид социјална забава.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Бев сигурен - се возбудуваше, сеедно што читав негде од средината на оваа книга без почеток и крај.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Каков живот”, рече таа мавтајќи со чашата пред екранот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Филмов го имам гледано шест пати“, рече таа борејќи се да го контролира својот глас, „и секогаш се возбудувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Каков совршен живот? Зарем не му завидуваш?“ Не му завидував.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)