Речиси се влечкавме накај дома, со рацете длабоко потпикнати во џебовите од кусите панталони.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
— Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, — пак се провикна кајмакамот и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се приближи, им ги покажа луѓето што идеа: — Го гледате Толе Паша на белиот коњ?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Да се аскер, не се аскер. Сигурно некој башибозук од Џемаилбег од Агларци, — им проговори на другарите и сакаше да даде заповед на војводите да ги соберат четниците и да се истават повнатре во гората дури да фати мракот, па потоа да се влечкаат некако кон исток.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Трчаше пред аскер бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите, башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како аскер, се влечкаше тромо и, спротивно на офицерските желби, не сакаше да влегува во борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И Бахтијар нареди узбуна во маковските ливади та и тој тргна со своите две илјади Анадолци кон Маргара, со таа разлика што тој беше поблиску, та уште в зори се најде под самата чука.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога се дигна димот, во дворот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На крај се влечкаше Ване, како последен член на екипата или асистент на асистентот - снимател, постојано префрлајќи го акумулаторот од еден на друг колк, зашто ременот на акумулаторот, колку и да беше широк, му ги жулеше и двете рамена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Пред летувањето, отромавени, се влечкавме како на нозете да имавме чизми; кога ќе се расипеше лифтот, се качувавме по скалите со мака, тешко дишејќи; зјапавме во отворениот телевизор, голтајќи огромни количества кекс, потоа исцрпени, заспивавме со свртени грбови, веднаш...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Книгите се влечкаат по подот, чинијата со кикиритки чмае во библиотеката.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А празнината ќе продолжи да се влечка по тебе како празен ракав.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Уморен, броејќи ги чекорите тешко се влечкаше како претепан пес кон трошното куќарче, пикнато во строгиот центар на градот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нешто се влечкаше по земја и сите шумови брзаа да стивнат и да се разбегаат од страшното дишење на пустината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се влечкаа нозе по подот, завревија во хор возбудени гласови, засолнет зад розикавата завеса на клепките, Арсо претчувствуваше дека веќе дошол редот на претседателот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој се влечка на колена и непрестајно ја движи десната рака, сипајќи ги ударите во просторот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Лишен од волја, од желби, празен и опустен, се влечкаше час во минатото час во сегашното.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само ги стегам забите и лазам, се влечкам, се закрепувам на камчињата, на мракот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Трчам, се влечкам, ја вадам главата, ја поткревам ко желка од под корупка. Ебати главата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Козата ќе вреска, ќе клоца, а ние ќе се држиме за козината, за вимето и ќе се влечкаме низ шумата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се лизгаме на шумките, се сопкаме на треските. Се влечкаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така се влечкаме надолу, се дргастиме. Слегуваме и се бориме со Капинка низ шумата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јасно беше дека таа каса е плод на генијален самоук но, сеедно, можеше да му донесе на Мануша непознати маки иако тој со години мрзоволно се влечкаше по зафрлени браварски работилници.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога видов дека има уште многу од патот се разочарав, останав уште малку да размислам, бев малку заморена бидејќи се влечкав по стомак, а торбата со преврски и другата опрема речиси не ми беа ни потребни зашто само ме изнамачија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас повеќе се влечкав седната, беше многу стрмно, кога слушнав како чичко ми вика: Бошко, Мила нека се врати назад и некако потоа за час го снема.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Еден од нишанџиите упорно ме следеше, но никако не можев да видам дали има излез, некоја друга врвица.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Веста бргу се рашири, дојдоа од градот, од власта, се собираа луѓе и од други села и веселбата сѐ повеќе и повеќе се зголемуваше: се пиеше, се јадеше, се колеа јагниња, прасиња, се влечкаа бинлаци со пијалок од куќите, се тркалаа бочви со вино по сокаците; ечеа свирки и песни, клокотеше селото.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таму, зад карпите од другата страна на планинскиот порој, малечкиот Иво, бојаџијата од Шилиговец, кој беше од почетокот член на групата префрлена зад грбот на непријателот, и речиси веднаш погрдно именуван за шептач на смртта, трипати се влечкаше да ја наполни со вода матарката на Раде за да му го излади челото.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но тие поминуваат покрај привлечно уредени излози, па подзастануваат да ѕирнат, среќаваат кученца, па не можат лесно да ги одминат, си купуваат мастики, семки... Со еден збор, се влечкаат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Бегаме назад и се влечкаме по мев: ни се кинат колената, ни се гули кожата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се влечкаат по мев, ползат по снегот, по блатиштето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Карабинерите ја влечкаат Гајта, а по Гајта се влечка мајка ѝ.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се влечкаме, се пореваме, замаени од чистиот воздух што ни се стега во дробовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И се влечкам по мев, се враќам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја прегрнува околу колената, се влечка и плаче.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)