В сенчести гранчиња тука кукајца се вести штом пролет ќе наближи само, таговно в пресрет и кука.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сигурно сега соновите им беа споени и во нив заедно ги следеа јагулите на долгиот пат, пред денот што се вестеше со новите неизвесности.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пекол, пекол се вестеше. Кутрите ние, кутрите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Токму во меандрите на тишината ги наслушуваше заканите кои се вестеа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За сите луѓе внесени во тајните како подобро да профитираат во тие црни и неизвесни времиња, овие занесени луѓе во патот на јагулите, во нивните виши цели, остануваа маргинални и неразбрани, неспособни да фатат вистинска пусија во расплетот на времињата што се вестеа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Езерото е како никогаш мирно. Се вести бурата што ја предвидува Кољо! - рече Татко, затворајќи ги ширум отворените прозорци од Мајка за да се проветреат книгите, како што велеше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)