Тие жилаво се вкорениле во многу зборови на балканските јазици!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако се вкорени така македонското „дело” во Бугарија, Македонците фатија да одат и во Србија и таму да им ја излагаат својата програма на владата и на српскиот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со тоа, жестоко се критикува идејата за секаков лингвистички пуританизам на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Разрешувајќи го духовниот живот поврзан со заедницата во која тој се вкоренува, Ренан на таа дефиниција за полнолетен човек ѝ додаде уште еден член.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во европската свест се вкорени комплексот на непобедливоста на елитата на жртвуваните ешалони на јаничарите со сите можни последици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нивното право на атеизам е загарантирано со член 37 од Уставот на Албанија според кој државата не признава ниедна вера и ја поддржува атеистичката пропаганда за да се вкорени кај луѓето научниот светоглед на материјализмот, а според член 55 од Уставот се забранува основање на каква било организација со верски карактер.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
113. Втората теорија, т.е. сите Македонски Словени се исто такви Срби како и Босанците, Црногорците итн. се вкорени во Србија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ќе го признаам и тоа дека во овие недела учествуваат и германски претставници; но тоа е само доказ колку длабоко овие опасности се вкорениле во германското народно тло и колку, од друга страна, е значајно против нив да се тргне во фронт.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)