се (зам.) - весели (гл.)

Тој ја наду гајдата и викна да пее колку грло што го држи, бидејќи целата таа радост се правеше за него и тој со полно право се веселеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Не, јас си ги претпочитам нашите, домашните, обичаи од дедо прадедо што си ги славиме, што ни се наше вчера и дамнина, што се наш белег и не прават подруги од другите - со роднини и пријатели, со слатко и водичка, со винце, мезе, печено и варено, седнати околу софрата, со песна народска да славиме, да се веселиме и на вигната, сред село, оро широко да виеме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Продолжи веселото друштво на масата да пие и да се весели, а јас овде продолжувам да го водам антисталинистичкиот бој како амбициозен балкански Дон Кихот со бункерите – ветерници и наредбодателите на нивните градители...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Извишено се наоѓам на средината меѓу нив и како божем играм, пејам, се веселам, толку сум среќен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Разнесените парчиња од институциите им паѓаат врз главите на луѓето, дождови од камења и арматури врнат врз нив, а тие се веселат а уште погласно извикуваат во мојата чест и слава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
9. Вечната борба на ноелемакот за преживување, ми правеше да се веселам на ова суштество и на неговата одважност да си земе име спротивно на камелеонот, и така да ме направи да изгледам паметна.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сега пријателите и роднините што го подржуваа Танаил во спорот, му доаѓаа на Танаил на честитање. Сега куќата од Танаил се веселеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нека беснеат... Нека се веселат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
ТЕОДОС: Не знам да играм...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Трогнат од неговите солзи за малку и сам да просолзи.) Песна!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ајде да се веселиме! Ајде да удриме на играње!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Животот ти е донегде како огледало: насмеј се, ќе ти се насмее, намурти се, ќе ти се намурти. Поарно да се смееме и да се веселиме!...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се гостеле, мрдале со уши и се веселеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
– „Ах, проклет да е тој саат, си велел сам со себе Силјан, кога им грешив на мајка и на татка, да ме втаса ваква клетва, бев човек сега и да си ги пречекав сватовите, и јас да се веселам како сите што се на свадбава.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сите млади коњарки беа дошле во дворот од Силјана за да ја гледаат радоста; сите се радувале и се веселеле; само Силјан штркот стоел на таткова си куќа омаудрен со главата в земи, од голема жал што му дошла, дека ја гледал од сестра си свадбата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И дури луѓето се веселеа и ја славеа слободата, стариот Силко шеташе низ бавчите, фаќаше светулки, ги држеше во раката и плачеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
1. КОГА МЛАДИТЕ СЕ ВЕСЕЛАТ, СТАРИТЕ СЕ СРДАТ - не затоа дека таквите веселби ги плашат, ами дека во тој ритам не смогнуваат да мрдат без коска да исчанчат ил' око да вџашат ...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сакам да кажам дека робијата е отмена работа, бидејќи човекот таму страда, зарем не, додека свеченоста во Неи е простачка работа, бидејќи човекот таму се весели. Таков е човечкиот живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Добро ли е?“ - вели сестра ми која ме знае како дишам.  „Добро е“, ѝ велам, „ќе даде Севишниот ќе ги врзам и нив, кутрите чедни души!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се весели и се игра, срцето да ти искока од градите, а тие наведнале глави и молчат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе јадеш, ќе пиеш, ќе се веселиш како нив. Кадијата ќе ти купи таками поарни од нивните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Санките беше отишле многу, многу далеку од лагуната кога од слабата точка на куклиното срце, излегоа зборовите: - Па, нека се веселат во чест на Нова Година.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Играа и се веселеа сѐ до пред зората, а потоа се разделија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И башта му учини праздник на пресвјатаја Богородица, да празднува момчето осм дена и да се весели.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- А како ќе се веселиме? - праша друга мравка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ние не знаеме да се веселиме - рече трета. - Ние само работиме - рече четврта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А тој гледаше што се случува и се веселеше во себе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)