се (зам.) - ведне (гл.)

Соња се ведне да го сврти листот од нотната тетратка и ме допира со косата...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Толку ми е милно од нејзиниот допир...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се веднеше за да собере некој овенат лист, или бубачка, или да откине некое гранче зафатено од лисни вошки, или да го собере ѓубрето околу коренот на растението ако се сомневаше дека тоа не се храни доволно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А потоа приоѓа и се ведне над легнатата во колата Огнена: - Немаш причини да приговараш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неколку жени возбудено се веднеа, се удираа по глави, шепотеа - неспокојни, разбушавени, збунети; беа собрани околу некого што лежеше наземи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се веднеше над црви а се сметаше за змиски цар. - За риби, објасни и не ја дигна главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стопанот не ја сфатил веднаш несреќата, Се веднел и безизразно се пулел во легнатото тркало - токму нему ли, стопаничина, му се случило најлошото!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поверувал дека некоја надеж му го измазнува лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден опцул, повеќемина му се придружиле - по таа двоколка на триесет и шест запреги им бил запрен патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа повисокиот тревар со тврди прсти му ги дигал клепките од очи и се веднел со шушкав здив над студените болки; сега и тој гледал кон волето на покојниот Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се веднеа под тежината на спуштеното небо над нивните ќулавки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Језекил имал многу такви денови, а неговото рамо било така сништено, што се чинело дека носи некаква невидлива неминовна копанка со малтер, под чијашто тежина се ведне, дури и кога поминувал по сокаците на селото, доаѓајќи си како туѓоземјанин, вратен од светот, со печалбата врзана в крпче, скинат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Што е ова? - Арсо се ведна над ќесето што го извади Патрокле од пазува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Онаков долгач, тој кога одеше потклекнуваше и се веднеше на левата нога.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Борис знае - во таа куќа е штабот; одговарајќи на бабиното прашање дека е здрав, добро облечен и секогаш најаден, се ведне кон нејзиното чело и ја целива.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа со шепот се ведне кон седнатиот партизан, како да ја чува тајната на своето прашање: - А ти, синко, од овчарите ли си?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не се веднам да ја отворам нејзината торба. А и зошто?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Луѓето се веднат и им се тргаат од пат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А него зошто не го тепаш? покажуваше кон брата си. Стариот се веднеше. Така.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мене оваа каменеста родница ме родила и овие стебла веќе што се веднат во кората моето име го чуваат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
А веќе се ведне за да ги задави своите корени и својата самотија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се ведне над восочен труп, распорен дрско и со еден замав. објаснува нешто на туѓ, одамна изумрен јазик, некакви формули и неизбежни правила, како догматичар на еден одамнешен век.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Како ни оково што не се ведне пред овој измамнички дожд под тремот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
ОБЛАК Се ведне тој над погледот и окото на светот облак голем како чудовиште сал сонот на земјата што го памети што секој час може да се истури во пределот на срцето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се ведна и помоли: - Милост, ефенди!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Бошко се ведна да го крене некако Мирчета пред да излезе, кога – здогледа како борината ја потпали сламата што беше наоколу и пламенот се шири.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошковица, офкајќи од староста, се ведна над огништето да ја врши работата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го зеде српот в раце и, готов да се ведне, рече: - Жено, оди наполни вода на кладенчето, па после да седнеме...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се чувствував непријатно, како да сум се замирисал од огромниот напор сѐ да изедам и некако да ги спречам цревата да ми бучат, а покрај тоа, кога се веднев да ги гушнам братучедите кои беа малку пониски од мене, во стомакот добивав болки како некој да ме боде со нож.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само одвреме-навреме се веднеа и го прибираа сметот; лушпите од портокал беа сосем свежи и Томе не додржа: „Ех, некој неранимајко поминал непосредно пред нас!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ја засеков гранката, се заниша таа и од тежината на моето тело почна да се ведне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Токму тогаш Шишман здогледа пред себе едно згодно камче, ама како да се ведне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зашто кога беа среде патот Шишман се ведна и пак си зеде камче. Не го стави во матарката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја откачи од појасот, ја истури водата, се ведна, зеде едно камче, го стави во матарката, ја заниша- камчето внатре тропаше доста тапо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Едо наместо да ѝ одговори, се ведна кон својата патна торба и го приотвори патентот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо се приближи, се ведна над моторот и виде дека разводникот е отворен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Вие сте не само во Македонија туку и до Љубљана познати“, ласкаво ѝ рече Едо и пак се ведна кон торбата од каде што извади шише вињак и го остави на масата кај кесето со кафе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Видовме како детето се ведне на страна, како го свртува коњот и работи нешто со рацете...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)