Ловот никогаш не се ветува, тој ниеднаш не треба да биде измислен, однапред, тогаш тој престанува да биде лов.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Страв
„Еднакви сме, луѓе сме, несреќни сме, брате
Харуне, ти памтење, јас белег“
М. Селимовиќ, Дервиш и смрт
Сличноста нѐ покоси како чума
Замижи, ајде, уште да те барам
Да бидеме течно бреме, вечна дума
Кога не сме среќни, а не несреќни
Во кој конак на времето ли те сретнав
Како да ти дојдам, кога ти се ветив.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)