се (зам.) - вклопи (гл.)

Другата е „отфрлање, значи убивање, на она што не може да се вклопи“.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Осмоаголните форми на црквата и камбанаријата многу успешно се вклопени во целата модернистичка архитектура, со која изобилува главната авенија на Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој ги изненади своите посетители со низа архитектонски решенија на објектите, кои на градот му даваат нова физиономија, која успешно се вклопува со старото и убавото на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како да сакаат да се вклопат во општото расположение, ракетните бомби сега убиваа поголем број луѓе од обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така овие османскотурски заемки, колку и да биле туѓи и многубројни во балканските јазици, доколку се вклопеле во граматичката структура на примателот, престануваат да живеат како зборови на давателот и почнуваат да живеат како зборови на примателот и како такви се покоруваат на сите граматички правила на тој јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа навистина погоди куп луѓе што сакаа да ги одржат старите стереотипи. често се прашував: „Дали тие луѓе кои си играат криенка воопшто се грижат за оние сиротички луѓе кои едноставно не можат да се вклопат во зададените улоги?“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беа во ред додека не те сретнаа тебе!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога клинците кои ги познававме ќе добиеја нервен слом или ќе извршеа самоубиство, луѓето зборуваа: „Гледаш! Ете!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ние сме во такво развиено опкружување со кое мора да се вклопиме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа младо курвиче разви свој центар. Се врза со Нигеријците, брзо се вклопи во студиото на Ема, соработуваше со Машкото друштво „Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но човекот во рамката веќе му се вклопува во мислите, пали во нив немир и жолч.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но нивното брчење се вклопува во мозокот и го дразни повеќе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури не бев ни сигурна што може да значи за мене смртта на Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислев дека нема да можам да се вклопам во тажниов настан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Присуството на гејови „во голем број е показател на културна подлога што е слободоумна и разновидна – а оттука и благотворна за креативноста“; тоа е и „знак дека местото е возбудливо, дека таму луѓето можат да се вклопат и да си бидат тоа што се“, дека таму „човечката клима“ е поволна и дека „квалитетот на местото“ претставува важна вредност за заедницата.12
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нервозата на свадбата произлегуваше од сето тоа: од една страна од стравот на Хана како ќе се справи со обичаите на нејзината нова заедница, од другата, со фрустрацијата поради изневерата на родителите, но и од стравувањето на Леон како нивната врска ќе функционира и конечно, од немата запрепастеност на неговите родители и роднини за тоа како ќе се вклопи дојденката во нивниот строг и скромен начин на живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој беше вистински шраф на големата машинерија на механизмот на владеењето во кој јас со мојот наивен ентузијазам можев да се вклопам засекогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби немаше сфатено, но со своето однесување тој идеално се вклопи во потрагата по задачи со кои требаше да се нагрби уметноста за да биде корисно употребена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во традицијата на балканските класици Луан Старова успева овде да оствари еден мајсторски потфат а несомнено ни резервира и други бисери од овој жанр: Времето на козите е само една книга од една трилогија, која, пак, се вклопува во еден уште пообемен циклус...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)