Стоиме на брегот на океанот и молчешкум запињаме погледите да ни се вкрстат таму далеку во родниот крај баш во домот на третиот ни брат.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Кога им се вкрстија погледите и двајцата знаеја дека сѐ уште длабоко во нив се крие жарот на младешката љубов.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сите тие светови наеднаш се вкрстија и се измешаа во една речиси законита точка, во земјата од онаа страна на огледалото, во Америка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Го здогледав уште она пламенче во тавчето со балкански гасови, го здогледав и видов како скочи и изгасна од догореност и во истиот момент српот и чеканот изгледа се вкрстија да го симболизираат чинот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Овде се вкрстиле повеќе цивилизации: на Каспијците, на Вандалите, на Феникијците, на Римјаните, на Византијците, на Арапите, на Шпанците и на Турците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Историјата на земјата започнува можеби осум илјади години пред Христот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не можев да претпоставам дека еден ден ќе ни се вкрстат патиштата во потрага по Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кочанската река е десна притока на Брегалница. Тука се вкрстуваат патишта кон Штип, Пробиштип, Виница, Делчево.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ти ги испратив тебе
поради твојот занесен изглед
небаре без престан посматраш
водени отсјаи
стари карти
кутии кои се отвораат
само пред сведоци
списи кои се даваат на реверс
саркофази врз коишто светлосните
зраци смртоносно се
вкрстуваат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Овој чудесен град, вистински крстопат на империи и цивилизации, народи и вери, град кој силно страдал во минатото, извишуван врз урнатините од паднатите империи, катастрофалните земјотреси, кој ги имаше задржано обележјата на западните и на источните царства, во кој престојувале императори и султани, се вкрстиле војски во светски судири, му се виде достоен за да започне во него да си ја ткае семејната судбина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)